Албанскиот државен филмски архив (AQSHF) и Кинотеката на Република Северна Македонија, ги покануваат сите љубители на филмот на ретроспектива на избрани филмови од македонската кинематографија во киното Агими во Тирана. Албанската клинотека избрае два филма на режисерот Столе Попов, краткиот филм DAE (1979), номиниран за Оскар, и СРЕЌНА НОВА ГОДИНА (1986), трикратен победник на Фестивалот во Пула – Хрватска.

Ќе биде прикажана и реставрираната верзија на филмот кој освои Златен Лав во Венеција, ПРЕД ДОЖДОТ од 1994 на Милчо Манчевски, додека пак крајот ќе биде украсен со програма од првите подвижни слики на балканските пионери, Браќата Манаки.

Во петок, на 15 ноември, ќе бидеме почестени да го прикажеме филмот кој освои две награди на Берлинале, ГОСПОД ПОСТОИ, НЕЈЗИТО ИМЕ Е ПЕТРУНИЈА. Овој петти игран филм од сценаристката и режисерка Теона Стругар Митевска ја раскажува приказната за невработена млада жена која мора да се бори за нејзиниот живот откако ќе ја смени традицијата и ќе го фати светиот крст пред цела толпа мажи. Актерката Зорица Нушева ни доловува прекрасна изведба во ликот на Петрунија, додека пак талентираниот албански актер, Џевдет Јашари, е претставен во оваа прекрасна и емотивна сатира како симпатичен телевизиски снимател. Ќе бидеме почестени од вашето присуство на оваа ретроспектива, соработка помеѓу AQSHF и Кинотека на Република Северна Македонија, на која ќе има многу изненадувања. Сите филмови ќе бидат прикажани со албански преводи во киното Агими, се вели во соопштението на Албанскиот државен филмски архив.

Leave a comment