Со проекцијата на играниот филм ДОБРЕДОЈДОВТЕ ГОСПОДИНЕ МАРШАЛ (Bienvenido Mister Marshall/ Bienvenido mister Marshall) на Луис Гарсија Берланга (Luis García Berlanga), синоќа во Кинотеката на Македонија започна Неделата на шпанскиот филм.

Амбасадорот на Кралството Шпанија, Емилио Лоренцо Сера, и в.д. директорот на Кинотеката на Македонија, Владимир Љ. Ангелов

Со пригодни говори на почетокот на веќе традиционалната Недела на шпанскиот филм им се обратија Н.Е. амбасадорот на Кралството Шпанија во Република Македонија, Емилио Лоренцо Сера, и в.д. директорот на Кинотеката на Македонија, Владимир Љ. Ангелов.

 

ДОБРЕДОЈДОВТЕ ГОСПОДИНЕ МАРШАЛ е кинотечен филм од 1953 година, и неговата питка сторија во манир на комедија на карактери – одличните актери Лолита Севиља, Маноло Моран, Хозе Исберт (Lolita Sevilla, Manolo Morán, José Isbert) и други – и по цели 65 години од снимањето ја плени публиката, која го проследи со смеа, а на крајот го награди со аплауз.

До следниот вторник, 27 ноември, во Кинотеката ќе можете да видите уште шест одлични наслови.

Leave a comment