Директор

Име и презиме:  Владимир Ангелов

Вокација:  филмолог

Професија:  дипломиран продуцент

Позиција: в. д. директор

Датум и место на раѓање:  12.1.1968 г., Скопје

Мобилен телефон: 078 / 460202

По дипломирањето на Факултетот за драмски уметности во Скопје во 1992 г., кратко време работи како продуцент во Вардар филм. Од 1995 г. до ден-денес работи во Кинотека на Македонија. Во 2017 е назначен за вршител на должноста директор на Кинотека на Македонија која во моментов ја извршува.

На почетокот на кариерата работи на рекогнисцирање и реставрација на македонскиот филмски фонд снимен во период од 1948 г. до 1953 г. Врз основа на елаборатот за заштита на овој фонд, Кинотеката на Македонија ги изработува заштитните филмски копии на овие филмови.

10 години (2006 – 2017) е одговорен за реализација на месечната филмска програма во киното на Кинотеката на Македонија и за тоа време реализира и соработува на голем број проекти што се однесуваат на прикажување на филмски циклуси од разни национални кинематографии, ретроспективи на автори, како и презентација на програми посветени на филмската класика, но и на современата кинематографија како на пример: АМЕРИКАНСКАТА ЛИТЕРАТУРА НА ФИЛМ, АМЕРИКАНСКИОТ ВЕСТЕРН, АМЕРИКАНСКОТО НОВИНАРСТВО НА ФИЛМ, СОВРЕМЕН ХОЛАНДСКИ ИГРАН ФИЛМ (во неколку наврати), СОВРЕМЕН ХОЛАНДСКИ ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ, РЕТРОСПЕКТИВИ НА ФАСБИНДЕР, ФАТИХ АКИН, ЈИРЖИ ТРНКА, ВИМ ВЕНДЕРС, ИШТВАН САБО, ИНГМАР БЕРГМАН (циклус „Ингмар Бергман и жените“), ЈИРЖИ МЕНЦЕЛ, ЏУЗЕПЕ ФЕРАРА (…), ГЕРМАНСКИ ДЕТСКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ (БУФ, повеќе изданија), РЕВОЛВЕР (презентација на современа германска продукција и списанието за филм РЕВОЛВЕР), СОВРЕМЕН ШВЕДСКИ ФИЛМ, ЈАПОНСКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ (десетина изданија), НЕДЕЛА НА СОВЕТСКИ НЕМИ ФИЛМОВИ, НЕДЕЛА НА ФРАНКОФОНИЈА, НЕДЕЛА НА НЕМИ ФИЛМОВИ, ПРЕЗЕНТАЦИЈА (во повеќе наврати) НА РОМАНСКИ, БУГАРСКИ, ШПАНСКИ, ИЗРАЕЛСКИ, РУСКИ (…) ФИЛМОВИ. Преку разни селекции и на разни нивоа соработува со Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ и во 2017 г. е селектор на една од програмите на фестивалот (Перспективи на европскиот филм); и Скопскиот филмски фестивал. Во 2016 година е дел од жирито на фестивалот на краткометражен филм Watch Out во Тетово. Како претставник на ГЕТЕ ИНСТИТУТОТ три години е дел од претселекционата комисија на проектот ПРВО ПРВИОТ ФИЛМ (FIRST FILMS FIRST) – проект за поддршка на филмови на млади автори.

Работи на проекти на аналогна и дигитална реставрација на македонски филмови како активност на Кинотеката.

Од 1997 година соработува со КИНОПИС и објавува околу триесетина текстови: Приказна од филмската митологија (За и околу филмот „Лола Монтез“ на Макс Офилс), Хенрик Гален – парадигма на едно време (Обид за филмолошка анализа на еден творечки опус), Филмски футуристи – Тонино Дели Коли и Роби Милер, Филмски маратон (Размислување на тема: дали постои криза во македонската кинематографија), Приказни и сенки, Судбината како артефакт, Новиот голем европски филм, Сличностите кои нѐ прават различни (поглед врз новиот бран романски филмови), Интервју со Рангел В`лчанов… Текстовите се движат од интервјуа, критики и фестивалски прегледи сѐ до теорија. Исто така соработува со Македонската академија на науките на проектот Фотографијата и филмот на почвата на Македонија (дел од проектот Историја на макрокултурата во Македонија), соработува на монографијата „Трајче Попов“…