Под мотото „Не понекогаш. Засекогаш…“ во Кинотеката на Македонија од 29 ноември до 2 декември се одржува осмото издание на „Анимакс Скопје Фест“.

На овој интернационален фестивал на анимираниот филм ќе бидат прикажани 50 краткометражни филмови и 12 филмови за деца во официјална конкуренција.

Тие се селектирани од пријавените 3.234 анимации од 83 земји во светот, што е нов рекорд на „Анимакс Скопје Фест“. Меѓу селектираните наслови најголем број се од САД, Англија и Франција, а има филмови и од Германија, Индија, Иран, Шпанија, Русија, Бразил и други земји.

За селекцијата се погрижи жирито предводено од филмскиот критичар Благоја Куновски-Доре.  Филмовите ќе се натпреваруваат за наградата „Златна тула“ и за другите признанија на фестивалот.

Кузман Кузмановски

Мотото „Не понекогаш. Засекогаш Анимакс Филм Фестивал“ на годинешниот фестивал, според директорот Кузман Кузмановски од продуцентската куќа „Аурипигмент“, истакнува дека преку него тие како организатори секогаш стремат кон задржување и афирмирање на трајните вредности.

Остави коментар