Јохан Мелин е писател и филмски режисер. Роден ´79 – тој порасна во малото гратче Харијунга во Шведска на домашни коктели од панк, поезија, социјализам и посета на кина. Тој ја започна својата филмска кариера кога имаше само 16 години снимајќи го ниско буџетниот филм “Bobby Nero” кој што е изгубен низ времето. Тој работеше како новинар шест години, но љубовта за филмот и киното беа  поголеми.

Се пресели во Стокхолм и учеше во филмското училиште Stockholm Film School, каде што ја создаде Стокхолм трилогијата – STHLM, зборувајќи за изгубената машка осаменост.

Кога имаше само 21 година го сними својот прв долгометражен филм, “Smalltown” кој е автобиографија за панкерскиот животво Харијунга. Потоа следи преселбата во Копенхаген и студирањето за режија на  National Film School of Denmark и дипломираше со филмот “Steppenwolves”. Тој ја презема иницијативата за формирање на “The Good Army” – филмски уметнички колектив и заедно со група на актери и филмски работници ја создадоа COPENHAGEN- трилогијата.

Еден од филмовите кој што го прослави е долгометражниот фимл снимен во една трака “PRELUDIUM”. После 13 години во Данска, Мелин се враќа во Шведска и ја снима  MIN ORT- трилогијата за животот и љубовта во предградијата, каде тимот следеше четриесет млади луѓе подолго од година дена.  MIN ORT- проектот имаше поголема цел од само филм; идеата беше да се соединат предградијата на Гетеборг и да им се даде гласот на младите.

Во исто време работи како сценарист за Холивуд, Данска, Шведска како и за Русија.

Јохан Мелин започна да доаѓа во Македонија пред 11 години со спријателувањето со Дејан Дуковски со кого соработува на новиот филмски проект “Money Kills”или “Парите се отепувачка”. Следни проекти кои следуваат се филмот “I Fly” и неговиот роман “Virtual Roses”. Живее со својата сопруга во Скопје.

 

26 ЈУНИ (СРЕДА) 20:00 ч.

КУЧЕТО ГЛЕДА

(Dog is watching)

Игран филм, Шведска

1999, 20 мин., колор, ДЦП

Режија и сценарио: Јохан Мелин (Johan Melin)

Улоги: Фредрик Сјохолм, Ники Норденсколд, Јохан Баксторм, Густав Деиноф (Fredrik Sjöholm, Niki Nordensköld, Johan Bäckström, Gustav Deinoff)

Лажен документарец за животот на фашистичките чувари кои тајно сонуваат да бидат полицајци.

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: бесплатен влез

26 ЈУНИ (СРЕДА) 20:00 ч.

ПОД НУЛАТА

(Below down Zero)

Игран филм, Данска

2003, 12 мин., колор, ДЦП

Режија и сценарио: Јохан Мелин (Johan Melin)

Улоги: Луиз Мериц, Томас Габриелсон, Сорен Маилинг (Louise Mieritz, Thomas Gabrielsson, Søren Malling)

Рике е бездомник и не го видела својот син скоро една година. На неговиот роденден, Рике има шанса да се искупи себе си и да најде подарок за него. Студентски филм за Националната филмска школа на Данска.

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: бесплатен влез

26 ЈУНИ (СРЕДА) 20:00 ч.

СТЕПСКИ ВОЛЦИ

(Steppenwolves)

Игран филм, Данска

2005,37 мин., колор, ДЦП

Режија и сценарио: Јохан Мелин (Johan Melin)

Улоги: Јаков Кедергрен, Лаи Иде, Шарлот Гулдберг, Мет Рибер Кристоферсен (Jakob Cedergren, Lai Yde, Charlotte Guldberg, Mette Riber Christoffersen)

Јакоб ќе се врати во своето родно гратче по отслужената казна затвор, каде што лежел наместо неговите пријатели. Сега е одлучен повторно да ја освои Ања, неговата љубов, но времето променило сè и Јакоб мора да се соочи со прерасудите од општеството.

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: бесплатен влез

26 ЈУНИ (СРЕДА) 20:00 ч.

МИН ОРТ – ЉУБОВНА ПРИКАЗНА

(Min Ort – A Love Story)

Документарен филм, Шведска

2017, 32 мин., колор, ДЦП

Режија и сценарио: Јохан Мелин (Johan Melin)

Улоги: Раат Алаудин, Амина Скоратовска, Саид Вилјам Леге, Кевин Фо (Raad Alaulddin, Amina Skoratovska, Said William Legue, Kevin Foo)

Трагична драма за Ахмед кој ја сака Амина. Кога нејзините браќа ќе дознаат за нивната врска, сè ќе се промени. По интервјуата со младите луѓе од предградијата, ова е е прв филм кој ги следи овие два карактери по повеќе од една година.

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: бесплатен влез

27 ЈУНИ (ЧЕТВРТОК) 20:00 ч.

РОДИОН РАСКОЛНИКОВ

(Rodion Raskolnikov)

Игран филм, Данска

2013, 17 мин., колор, ДЦП

Режија и сценарио: Јохан Мелин (Johan Melin)

Улоги: Кристофер Сване, Ана Фабрициус, Елена Бундаловиќ, Здравко Милановиќ, Јете Карла Нилсен (Christoffer Svane, Anna Fabricius, Elena Bundalovic, Zdravko Milanovic, Jette Carla Nielsen)

Немa филмска адаптација на „Злосторство и казна“ на Достоевски каде Родион Расколников шета наоколу со ужасна наполеонова идеја: да го убие лихварот, коренот на сето зло… А веќе го нашол и оружјето…

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: бесплатен влез

27 ЈУНИ (ЧЕТВРТОК) 20:00 ч.

МАЛО ГРАТЧЕ

(Köftbögen)

Игран филм, Данска

2003, 76 мин., колор, ДЦП

Режија и сценарио: Јохан Мелин (Johan Melin)

Улоги: Сверир Гуднасон, Тове Апелквист, Тед Франсон, Рајнер Гердес, Матиас Ост Кфотбоген (Sverrir Gudnason, Tove Appelqvist, Ted Fransson, Rainer Gerdes, Mattias Östh Köftbögen)

Ова е дебитантен и автобиографски филм за Јохан, панк-рокерот и сонувачот чија девојка Карин ќе замине за Херјунга. Ова е филм за растењето, за панк-рок музиката и за преживувањето во еден град каде ништо не се случува. Мелин имал само 21 година кога го режирал овој филм со мал буџет, пред да се пресели во Копенхаген, каде ќе ги започне филмските студии.

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: бесплатен влез

28 ЈУНИ (ПЕТОК) 20:00 ч.

ОСВЕТЛУВАЊЕ

(The Brightening)

Игран филм, Данска

2018, 75 мин., колор, ДЦП

Режија и сценарио: Јохан Мелин (Johan Melin)

Улоги: Рајнер Гердес, Ана Фабрициус, Патриција Шуман, Томас Кнут-Винтерфелд, Андерс Хове (Rainer Gerdes, Anna Fabricius, Patricia Schumann, Thomas Knuth-Winterfeldt, Anders Hove)

Данте има писателска криза и работи во кланицата на неговиот свекор. Наскоро треба да стане татко. Но, Господ побара од Данте да го убие премиерот за Господ повторно да се симне на земјата. Данте ќе ја запознае Наталија, а таа ќе стане неговата муза. И Наталија исто така знае како да контактира со Господ. Ова е психоделична драма за љубовта и смртта. И ова ќе биде премиерно прикажување на филмот ОСВЕТЛУВАЊЕ.

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: бесплатен влез

29 ЈУНИ (САБОТА) 19:00 ч.

ПРЕЛУДИУМ

(Preludium)

Игран филм, Данска

2008, 103 мин., колор, ДЦП

Режија и сценарио: Јохан Мелин (Johan Melin)

Улоги: Ана Фабрициус, Патриција Шуман, Лаи Иде, Томас Кнут-Винтерфелд, Рајнер Гердес (Anna Fabricius, Patricia Schumann, Lai Yde, Thomas Knuth-Winterfeldt, Rainer Gerdes)

Ова е приказна за неколкумина скршени луѓе кои се обидуваат да најдат среќа и да живеат во сегашноста. Филмот е снимен во еден долг кадар, низ Копенхаген – 20 актери и кинематограф со скејтборд. Ова е прв наративен филм снимен во еден кадар, а она што не го знаеле филмаџиите е фактот дека Ирак победил на Азиското првенство во фудбал и дека Копенхаген таа ноќ експлодирал во радост и лудило.

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: бесплатен влез

29 ЈУНИ (САБОТА) 21:00 ч.

ПРОРОШТВО

(Profetia)

Игран филм, Данска

2009, 106 мин., колор, ДЦП

Режија и сценарио: Јохан Мелин (Johan Melin)

Улоги: Ана Фабрициус, Патриција Шуман, Анете Карлсен, Кристофер Сване, Сана Тор, Рајнер Гердес, Петер Хесе Овергард (Anna Fabricius, Patricia Schumann, Anette Karlsen, Svane, Sanna Thor, Rainer Gerdes, Peter Hesse Overgaard)

Ова е филмот што следи по ПРЕЛУДИУМ, каде раскршените приказни оживуваат преку Софи Јенсес, пропадната писателка која решила да изгори сè што некогаш напишала во еден чудeн амфитеатар во Копенхаген.

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: бесплатен влез

30 ЈУНИ (НЕДЕЛА) 20:00 ч.

МИН ОРТ – ОВА Е ШВЕДСКА

(Min Ort – This is Sweden)

Игран филм, Данска

2018, 75 мин., колор, ДЦП

Режија и сценарио: Јохан Мелин (Johan Melin)

Улоги: Амина Скоратовска, Мина Францен, Себастиан Теодорсон, Денис Игнасио, Саид Вилјам Леге и многу други (Amina Skoratovska, Mina Franzén, Sebastian Theodorsson, Deniece Ignacio, Said William Legue and many more)

Ова е вториот филм од „Гетеборг проџект Мин Орт“. Кога братот на Амина, Мустафа, ќе исчезне, таа ќе се обиде да открие што се случило. Но сè е една голема мешаница во предградијата – во обид да го пронајде својот брат, таа ќе мора да ги натера бандите да соработуваат.

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: бесплатен влез

Leave a comment