Оваа недела, сосем пригодно за првомајските празници, Кинотеката и Cinesquare ви прикажуваат две црно-бели репортажи на Вардар филм за одблелжувањето на Први мај во С.Р.Македонија во 1960 и 1961 година [LINK]. И во првата репортажа – „Први Мај 1960“ – по сценарио и во режија на Кочо Нетков, и во втората  – „Први Мај 1961“ на Трајче Попов, ќе можеме да ја погледнеме парадата која повеќе години по ред се одржуваше на скопскиот главен плоштад „Маршал Тито“. Во неа учествуваат припадници на ЈНА, на стопански организации од цела земја, на пионерски и младински организации, работнички претрпијатија, спортски друштва, работнички синдикати, итн.

Секако, сето тоа дефилирање е пропратено со еуфорично, громогласно поздравување и скандирање од страна на насобраните граѓани, сите заедно празнувајќи го Денот на трудот.

Ви посакуваме пријатна проекција и пријатен празник…

Leave a comment