Со проекција на филмот ФЛАМЕНКО, ФЛАМЕНКО (Flamenco, Flamenco) на Карлос Саура (Carlos Saura), вечерва во Кинотеката започна првото издание на СКОПЈЕ ФИЛМ ФЕСТИВАЛ КЛАСИК, со фокус на шпанските режисери Луис Буњуел (Luis Buñuel), Луис Гарсија Берланга (Luis García Berlanga) и Карлос Саура.
Првото издание на СКОПЈЕ ФИЛМ ФЕСТИВАЛ КЛАСИК – ФОКУС НА РЕЖИСЕРИТЕ БУЊУЕЛ, САУРА И БЕРЛАНГА во рамките на Скопје филм фестивал содржи 13 наслови на тројцата великани на шпанската и светската кинематографија, кои ја форматираа филмската естетика и извршија огромно влијание во втората половина на дваесеттиот век.
Отворајќи го фестивалот на класичниот филм, директорот на Кинотеката Владимир Ангелов изрази надеж дека СКОПЈЕ ФИЛМ ФЕСТИВАЛ КЛАСИК ќе прерасне во традиционална манифестација. Тој потсети на битните аспекти на творештвото на авторот на филмот на отворањето, Луис Гарсија Берланга, како и на Буњуел и Саура.
Присутните гледачи ги поздрави и Александра Бубевска од тимот на Скопје филм фестивал.
Leave a comment
Мора да се пријавите за да испратите коментар.