Филмот „Врба“ на режисерот Милчо Манчевски од 28 декември игра во Кинотеката. Филмот до пред неколку дена играше во скопските кина Милениум и Синеплекс, а се прикажува во киносалата на Кинотеката поради голем интерес на публиката.

По две проекции на ден, од 18 и од 20 часот, ќе има на 28 и 30 декември, како и на 3, 4, 6, 8, 9, 10 и 11 јануари. Влезот чини 100 денари.

„Врба“ светска премиера имаше на Римскиот филмски фестивал на 19 октомври. Филмот е во продукција на „Банана филм“ и е македонско-унгарско-белгиска копродукција, со учество и на Албанија, а играат Никола Ристески, Сара Климоска, Наталија Теодосиева, Ненад Нацев и Камка Тоциновски, покрај Петар Мирчевски, Благој Чоревски, Ратка Радмановиќ, Ана Костовска, Лазе Манасковски, Катина Иванова, Кире Ѓоревски, Адем Карага, Јелена Јованова-Периќ и други.

Leave a comment