„Медена земја“ деновиве доби уште две значајни признанија. Снимателите Фејми Даут и Самир Љума ја добија наградата „Cinema Eye Honors“ за исклучително достигнување во кинематографијата а филмот ја доби и наградата за најдобар документарен филм која ја доделува Меѓународното здружение на филмски критичари (NSFC).

Филмот се најде на листите на најобрите овогодинешни филмови на многу значајни списанија како „Њујорк Тајмс“, „Ролинг Стоун“, „Варајети”, „Венити феир“ и други.

„Медена земја“ е во потесниот избор за престижниот „оскар“ во две категории. Номинациите ќе бидат ќе бидат обавени наскоро.

13 ЈАНУРИ (ПОНЕДЕЛЕНИК), 18:00, 20:00 ч.

14 ЈАНУРИ (ВТОРНИК), 18:00, 20:00 ч.

15 ЈАНУАРИ (СРЕДА),18:00, 20:00 ч.

16 ЈАНУАРИ (ЧЕТВРТОК), 18:00, 20:00 ч.

17 ЈАНУАРИ (ПЕТОК), 18:00, 20:00 ч.

18 ЈАНУАРИ (САБОТА), 18:00, 20:00 ч.

МЕДЕНА ЗЕМЈА

(Honeyland)

Документарен филм, С. Македонија

2019, 90 мин., колор, ДЦП

Режија: Тамара Kотевска, Љубомир Стефанов (Tamara Kotevska, Ljubomir Stefanov)

Улоги: Атиџе Муратова, Назифе Муратова, Хусеин Сам (Hatidze Muratova, Nazife Muratova, Hussein Sam)

Атиџе, последната одгледувачка на диви пчели во Европа, се соочува со опасност кога во околината облагородена со природен баланс ќе се насели многучлено семејство кое ќе се обиде да ѝ ја преземе трговијата со мед.
Низ супериорна визуелна нарација и маестрална монтажа, филмот за „медената земја“ нѐ опоменува дека сите наши постапки си имаат последици по човештвото во иднина. По подолго време – конечно – фантастичен филмски продукт од ова поднебје, кое како трајна вредност го препознава целиот свет.
Фестивали и награди: Sundance Film Festival 2019 – Најдобар документарен филм, кинематографери и награда „Impact and change“; DocsBarcelona 2019 – Најдобар документарен филм; DocAviv Film Festival 2019 – Најдобар документарен филм; Montclair Film Festival 2019 – Најдобар документарен филм…

Возрасна категорија: 12 години
Влезница: 100 денари

Leave a comment