На 21 август (петок) се навршува година дена од заминувањето на Мето Петровски, еден од најплодните и најпочитувани документаристи во македонската кинематографија.

Роден 1935 година во Иванчишта, Кичевско, по завршувањето на Филмската школа во Белград на отсекот за филмски сниматели работел како стажант во тогаш единствената продуцентска куќа во репбуликава – „Вардар филм – Скопје“. Набргу добил можност да ги доусоврши своите знаења на Филмскиот институт во Загреб, а паралелно со режијата, запишал и студии по југословенска литература.

Како режисер дебитирал со документарниот филм „Селидби“ (1965). Има реализирано преку 60 документарни и кусометражни филмови коишто се прикажувани на многу домашни и светски фестивали. Со документарниот филм Вирово“ учествува на Филмскиот фестивал во Кан. Покрај работата на филм, тој има реализирано и преку 30 телевизиски емисии, од коишто се истакнуваат: Петте револуционери“, Иселување на Евреите од Битола“, Прозивка на Бел камен“ и емисијата Она што беше небо“. Емисијата во негова режија „Раѓање на муралот“ е прогласена за најдобра емисија на ЈРТ во 1987 година во својот жанр.

Во 90-те години Мето Петровски беше директор на „Вардар филм“ и претседател на Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ).

Во 2011 ја доби наградата Златен објектив која ја доделува Кинотеката на Република Северна Македонија за исклучителен придонес во македонската кинематографија.

Добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои и Златен медал во 1991 г. на белградскиот фестивал за филмот Голгота“, Сребрен медал во 1976 г. во Белград за филмот Вранешница“ и Бронзен медал на истиот фестивал во 1978 година за филмот „Подмолна сила“, Бронзен змеј во Краков повторно за филмот Голгота“ и други.

Филмографија:

1961Детето од колоната ( Асистент на режија, )
196111 Oктомври 1941-1961 ( Асистент на режија, )
1961Македонија 1941 ( Асистент на режија, )
1961Твојот роденден ( Асистент на режија, )
1962Вибрациони мотори ( Асистент на режија, )
1962Бараме леб ( Организатор на снимање, )
1965Денови на искушение ( Асистент на режија, )
1965Селидби ( Режија, )
1966Хроника на злетовските рудници ( Режија, )
1967Македонска крвава свадба ( Асистент на режија, )
1967Рудник „Саса“ ( Режија, Сценарио, )
1968Вирово ( Режија, )
1969Време без војна ( Асистент на режија, )
1969Темно огледало ( Режија, )
1970Крсте Петков Мисирков ( Режија, )
1970Тито во Македонија ( Режија, Сценарио, )
1971Тапанџии ( Режија, Сценарио, )
1971Поле ( Режија, )
1972Светлините на градот ( Режија, )
1973Луѓе зад планината / Кичево 1971 ( Режија, Сценарио, )
1974Столетие на прекалените ( Режија, Сценарио, )
1974Скопски железнички јазол ( Режија, Сценарио, )
1974VI Конгрес на СКМ ( Режија, )
1974Сто години железници во Македонија ( Режија, Сценарио, )
1976Вранештица ( Режија, Сценарио, )
1977Очите мора да гледаат а срцето спие ( Режија, Сценарио, )
1977Фабрика за акумулатори „Злетово“ ( Режија, Сценарио, )
1978Подмолна сила ( Режија, Сценарио, )
1979Голгота ( Режија, Сценарио, )
1980Време, води ( Помошник на режија, )
1980Најдрагиот учител ( Режија, Сценарио, )
1982Ткаачки ( Режија, Сценарио, )
1982Снимка за историјата ( Режија, )
1983Отворен колосек ( Режија, Сценарио, )
1984Тунел ( Режија, )
1984Транспортен центар ( Режија, Сценарио, )
1985Полноќни танцувачи ( Режија, Сценарио, )
1985Автопат ( Режија, Сценарио, )
1985Металски завод „Тито“ ( Режија, Сценарио, )
1985Патишта во СР Македонија ( Режија, Сценарио, )
1988Пчеларник ( Режија, )
1988Сизиф ( Режија, Сценарио, )
1989Да се остави трага ( Режија, Сценарио, )
1990Календар ( Режија, )
1996Стопанска Банка ( Режија, Сценарио)

Leave a comment