На штотуку завршениот Белградски интернационален филмски фестивал посветен на лицата со инвалидитет – БОСИФЕСТ, кој се одржа по десетти пат, шпанскиот документарен филм „Мозес“ („Moses”) на Лаура де Мигел (Laure De Migel) освои „Гран при“.

Жирито истакна дека „Мозес“ е исклучително силен филм, разорно емотивен, истинит и болен. Посебно е впечатливо што сето тоа е постигнато на едноставен и непрентенциозен начин во само 19 минути.

Наградата за најдобра режија ја доби Јасер Кајер (Yaser Khayyer) од Иран за филмот „Успореност“, семејна драма која низ филмскиот јазик се приближува на добро познатиот класичен ирански игран филм.

Наградата за сценарио и припадна на Фани Браунинг (Fanny Bräuning) од Швајцарија за сторијата на филмот „Патување – приказна за љубовта“, а специјалната награда и припадна на авторката Сенка Домановиќ за филмот „Право на живот“.

Наградите на затворањето на БОСИФЕСТ во Југословенската кинотека ги врачи претседателката на жирито Билјана Туторов.

Leave a comment