Друштвотото на филмските работници на Македонија е основано на 21 мај 1950. Друштвото е формирано како општествена организација што ги опфаќа филмските работници од сите профили. За прв Претседател на ДФРМ беше избран Јован Бошковски, а Милтон Манаки, првиот снимател на Балканот беше избран за прв Почесен член на Друштвото. Во него членувале и членуваат водечките авторски имиња кои стојат зад македонските филмски остварувања.

Друштвото е иницијатор, основач и организатор на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, првиот и најстар светски филмски фестивал посветен на креативноста на светските кинематографери.ДФРМ членува во Европската федерација на режисери, Меѓународната асоцијација на кинематографери и воЕвропскиот продуцентски клуб. Друштвото го врши изборот на национален кандидат за наградата Оскар на Aкадемијата за подвижни слики уметност и науки, во категоријата за најдобар интернационален филм. Во Друштвото моментално членуваат над 100 филмски професионалци.

Големиот јубилеј на ДФРМ ќе биде свечено одбележан во септември оваа година.

 

 

Leave a comment