Кинотеката на Р.С. Македонија ја доби престижната Златна плакета од UNICA (Union Internationale du Cinéma / Интернационален филмски сојуз) за придонес и подршка во популаризацијата и афирмација на непрофесионалниот филм

Директорот на Кинотеката Владимир Ангелов со наградата од UNICA

Во организација на Кино сојузот на Македонија и Народна техника на Македонија, со град Скопје и Кинотека на Република Северна Македонија како домаќини, на 16 декември 2020 година се одржа официјалната проекција на филмовите и доделување на награди  од 49. Државен фестивал на непрофесионален филм „49.ДФНФ-Скопје 2020“.

Годинава конкурираа 32 филмови од 24 автори, од кои 12 се самостојни, додека другите наслови доаѓаат од 6 клубови во 4 категории. Во официјална конкуренција беа примени 11 филмови.

Официјалната проекција и доделувањето на наградите и плакетите се одржа во Кинотека на Македонија, почитувајќи ги здравствените мерки и протоколи. На фестивалот имаше гости од повеќе градови на Македонија, а секако беа присутни и авторите на наградените филмови.

Стручното жири во состав проф. др Мишо Нетковски – претседател, проф. мр Миле Петковски – член, и филмскиот аматер Петре Чаповски – член, донесе одлука да бидат доделени следните награди:

Наградите во категоријата анимиран филм не беа доделени.

Награди за Документарен филм: Бронзена плакета – „Секирџија“ на Љупчо Ристовски; Сребрена плакета – „Петре – Љубов,бол и непребол“ на Сара Стојановска и Филип Илиевски; Златна плакета – „Црвени Стени“ на Петар Ставрев.

Награди за краток игран филм: Бронзена плакета – „Кутија со музика“ на Ана Андонова; Сребрена плакета – „Пепел“ на Ѓорѓи Лазов; Златна плакета – „Донка“ на Александар Арсовски.

Grand Prix – „Јас ќе си пеам“ на Глигор Кондовски.

ЗЛАТНА ПЛАКЕТА ОД UNICA  за придонес и подршка во популаризацијата и афирмација на непрофесионалниот филм се доделува на Кинотека на Р.С. Македонија. Доделувајќи ја наградата, претседателот на Кино сојузот на Македонија Саша Дукоски истакнба дека Кинотеката сиве овие изминати години е голем поддржувач на Кино сојузот. Заблагодувајќи се наградата на UNICA, директорот на Кинотеката Владимир Ангелов им ја посвети на сите оние заљубеници во подвижните слики што се „инфицирани“ од филмот.

Награди за експериментален филм:

Златна плакета – „Конекција“ на автор Ана Андонова.

Награди за авторски остварувања:

Златна плакета за монтажа – „Заборавена земја“ на Зоран Пиловски; за Режија – „Јас ќе си пеам“ на Глигор Кондовски; за камера – „Тишина“ на Зоран Пиловски, Роберт Темелкоски и Андреј Златноски; за идејаа – „Првиот македонски аниматор“ на Матеј Костовски; за сценарио – „Петре – љубов, бол и непребол“ на Сара Стојановска и Филип Илиевски; и за актерско остварување – актерта Изабела Јакимова во филмот „Донка“.

Официјалната селекција од 6 филмови што ќе го претставуваа Кино сојузот на фестивалот на УНИКА е составена од „Црвени стени“на Петар Ставрев, „Тишина“ на Зоран Пиловски, „Конекција“ на Ана Андонова, „Секирџија“ на Љупчо Ристевски, „Донка“ на Александар Арсовски и „Јас ќе си пеам“ на Глигор Кондовски.

 

Leave a comment