Од 1 до 7 септември во летното кино „Мирно лето“ ќе се одржи скопската епизода од Неделата на новиот германски филм.

Ревијата се отвора со филмот „Ундине“ на Кристијан Пецолд, наслов што беше на натпреварувачката програма на годинешното Берлинале, а актерката Паула Бер освои „Сребрена мечка“ за најдобра женска улога.

Паула Бер во „Ундине“

До 7 септември ќе бидат прикажани 8 германски филмови од поновата продукција, од различни жанрови.

На програмата се трилерот „Балон“ на Михаел Хербиг, биографскиот филм „Мојот состанок на слепо со животот“ на Марк Ротемунд, комедијата „Златната рипка“ на Алиреза Голафшан, експерименталната комедија „Ми се оди в диско“ на Аксел Раниш, драмата „Кадиш за пријател“ на Лео Касин и комедијата „Еби се Гете“ на Бора Датекин.

Проекциите започнуваат во 20:00 часот. Влезот за сите проекции е бесплатен, а билетарата ќе биде отворена секој ден од 19:00 часот.

Проекциите се одвиваат со целосно почитување на препораките за заштита од КОВИД-19.

Leave a comment