Киносалата на Кинотеката синоќа беше преполна со пријателите и почитувачите на Стефан Сидовски-Сидо, кој почина во јуни годинава. Мајстор на аматерскиот филм, филозоф и професор во гимназијата „Раде Јовчевски-Корчагин“ и Универзитетот за аудиовисуелни уметности ЕФТА, Сидо беше синоним за безусловна љубов и љубопитност кон филмот и автор на две значајни научни дела од областа на филмот – „Филмскиот кадар и неговата естетска суштина“ и „Естетиката и дијалектиката во монтажата на филмот”.

 

 

Во чест на Сидо беше поставена плочка со неговото име на едно од столчињата во киносалата.

„Кинотеката ги испраќа пријателите со аплауз“, рече директорот на Кинотеката Владимир Ангелов на почетокот на вечерта посветена на Сидо.

 

 

Со инспиративни и емотивни говори од Сидо се простија и филмскиот критичар Ѓорѓи Јаневски, роднината Викторија Марковска, ректорот на ЕФТА Јордан Плевнеш, како и неговите полувековни соборци во алтернативниот и непрофесионален филм Слободан Беличански и Стефан Хаџиантоновски.

Ѓорѓи Јаневски, Јордан Плевнеш, Слободан Беличански и Стефан Хаџиантоновски

Во чест на Сидо беше прикажан избор од неговите филмови, дел од грубиот и немонтиран материјал од филмот за Сидо што го снимал Ѓорѓи Јаневски, и емотивниот краток документарен портрет на професорот во режија на Тамара Котевска.

 

 

Leave a comment