Златната Тула за најдобар анимиран филм на осмото издание на Анимакс Скопје Фест ја понесе данскиот филм „Ништо не се случува“ на авторката Мишел Кранот.

„Ништо не се случува“ (Данска)

Со втора награда (Сребрена Тула) се закити белгискиот филм „Гну“ од Николас Кепенс и Матијас Флипс, додека Бронзената Тула ја доби естонискиот филм „Музеј“ од Аги Пак Ји Ли.

 

„Гну“ (Белгија)

Специјални награди добија македонскиот филм „Кружно патување на монахот“ на Жарко Иванов и бугарскиот филм „Грда Сказна“ на Радостина Нејкова за техника на анимација.

„Музеј“ (Естонија)

Детската публика го изгласа филмот „Гено“ од Грузија на Дато Кикнавелизе за најдобар детски филм на Анимакс #8.

За наградите одлучуваше меѓународната жири комисија во состав Ана Недељковиќ (Србија), проф. д-р.Надежда Маринчевска (Бугарија) и Гоце Цветановски (Македонија).

На четирите фестивалски денови на Анимакс Скопје Фест беа прикажани 50 краткометражни анимирани филмови и 12 анимирани филмови за деца во официјална конкуренција. Тие беа избрани од пријавените 3.234 анимации од 83 земји во светот.

На фестивалот беа одржани и 2 работилици за деца под наслов „Двајца се караат, сите губат„ и „Добар, лош, грд, убав, се се тоа карактери“, на кои учествуваа околу 100 деца.

 

Leave a comment