Со проекцијата на фимот СРЕЌНА НОВА ’49 Столе Попов вечерва во киното „АБЦ“ во Приштина започнува Неделата на македонски филм.

Денес на пладне, пак, на Универзитетот за уметности во Приштина, гостува македонскиот актер Мето Јовановски, чија улога на Драгослав во СРЕЌНА НОВА ’49 е една од незаборавните во неговиот богат филмски опус.

На Неделата на македонски филм, што ќе трае трае до 7 декември, ќе бидат прикажани и ПРЕД ДОЖДОТ на Милчо Манчевски, ИСЦЕЛИТЕЛ на Ѓорче Ставрески, ЛАЗАР на Светозар Ристовски, МЕДЕНА НОЌ на Иво Трајков и ГОСПОД ПОСТОИ, ИМЕТО И Е ПЕТРУНИЈА на Теона Стругар Митевска.

На отворањето на Неделата на македонски филм на присутните ќе им се обратат директорите на Кинотека, Владимир Ангелов, и на „Вардар филм“, Насер Цури.

Leave a comment