Месецов (декември, 2020) излезе од печат најновото издание на списанието КИНОПИС бр. 57-58.

Овој број на списанието содржи 12 различни текстови (во 3 рубрики) од различни стручни аспекти, категории и родово-видови пристапи од областите на теоријата, историјата и културата на филмот и другите сродни уметности – стручни, теориско-критички и/или магистерско-докторски студии и анализи, филмски и фестивалски рецензии и критики, како и историско-филмски прегледи, анализи и студии. Застапени се 10 автори, во рамките на 3 рубрики: „Македонска филмска сцена“, „Студии“ и „Анализи“.

Во рубриката МАКЕДОНСКА ФИЛМСКА СЦЕНА се поместени следниве текстови:

Златко Ѓелевски: ПОТРАГА ПО СЕБЕСИ НИЗ ЈАМИТЕ НА ПОГРЕШНИТЕ ОДЛУКИ ВО МИНАТОТО (за играниот филм ДЕДО И ВНУК на Илија Пиперкоски, 2019);

Арсим Љесковица: „ГОЛЕМИТЕ РИБИ НЕ ПЛИВААТ ВО МАЛ АКВАРИУМ“, ИЛИ НЕДОСЛЕДНОСТА НА ЖАНРОТ (за филмот НЕЗАБОРАВНА ПРОЛЕТ ВО ЗАБОРАВЕНО СЕЛО на Куштрим Бектеши, 2019);

м-р Љатиф Мустафа: СОНИШТАТА НА ДЕЦАТА СЕ И СОНИШТА НА НИВНИТЕ РОДИТЕЛИ (за филмот СТЕБЛОТО НА ДИВАТА КРУША на Нури Билге Џејлан, 2018)

д-р Атанас Чупоски: ЗАРАЗЕНИ СО УМЕТНОСТ УШТЕ ОД ДЕТСТВОТО (беседа по повод доделувањето на признанието „Златен објектив“ за особен придонес во македонската кинематографија за 2020 година на Зорка Тодорова-Младеновиќ и Коле Ангеловски);

Тони Димков: ХИБРИДНО ИЗДАНИЕ НА 11. МАКЕДОКС (за 11. издание на Фестивалот на креативен документарен филм МакеДокс, 2020);

Тони Димков: ФИЛМОВИ СЕ ГЛЕДАА НИЗ ЦЕЛО СКОПЈЕ (за 19. издание на Фестивалот на европски филм СИНЕДЕЈС, 2020).

Рубриката АНАЛИЗИ ги донесува текстовите на: 

д-р Татјана Пецер: РЕЖИМОТ НА ПОГЛЕДОТ И НАСИЛСТВОТО НА СЛИКА (мал попис на поновиот македонски филм – 1990-2010);

Влатко Галевски: ФИЛМОТ И СТЕРЕОТИПИТЕ: ПРОБЛЕМИ И ПРОБЛЕСОЦИ (религијата, класите, расизмот и филмот);

Влатко Галевски: ЛГБТ И ЦЕНЗУРАТА ВО БАЛКАНСКИТЕ ФИЛМОВИ.

Во рубриката СТУДИИ се објавени текстовите на:

м-р Горан Тренчовски: ОД КРАТКА ПРОЗА ДО ФИЛМСКА ФИКЦИЈА (Димитар Солев, Живко Чинго, Иван Митевски, Русомир Богдановски);

д-р Атанас Чупоски: ФИЛМОВИТЕ И РЕЖИСЕРСКИОТ СТИЛ НА ФЕЛИНИ (100 години од раѓањето на големиот мајстор на европскиот филм, Федерико Фелини);

д-р Славица Србиновска: 25 ГОДИНИ ОД ПРЕМИЕРАТА НА ПРЕД ДОЖДОТ (за естетиката на гледните точки во нарацијата на Милчо Манчевски).

Примероци од списанието можат да се најдат во продажниот салон на НУ Кинотека на РСМ (ул.Никола Русински бр.1, Карпош III), по пристапна цена од 100 мкд.

 

Leave a comment