European Film Challenge го одбележува отворањето на летната кино програма во дворот на Кинотека на Северна Македонија со 4 дневен настан и селекција на 4 современи европски филмови.

ПРОГРАМА:

10.07.2020 | 21.00 часот
Господ постои, името ѝ е Петрунија (2019)
Режија: Теона Стругар Митевска
1h 40min | драма
С. Македонија

11.07.2020 | 21.00 часот
Гостин / The Guest (2018)
Режија: Duccio Chiarini
1h 34min | комедија, драма, романса
Италија, Швајцарија, Франција

12.07.2020 | 21.00 часот
Земјата под моите нозе / The Ground Beneath My Feet (2019)
Режија: Marie Kreutzer
1h 48min | драма
Австрија

13.07.2020 | 21.00 часот
Сонот на Катрина / Katrina’s Dream (2018)
Режија: Dario Bischofberger, Mirko Bischofberger
Швајцарија, Италија
1h 24min | драма, романса

Цена на билет: 100 денари

***

Драги посетители на Кинотеката и летното кино на отворено,

Согласно моменталната ситуација и Протоколот за Организација на настани (Службен весник бр.175, од 01.07.2020), како и општо прифатениот кино-бонтон, Кинотеката ги воведе следниве правила за Ваша и наша безбедност:

– Задолжителна дезинфикација на рацете при влез во дворот и објектот
– Задолжително носење на маска или заштита преку устата и носот
– Задолжително одржување на дистанца додека се следи проекцијата
– Пушењето за време на проекција е непожелно
– Забрането е внесување на пијалоци (алкохолни и безалкохолни)

Ве замолуваме заеднички да се погрижиме за чистотата на гледалиштето и дворот на Кинотеката, како и секој самостојно да ги одложи своите отпадоци во корпите по проекцијата.

За време на 4 дневниот настан, поддржан од European Film Challenge секој посетител ќе добие бесплатен освежителен пијалак со купениот билет.

Тоалетот за посетители се наоѓа во внатрешниот дел на Кинотеката.

***
За European Film Challenge

European Film Challenge e иновативна гејмифицирана платформа, што ја поврзува најголемата заедница на љубители на европскиот филм и ја афирмира европската кинематографија

Во тек е третиот циклус на филмскиот предизвик, почнувајќи од 10 јуни до 10 август активна е официјалната страница за регистрација и учество – победникот освојува бесплатно патување на филмскиот фестивал во Венеција.

Правила на учество – https://europeanfilmchallenge.eu/mk/terms

Сите 4 филмови што ќе се прикажуваат во летното кино од 10-13 јули носат екстра 10 поени во филмскиот предизвик, а со тоа и поголеми шанси за победа во предизвикот за Венеција.

 

Leave a comment