Синоќа во Кинотеката се одржа премиерата на краткиот игран филм на Сергеј Ѓеоргиев, насловен „Јас не сум Игор“. Заради огромниот интерес за дебитантскиот краток игран филм на Ѓеоргив, се одржаа две проекции во преполната сала на Кинотеката.

Улогите во оваа жестока урбана социјална драма ги толкуваат Стефан Спасов, Томислав Давидовски, Чедомир Митевски, Мартин Минговски, Марија Новак и Драган Довлев. Сторијата ја следи интимната драма на главнот лик Игор, член на суровите навивачи „Комити“ чиј сон е „Чиста Македонија“, кога случајно ќе дознае дека има „погрешно“ етничко потекло…

 

Режисерот на „Јас не сум Игор“ Сергеј Ѓеоргиев

Екипата на филмот по проекцијата ја претстави филмскиот снимател Самир Љума, а пред пријателите и колегите се поклонија режисерот Ѓеоргиев, директорот на фотографија Петар Кочишки, монтажерот Радован Петровиќ, сценографот Дејан Спасовиќ, костимографот Жаклина Крстевска…

Филмот е во продукција на „Контраст филм“, со финансиска поддршка на Агенцијата за филм, а продуценти се Дејан Димески и Корнелија Ристовска.

Leave a comment