2 мај (среда) 20:00 ч.

ЗА ТЕЛО И ДУША

Игран филм, Унгарија

2017 г., 116 мин., колор ДЦП

Режија: Илдико Енједи (Ildikó Enyedi)

Сценарио: Илдико Енједи (Ildikó Enyedi)

Улоги: Геза Морцањи, Александра Борбели, Золтан Шнајдер (Géza Morcsányi, Alexandra Borbély, Zoltán Schneider)

Кога двајца вработени во кланица, Ендре и Марија, откриваат дека ги делат истите соништа – откако ќе се сретнат во шумата како елени и ќе се вљубат еден во друг – донесуваат одлука да ги остварат своите соништа, но тоа сепак е потешко да се изведе на јаве, во реалноста.

 

3 мај (четврток) 12:00

ч. 12 мај (сабота) 12:00 ч.

НЕВЕРОЈАТНАТА ПРИКАЗНА ЗА ЏИНОВСКАТА КРУША

Анимиран филм, Данска

2017 г., 79 мин., колор, блуреј

Режија: Амали Несби Фик, Јорген Лердам (Amalie Næsby Fick, Jørgen Lerdam)

Сценарио: Алфред Бјере Ларсен, Лива Елвира Магнусен, Петер Фродин (Alfred Bjerre Larsen, Liva Elvira Magnussen, Peter Frödin)

Животот во Санитаун е убав и мирен сè додека еден ден Мичо и Себастијан не најдат порака во шише на пристаништето. Шишето е од исчезнатиот градоначалник на Санитаун со порака дека се наоѓа на загадочен остров и налетал на големо откритие. Сега тие мора да тргнат на опасно патување за да го спасат градоначалникот и да го доведат дома, а во тој процес откриваат нешто што ќе му донесе големо задоволство на градот Санитаун – една џиновска круша.

 

3 мај (четврок) 20:00 ч.

ДВОЕН ЉУБОВНИК

Игран филм, Франција, Белгија

2017 г., 107 мин., колор, ДЦП

Режија: Франсоа Озон (François Ozon)

Сценарио: Џојс Керол Оутс, Франсоа Озон (Joyce Carol Oates, François Ozon)

Улоги: Марин Вач, Жереми Рајнер, Жаклин Бисе (Marine Vacth, Jérémie Renier, Jacqueline Bisset)

Клои, чувствителна млада жена склона кон депресија, почнува да оди на психотерапија и се заљубува во својот психотерапевт Пол. Неколку месеци подоцна тие почнуваат да живеат заедно, но Клои открива дека нејзиниот љубовник крие дел од својата личност.

Остави коментар