2 МАРТ (ПОНЕДЕЛНИК), 18:00 Ч.

3 МАРТ (ВТОРНИК), 18:00 Ч.

4 МАРТ (СРЕДА), 20:00 Ч.

СВИРКАЧИ

(La Gomera / The Whistlers)

Игран филм, Франција, Романија, Германија, Шведска

2019, 107 мин., колор, ДЦП

Режија: Корнелиу Порумбоју (Corneliu Porumboiu)

Сценарио:

Улоги: Влад Иванов, Катринел Марлон, Родика Лазар, Сабин Тамбреа, Агусти Виљаронга (Vlad Ivanov, Catrinel Marlon, Rodica Lazar, Sabin Tambrea, Agustí Villaronga)

 

Кристи е полициски инспектор во Букурешт и игра за двете страни на законот. Кога убавата Гилда ќе го вовлече во ризичен грабеж, двајцата мораат да тргнат по патот на лаги и предавства.

Кристи во Романија е под полициски надзор, а со користење на тајниот јазик ќе продолжи да комуницира со мафијашите за да го извади Жолт од затворот. Жолт е единствениот кој знае каде се скриени 30 милиони евра.

За да успеат и да преживеат, мораат да го научат тајниот јазик на свиркачите на шпанскиот остров Ла Гомера на Канарските Острови.

Минатата година СВИРКАЧИ беше во официјалната конкуренција на Канскиот филмски фестивал и Фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“ во Битола.

 

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: 100 денари

 

2 МАРТ (ПОНЕДЕЛНИК), 20:00 Ч.

3 МАРТ (ВТОРНИК), 20:00 Ч.

4 МАРТ (СРЕДА), 18:00 Ч.

5 МАРТ (ЧЕТВРТОК), 20:00 Ч.

6 МАРТ (ПЕТОК), 18:00 Ч.

МАЛИ ЖЕНИ

(Little Women)

Игран филм, САД

2019, 135 МИН., колор, ДЦП

Режија: Грета Гервиг (Greta Gerwig)

Сценарио: Грета Гервиг, Луиза Меј Алкот (Greta Gerwig, Louisa May Alcott)

Улоги: Флоренс Паг, Ема Вотсон, Саоајрс Ронан, Мерил Стрип (Florence Pugh, Emma Watson, Saoirse Ronan, Eliza Scanlen, Meryl Streep)

 

Филмот е базиран на истоимената книга на Алкот во која се опишува животот на четирите сестри Марч – Ејми, Џо, Бет и Мег – и нивното растење во Америка во периодот по Граѓанската војна во 18 век. Иако се многу различни, сестрите Марч цврсто стојат една до друга во ерата на социјално-општествени промени и тешкотиите што тие ги носат.

МАЛИТЕ ЖЕНИ беше номинира за наградата на Американската филмска академија во 6 категории, а освои Оскар за најдобра костимографија, дело на Жаклин Дуран (Jacqueline Durran). Филмот освои и награда на Британската филмска академија БАФТА за костимографија, имаше уште 4 номинации за оваа награда, како и две номинации за Златен глобус.

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 денари

 

5 МАРТ (ЧЕТВРТОК), 18:00 Ч.

6 МАРТ (ПЕТОК), 20:00 Ч.

КАДЕ СИ ЖОАО ЖИЛБЕРТО?

(Where are you Joao Gilberto?)

Документарен филм, Швајцарија / Германија / Франција

2018, 107 мин., колор, ДЦП

Режија: Жорж Гашо (Georges Gachot)

Сценарио: Жорж Гашо, Паоло Полони (Georges Gachot, Paolo Poloni)

Учествуваат: Марк Фишер, Рашел Баласиано, Жоао Донато (Marc Fischer, Rachel Balassiano, João Donato)

 

Влијателниот бразилски музичар Жоао Жилберто, кој важи за пионер на музичкиот жанр боса нова, е во фокусот на документарниот филм КАДЕ СИ ЖОАО ЖИЛБЕРТО? во режија на Жорж Гашо, кој од денеска почнува да се прикажува во кината низ земјава. Филмот ги следи стапките на германскиот писател Марк Фишер, кој опсесивно трага по водечкиот глас на најпознатиот бразилски музички стил на светот, кој со децении не бил виден во јавност. Фишер своето патешествие го опишал во книгата „Хобалала“, но извршил самоубиство една недела пред да излезе во печат. Преземајќи ја мисијата на Марк Фишер, следејќи ги неговите чекори еден по еден, благодарение на трагите што ни ги има оставено, преку филмот се обидуваме да го пронајдеме Жоао Жилберто за да ги сфатиме историјата, душата и суштината на боса новата.

Жилберто почина во својот дом во Рио де Жанеиро лани на 88-годишна возраст. Пејачот и композитор му донесе меѓународна популарност на жанрот боса нова во 1960-те години, откако го издаде албумот „Chega de Saudade“, кој се смета за пресвртна точка за бразилската музика.

Роден во 1931 година, тој почнал да се занимава со музика на 18-годишна возраст и со комбинирањето на традиционални и модерни музички влијанија го креираше трендот боса нова, што потоа беше следен од голем број музичари. Жилберто му ја претстави боса нова на светот во 1958 година и овој ритам се карактеризираше со уникатен гитарски стил во кој модерни џез влијанија беа измешани со традиционалната самба. Неговата музика беше инспирација за милиони Бразилци во времето кога земјата забрзано се урбанизираше и развиваше.

Швајцарско-француско-германската копродукција имаше истовремена премиерна проекција на фестивалот на европски филм „Синедејс“ во ноември и онлајн на платформата Cinesquare.

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 денари

 

 

7 МАРТ (САБОТА), 18:00 Ч.

10 МАРТ (ВТОРНИК), 20:00 Ч. 

19 МАРТ (ЧЕТВРТОК), 18:00 Ч. 

КЛЕР ДАРЛИНГ

(La dernière folie de Claire Darling / Claire Darling)

Игран филм, Франција

2019, 94 мин., колор, ДЦП

Режија: Жули Бертучели (Julie Bertuccelli)

Сценарио: Жули Бертучели (Julie Bertuccelli)

Улоги: Катрин Денев, Кјара Мастројани, Алис Таљони, Лаура Цалами, Самир Гесми (Catherine Deneuve, Chiara Mastroianni, Alice Taglioni, Laure Calamy, Samir Guesmi)

 

Клер Дарлинг се буди на првиот летен ден убедена дека тоа ќе биде нејзиниот последен ден во животот. Одлучува да ја испразни куќата и да продаде сè што има, без исклучок, од скапоцените ламби „Тифани“ до разни други предмети што ги поседува.

Сите тие предмети носат спомени од трагичните, но и сјајни моменти во нејзиниот живот. Актуелната душевна состојба во која што се наоѓа Клер ќе биде причина нејзината ќерка Мари да се врати дома. Следуваат моменти на преиспитување на нивните емоционални доноси…

Катрин Денев и Кјара Мастројани ги играат главните улоги во режија Џули Бертучели. Бертучели го има своето режисерско деби во 1993 година, позната по своите документарни филмови за кои е често наградувана. Нејзиниот прв игран филм ОТКАКО ЗАМИНА ОТАР ја доби врвната награда на критичарите на филмскиот фестивал во Кан во 2003 година.

 

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: 100 денари

 

  

7 МАРТ (САБОТА), 20:00 Ч.

КРИКОТ НА ТИШИНАТА

(Крик тишины / The Cry of Silence)

Игран филм, Русија

2019, 96 мин., колор, блуреј

Режија: Владимир Потапов (Vladimir Potapov)

Сценарио: Александар Бородјански (Aleksandr Borodyanskiy)

Улоги: Артјом Бистров, Наталија Фисон, Надежда Маркина, Владимир Меншов (Artyom Bystrov, Natalya Fisson, Nadezhda Markina, Vladimir Menshov)

 

Филмот е работен според романот на Тамара Тинберг, „Седма симфонија“, за настаните во Ленинград (Санкт Петерсбург) за време на опсадата во Втората светска војна.

Февруари 1942 година, крајот на најсуровата зима за време на опсадата на градот. Нина Воронова е целосно очајна: нејзиниот тригодишен син, Митја, е многу ослабен од гладот, а купоните за храна се веќе два дена однапред потрошени. Нејзината последна надеж е евакуацијата од градот, но не ги земаат малите деца. Тогаш жената се решава на монструозен чекор  таа е евакуирана, оставајќи го својот син сам во замрзнат стан.

За време на рацијата, момчето е спасено од тинејџерка Катја Никонорова. Девојчето го претставува Митја како нејзин брат ѝ си ветува дека ќе стори сѐ за неговиот опстанок. Без разлика на сѐ…

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: бесплатен влез

 

 

ВЕЧЕРИ НА ЖЕНСКИ ПРАВА 2020

8 МАРТ (НЕДЕЛА), 20:00 Ч.

КУЌА НА МАЛАТА ЅВЕЗДА

(Little Star Rising)

Документарен филм, Хрватска,

2019, 75 мин., колор, ДЦП

Режија: Слаѓана Лучиќ (Slađana Lučić)

Сценарио: Слаѓана Лучиќ (Slađana Lučić)

 

Ние сме на почетната позиција на полутриатлонот Ајронмен – пливање од 1,9 км, возење велосипед од 90 км и трчање од 21 км. Веднаш покрај нас е и Нуџи, лекторка од Сараево, решена да го промени својот живот и да биде првата жена што носи хиџаб во Европа што ќе ја заврши оваа тешка трка. Зад нас е војната која остави лузни на сите, вклучувајќи ја и Нуџи. Во војната таа ги загубила својот татко, детството и домот.

Нуџи се загрева, решителна и оптимистична. Пред нас е моќно патување за редефинирање на животот на Нуџи, пречките што мразачите ги поставуваат пред нејзините нозе, но и добрите луѓе што се привлечени од оптимизмот на Нуџи и помошта што таа им ја дава на другите. Нуџи е решена, трката ќе започне. Милиони нешта минуваат низ нејзината глава, не сите од нив се убави. Но, како и секогаш, таа избира да се насмевне. Дали и Вие сте подготвени да изберете да се насмевнете?

 

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: бесплатен влез

 

 

ВЕЧЕРИ НА ЖЕНСКИ ПРАВА 2020

9 МАРТ (ПОНЕДЕЛНИК), 20:00 Ч.

ОТВОРЕНА ВРАТА

(Derë e Hapur / Open Door)

Игран филм, Албанија / Косово / Италија / Северна Македонија

2019, 78 мин., колор, ДЦП

Режија: Флоренц Папас (Florenc Papas)

Сценарио: Флоренц Папас, Ајола Даја (Florenc Papas, Ajola Daja)

Улоги: Лули, Битри, Јонида Вокши, Максвел Гузја, Сотирак Братко, Висар Вишка (Luli Bitri, Jonida Vokshi, Maxwell Guzja, Sotiraq Bratko, Visar Vishka)

 

Рудина, која е омажена и има дете, тргнува на долго патување со својата бремена сестра Елма, за да се сретнат со нивниот строг и патријархален татко во албанското село на брегот на езерото, каде што обете се родени. Елма забременила во вонбрачна врска и тој факт сигурно нема да му се допадне на таткото.

По патот низ планините Рудина и Елма го евоцираат нивниот младешки живот во родната куќа и спомените на мајка им. Рудина смислува план да „изнајмат“ сопруг на ден-два којшто би се појавил пред татко им, но ќе останат и без пари и без маж, па Елма го вклучува својот пријател од училишните денови да ја игра улогата на нејзин сопруг…

ОТВОРЕНА ВРАТА премиерно беше прикажан во официјалната конкуренција на Сараевскиот филмски фестивал, а беше учесник и во програмата „Перспективи на европскиот филм“ на 40-от Интернационален фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ во Битола. Режисерот Папас е актуелен програмски уредник на интернационалниот филмски фестивал во Тирана.

 

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: бесплатен влез

 

 

10 МАРТ (ВТОРНИК), 18:00 Ч.

16 МАРТ (ПОНЕДЕЛНИК), 20:00 Ч.

18 МАРТ (СРЕДА), 18:00 Ч. 

ПИСМА ДО ПОЛ МОРИСЕЈ

(Letters to Paul Morrissey)

Играно-експериментален филм, Шпанија

2018, 78 мин., колор, ДЦП

Режија: Арманд Ровира, Саида Бензал (Armand Rovira, Saida Benzal)

Сценарио: Арманд Ровира, Саида Бензал (Armand Rovira, Saida Benzal)

Улоги: Чави Саез, Алмар Г. Сато, Марија Фахула (Xavi Sáez, Almar G. Sato, María Fajula)

 

 

Неколку видео писма од различни делови на Земјата испратени до Пол Морисеј, авторот „треш културата“ и соработник на поп-арт кралот Енди Ворхол и бендот „Велвет андерграунд“. Сите писма имаат заедничка нишка- посвета на Пол Морисеј како авангардна филмска фигура.

Првото писмо е за Удо Штраус (Удо Кир / Udo Kier), авторот на писмото за Берлин од 70-тите години од минатиот век кое претставува крик против ситуацијата во која „капитализмот“ ја уништува хуманоста, форсирајќи ја трката по пари. Во второто писмо учествува Џо Далесандро (Joe Dallessandro) најважниот машки секс-симбол во 1960-тите и 1970-тите години и актер во филмовите на Ворхол и Морисеј.

Третото писмо е на Олена Вуд (Olena Wood), во спомен на Нико (од кругот на „Велвет Андерграунд“) и девојките од Челзи. Последните две писма се од актерки кои биле деца за време на најголемиот успех на Морисеј: Саида Бензал (Saida Benzal), режисерка и сценаристка и Хирока Танака (Hiroko Tanaka), девојка со необично пореметување на слухот, која сепак компонирала песни. Кога звукот станувал неподносливо болен за неа, таа ја надминувала ситуацијата на различни начини, а еден бил пишување писма до Морисеј…

 

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: 100 денари

 

 

11 МАРТ (СРЕДА), 20:30 Ч.

31 МАРТ (ВТОРНИК), 20:00 Ч.

МИЛОСТ БОЖЈА

(Grâce à Dieu / By the Grace of God)

Игран филм, Франција / Белгија

2019, 137 мин., колор, ДЦП

Режија: Франсоа Озон (François Ozon)

Сценарио: Франсоа Озон (François Ozon)

Улоги: Мелвил Пупо, Дени Меноше, Сван Арло (Melvil Poupaud, Denis Ménochet, Swann Arlaud)

 

Филмот ги следи животните приказни на тројца возрасни луѓе – Алекс, Франсоа и Емануела, нивните трауми и долгогодишната борба со самите себе.

По една случка која ќе предизвика лавина од лоши сеќавања, ќе започне борбата против суровите злодела од минатото. Споредувајќи ги своите лични трауматични искуства, хероите на приказната, ги преиспитуваат своите животи низ љубовна, семејна и професионална перспектива…

МИЛОСТ БОЖЈА минатата година ја доби Големата награда на жирито на Берлинале („Сребрена мечка“), забележа 8 номинации за француската награда „Цезар“, а беше и победник на фестивалот Лас Палмас, каде што наградата за најдобро актерско остварување колективно ја добија Пупо, Меноше и Арло.

 

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: 100 денари

 

12 МАРТ (ЧЕТВРТОК), 19:00 Ч.

ПРОМОЦИЈА НА ДВД ИЗДАНИЕТО НА ПЕТ ДИГИТАЛНО РЕСТАВРИРАНИ МАКЕДОНСКИ ИГРАНИ ФИЛМОВИ

 

12 МАРТ (ЧЕТВРТОК), 20:00 Ч.

МАКЕДОНСКИ ДЕЛ ОД ПЕКОЛОТ

(Macedonian Part of Hell)

Игран филм, Македонија

1971, 102 мин., колор, ДЦП

Режија: Ватрослав Мимица

Сценарио: Ватрослав Мимица, Славко Јаневски

Улоги: Дарко Дамески, Ацо Јовановски, Павле Вуисиќ, Фабијан Шоваговиќ, Илија Милчин, Петре Прличко, Милена Дравиќ, Нада Гешовска, Коле Ангеловски

 

Филмот е снимен според вистинит настан. При крајот на 1942 и во почетокот на 1943 година, за да го спречат ширењето на Револуцијата во Битолско, бугарските фашистички окупатори ги засилија прогоните и насилствата над цивилното население.

По предавството на селанецот Диме Пафтар дека во селото Лавци се наоѓаат партизани, меѓу кои е забележан и легендарниот учител Тодор Ангелов, по кого е распишана и потерница, бугарскиот полициски началник и мајорот на бугарската војска во Битола организираат заедничка акција за напад на селото. Под закрилата на ноќта партизаните, заедно со селаните, се подготвуваат за напуштање на селото. Меѓутоа, започнува нападот на опколеното село. По голема борба партизаните успеваат да го пробијат обрачот, но селаните и Даскалот остануваат во селото. Даскалот се крие во куќата на Јосиф, во скривницата на таванот.

Бугарската војска и полиција влегуваат во селото. За да го фатат Даскалот, мајорот и полицискиот началник одбираат 25 селани и им се закануваат дека ќе ги стрелаат. Времето одминува и селанките исплашени за животите на своите мажи масовно излегуваат сред село. Покажани од издајникот, издвоени се и измачувани Илинка, девојката на убиениот партизан Кајзер, Паца, жената на Јосиф, и Јосиф, кого го горат со вжештено железо. Никој не го предава Даскалот. За тоа време во куќата на Паца и Јосиф, нивниот син Миле го слуша викањето на скриениот учител, но не му помага туку излегува и им се придружува на другите селани. Во меѓувреме Велика добива породилни болки, се извлекува од толпата и незабележана влегува во куќата на Јосиф. Со крајни напори му помага на Даскалот да се извлече од скривницата. Во ноќта кога започнува одвојувањето на осудените на смрт, селаните ја забележуваат силуетата на Даскалот во селскиот сокак.

Тој, не дозволувајќи невини жртви, започнува да пука. Опколен од сите страни, бара засолниште во шталата. Шталата е запалена, и Даскалот, слушајќи ја песната на селаните, ја активира бомбата…

 

 

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: бесплатен влез

 

 

13 МАРТ (ПЕТОК), 18:00 Ч.

ТРИ АНИ

(Three Girls Named Ana)

Игран филм, Македонија

1959, 93 мин., црно-бел, звук, ДЦП

Режија: Бранко Бауер

Сценарио: Слободан Глумац

Улоги:  Душан Стефановиќ, Дубравка Гал, Марија Кон, Светлана Мишковиќ

 

Пензионираниот железничар Марко Петриќ ги живее своите еднолични пензионерски денови сè до оној момент кога ја открива можноста дека неговата ќерка Ана ја преживеала војната. Започнува да трага по неа преку Црвениот крст и печатот. На неговата адреса пристигнуваат податоците за три млади жени од кои секоја подеднакво ја има можноста да биде неговата ќерка Ана. Најпосле, стариот Марко сепак доаѓа до сознанието дека вистинската Ана загинала во војната…

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: бесплатен влез

 

 

13 МАРТ (ПЕТОК), 20:00 Ч.

ХАЈ – ФАЈ

(HI-FI)

Игран филм, Македонија

1987, 102 мин., колор, ДЦП

Режија: Владимир Блажевски

Сценарио: Горан Стефановски

Улоги: Фабијан Шоваговиќ, Данчо Чевревски, Елизабета Ѓоревска, Вукосава Донева, Мето Јовановски

 

Преку фрагмент од животот на Борис и неговиот син Матеј, филмот зборува за судирот на генерациите, за создадениот јаз поради идеолошката обоеност која едниот ја има, а другиот не ја поседува или, пак, кај него се манифестира на друг начин, и низ поинаквото однесување во умеењето или неумеењето да се помине животот достојно за едно човечко битие… Политичкиот затвореник Борис, по неколкуте години минати во затвор, се враќа дома. Во станот во кој по разводот со жената живее сам, вселен е неговиот син Матеј. Синот е веќе возрасен човек кој се обидува да заработи и да се афирмира како музичар. Во станот е сместено импровизирано тонско студио. Начинот на кој живее Матеј, неговата врска со девојката Мира, луѓето со кои тој контактира не му се допаѓаат на Борис. Тој смета дека е тоа бесмислен живот, без планови и идеали.

За ваквата трансформација на синот тој ја обвинува поранешната сопруга која е успешна во професионалната кариера, но затоа нема авторитет пред синот и единственото што може да го направи е да ја обезбедува неговата материјална егзистенција. Уште еден неочекуван пораз го погодува Борис. Жената со која сака да го помине преостанатиот дел од животот, умира. Според него, сега единственото што може да го направи – е да го „врати“ синот на вистинскиот пат и да му покаже дека човек треба достојно да го минува времето што му е дадено. Она што му преостанува е да воведе суров режим во животот на синот. Ги прекинува сите негови контакти. Го врзува со лисици, а сите потреби и сета комуникација ја презема на себе. Според мислењето на Борис, сè што се случува е лично меѓу нив двајцата. Тој врши и вербална и физичка тортура врз синот, инсистирајќи тој да се согласи дека животот што го водел е залуден. Матеј не се согласува со ставот на таткото, но пасивниот отпор што го покажува го заплашува Борис. Нивните денови минуваат во играње шах и во пречукување на затворскиот дневник што Борис го водел секојдневно и без исклучок во затворот. Најпосле, Борис сепак го ослободува синот. Тие тргнуваат на пат кон родното село на таткото…

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: бесплатен влез

 

 

14 МАРТ (САБОТА), 18:00 Ч.

ЖЕД

(Thirst)

Игран филм, Македонија

1971, 84 мин., колор, ДЦП

Режија: Димитрие Османли

Сценарио: Живко Чинго

Улоги:  Неда Спасоевиќ, Сабина Ајрула-Тозија, Јадвига Митревска, Снежана Стамеска, Ацо Јовановски, Павле Вуисиќ, Драги Костовски, Дарко Дамески, Коле Ангеловски

 

Жителите на едно село во пасивен македонски крај својата егзистенција со одење на печалба. Во селото работат и живеат три учителки, младите девојки Елица, Марија и Николина, и секоја на свој начин се обидува да му даде смисла на животот кој им е наметнат во оваа средина. Најголем проблем во селото е снабдувањето со вода. Од далечниот планински извор водата ја носи водоносецот Марко, кој е вљубен во сиромашната девојка Кате. Нивната врска нема перспектива поради исклучителната сиромаштија во која живеат.

Монотонијата на селскиот живот се разбива со доаѓањето на групата рударски инженери кои во планината вршат истражувања. Меѓу нив е и инженерот Виктор, кој го привлекува вниманието на учителката Марија. Таа е во дилема дали да ја прифати можноста да замине со него од селото и коренито да го измени својот живот. Сепак, пресудна е нејзината желба да им се помогне на децата и жителите од селото и таа останува.

Враќањето на остарениот печалбар Трендафил, вујко на Кате, претставува своевиден настан за животот на селото. Судбината на многумина во селото зависи од „богатството“ на вујкото кој се вратил од Америка. Внуката Кате се надева дека ќе ѝ биде овозможено да се оствари нејзината љубов кон водоносецот Марко и желбата да има свое семејство. Интерес покажува и учителката Елица, сметајќи дека парите од стариот печалбар ќе значат излез за бегство од селото. Надежите на многумина се изневерени. Кате останува сама, бидејќи Марко заминува на печалба; Елица се соочува со уште едно разочарување, а стариот печалбар умира осамен и презрен од сите.

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: бесплатен влез

 

14 МАРТ (САБОТА), 20:00 Ч.

ТАТКО (КОЛНАТИ СМЕ, ИРИНА)

Father (We are Cursed, Irina)

Игран филм, Македонија

1973, 84 мин., црно-бел, ДЦП

Режија: Коле Ангеловски

Сценарио: Коле Ангеловски

Улоги:  Велимир Бата Живоиновиќ, Неда Арнериќ, Мето Јовановски, Ненад Милосављевиќ

 

Меѓу селските момчиња кои заминуваат во војска е и тукушто оженетиот Дамјан, единствениот син на воденичарот Витан. Младата жена останува во куќата на свекорот. Упатени еден на друг тие заеднички го носат бремето на работата во воденицата и околу имотот. Во долгите и монотони вечери младата Ирина го посакува враќањето на Дамјан. Честите наминувања на Мечето, селскиот клисар и трговец, ја вознемируваат Ирина. Таа не го поднесува поради невкусните шеги кои алудираат на нејзината младост, убавина и самотија. Додека Витан собира дрва во планината, Ирина пере на потокот. Водата ја мами и таа се бања. Од грмушките ја гледаат селските момчиња. Ја гледа и Витан обземен од нејзината убавина.

Заемната привлечност на Витан и Ирина, на еден силен маж и една пожелна жена, се случува спонтано и скоро неминовно во осамата во која живеат. Но, и двајцата, оптоварени со грешноста на желбата која подеднакво ја чувствуваат, наоѓаат сили да ѝ се спротивстават. Не можејќи да ја контролира љубомората, Витан не само што не им допушта на селаните да носат жито за мелење во воденицата, туку и на случајните минувачи им се заканува со истрели. Една ноќ паѓаат сите предрасуди, страста станува посилна од сите забрани…

Доаѓа и денот на Дамјановото враќање. Тој во планината ги наоѓа татка си и својата жена кои во љубовен занес не го забележуваат неговото пристигнување. Сведок на целиот настан е и Мечето. Тој доаѓа во воденицата и го известува Витан дека Дамјан се крие во планината. Во воденицата владее молк. Витан и Ирина го очекуваат појавувањето на Дамјан. Гонет од љубомора и под бремето на неверојатниот грев, тој се однесува како подивен ѕвер. Своето право на маж го покажува силувајќи ја Ирина. Таа му се одмаздува убивајќи го. Витан се враќа од планината. Пред куќата го чека Ирина…

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: бесплатен влез

 

 

16 МАРТ (ПОНЕДЕЛНИК), 18:00 Ч. 

18 МАРТ (СРЕДА), 20:00 Ч. 

19 МАРТ (ЧЕТВРТОК), 20:00 Ч. 

ЈУЛИ

(Yuli / Yuli: The Carlos Acosta Story)

Игран филм, Шпанија / Куба / В. Британија

2018, 105 мин., клор, ДЦП

Режија: Исиар Болаин (Icíar Bollaín)

Сценарио: Пол Лаверти, Карлос Акоста (Paul Laverty, Carlos Acosta)

Улоги: Андреа Доимеадиос, Карлос Акоста, Цезар Домингез, Едлисон Мануел Олбера Њунез, Сантијаго Алфонсо (Andrea Doimeadiós, Carlos Acosta, Cesar Domínguez, Edlison Manuel Olbera Núñez, Santiago Alfonso)

 

Јули е прекарот на кубанскиот балетски танчер Карлос Акоста, легенда на светскиот балет и прв црномурест танчер кој играл некоја од главните балетски ролји. Акоста е балетски танчер кој не сакал да игра балет.

Јули е прекарот кој Карлос Акоста го добива од неговиот татко Педро, кој го сметал својот син за Огуна – африкански бог и борец. Како дете, Јули ја избегнува дисциплината и го поминува времето на сиромашните улици на Хавана. Меѓутоа неговиот татко има други планови. Знаејќи дека неговиот син има природен талент за танц, тој го праќа во националната балетска школа на Куба. Јули од мали нозе почнува да ја обликува својата светски позната кариера и станува првиот црн танчар во многу балетски претстави напишани за бели играчи…

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 денари

 

 20 МАРТ (ПЕТОК), 18:00 Ч. 

ГОСТИНОТ

(L’ospite / The Guest)

Игран филм, Италија / Швајцарија / Франција

2018, 94 мин., колор, ДЦП

Режија: Дучо Кјарини (Duccio Chiarini)

Сценарио: Дучо Кјарини, Давиде Лантиери, Марко Петенело, Роан Џонсон (Duccio Chiarini, Davide Lantieri, Marco Pettenello)

Улоги: Даниеле Паризи, Силвиа Д`Амико, Ана Белато (Daniele Parisi, Silvia D’Amico, Anna Bellato)

 

Гвидо мислеше дека води некомплициран живот, сè додека, едно зимско попладне, не доживее ненадеен шок од неговата девојка Кјара. Гвидо е принуден да го спакува куферот и да го напушти нивниот стан. Но, каде да оди?

Ги замолува своите родители и пријатели да го примат и така почнува да преспива на нивните каучи, прифаќајќи ја улогата на сведок на нивните секојдневни животи и нивните различни романтични аспекти…

ГОСТИНОТ забележа учество на неколку фестивали во светот: Locarno IFF 2018 – Piazza Grande; Chicago IFF 2018 – Comedy Program, Vancouver Italian Film Festival 2019; Torino FF 2018 – Festa Mobile – Torino Film Lab Section; FICBAQ 2019 – Blue Lobster Competition; Espoo Ciné IFF 2019…

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 денари

 

 

 20 МАРТ (ПЕТОК), 20:00 Ч. 

СОНОТ НА КАТРИНА

(Katrina’s Dream)

Игран филм, Швајцарија / Италија

2018, 84 мин., колор, ДЦП

Режија: Дарио Бишофбергер, Мирко Бишофбергер (Dario Bischofberger, Mirko Bischofberger)

Сценарио: Дарио Бишофбергер, Мирко Бишофбергер (Dario Bischofberger, Mirko Bischofberger)

Улоги: Симон Естебан, Адриан Фурер, Леонард Косан (Simon Esteban, Adrian Furrer, Leonard Kocan)

 

Катрина сака да има деца, но нејзиното момче Луис не сака. Таа се вљубува во неговиот најдобар пријател Рон, кој станува мажот на нејзиниот живот. Една вечер, враќајќи се пијани од една роденденска забава, двајцата пријатели доживуваат сообраќајна несреќа, во која Рон ја губи главата, а Луис телото. Благодарение на трансплантација на главата, двајцата мажи преживуваат, споени во еден човек. Катрина сега мора да се справи со телото и умот на двајцата мажи за да си го исполни сонот…

Учество на фестивали: Dublin Independent Film Festival, награда за кинематограферот Николо Сетеграна (Nicolo Settegrana)…

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 денари

 

 

21 МАРТ 9САБОТА), 20:00 Ч. 

МЕДЕНА ЗЕМЈА

(Honeyland)

Документарен филм, С. Македонија

2019, 90 мин., колор, ДЦП

Режија: Тамара Kотевска, Љубомир Стефанов (Tamara Kotevska, Ljubomir Stefanov)

Улоги: Атиџе Муратова, Назифе Муратова, Хусеин Сам (Hatidze Muratova, Nazife Muratova, Hussein Sam)

Атиџе, последната одгледувачка на диви пчели во Европа, се соочува со опасност кога во околината облагородена со природен баланс ќе се насели многучлено семејство кое ќе се обиде да ѝ ја преземе трговијата со мед.
Низ супериорна визуелна нарација и маестрална монтажа, филмот за „медената земја“ нѐ опоменува дека сите наши постапки си имаат последици по човештвото во иднина. По подолго време – конечно – фантастичен филмски продукт од ова поднебје, кое како трајна вредност го препознава целиот свет.
Фестивали и награди: Sundance Film Festival 2019 – Најдобар документарен филм, кинематографери и награда „Impact and change“; DocsBarcelona 2019 – Најдобар документарен филм; DocAviv Film Festival 2019 – Најдобар документарен филм; Montclair Film Festival 2019 – Најдобар документарен филм…

Возрасна категорија: 12 години
Влезница: 100 денари

 

 

22 МАРТ (НЕДЕЛА), 19:30 Ч.

ГРЕБНАТИНКИ НА ДУШАТА

(Scratches of the soul)

Документарен филм, С. Македонија

2020, 20 мин., колор, ДЦП

Режија: Александар Манасиев

Сценарио: Александар Манасиев

 

Веројатно најбогатата колекција на македонско музичко наследство внимателно се чува, дигитализира и архивира во домот на семејството Ендендајк во Суст, Холандија. Богатата музичка колекција собирана во текот на целиот живот е наследството кое брачниот пар од Холандија планира да го предаде на некој во Македонија. Со години живеат со дилемата дали има соодветна институција која ќе води грижа за ова наследство, со оглед дека историските архиви не се чуваат соодветно и дел се засекогаш изгубени. Филмот ГРЕБНАТИНКИ НА ДУШАТА ја следи борбата на едно семејство да се зачува дел од македонската историја.

 

Возрасна категорија: за сите возрасти

Влезница: бесплатен влез

СКОПЈЕ ФИЛМ ФЕСТИВАЛ КЛАСИК: ЧАРЛИ ЧАПЛИН

23 МАРТ (ПОНЕДЕЛНИК), 18:00 Ч.

ЦИРКУСОТ

(The Circus)

1928, 72 мин., црно-бел. ДЦП

Режија: Чарли Чаплин (Charlie Chaplin)

Сценарио: Чарли Чаплин (Charlie Chaplin)

Улоги: Чарли Чаплин, Мирна Кенеди, Ал Ернест Гарсија, Хенри Бергман, Хари Крокер (Merna Kennedy, Al Ernest Garcia, Henry Bergman, Harry Crocker)

 

Крадец му го краде паричникот на еден човек и за да не биде откриен, го става во панталоните на скитникот (Чаплин). Подоцна, жртвата на кражбата го здогледува паричникот кај скитникот и го пријавува кај полицаецот. Бегајќи, тие влегуваат во циркусот токму за време на претставата и сите гледачи се воодушевени од скитникот. Поради тоа, сопственикот на циркусот (го игра Гарсија) му нуди работа на скитникот, но утредента, за време на пробата, тој се покажува во лошо светло и не ја добива работата. Таму, скитникот ја запознава ќерката на сопственикот на циркусот (Кенеди) и се вљубува во неа.

Меѓутоа, подоцна, кога работниците во циркусот даваат отказ, скитникот е ангажиран како физички работник. Кога случајно ќе упадне на среде претстава, публиката повторно е воодушевена од него и сопственикот на циркусот сфаќа дека тој е главната атракција. Така, скитникот работи тешки работи без да знае дека е главната ѕвезда сè додека ќерката на сопственикот не му ја каже тајната. Потоа, тој добива поголема плата и ужива повластен третман. Работите се менуваат кога во циркусот пристигнува згодниот акробат Рекс (Крокер) во кого се вљубува ќерката на сопственикот…

Возрасна категорија: за сите возрасти

Влезница: 100 денари

 

23 МАРТ (ПОНЕДЕЛНИК), 20:00 Ч.

ГОЛЕМИОТ ДИКТАТОР

(The Great Dictator)

Игран филм, САД

1940, 125 мин., црно-бел, ДЦП

Режија: Чарлс Чарли Чаплин (Charles Charlie Chaplin)

Сценарио: Чарли Чаплин (Charlie Chaplin)

Улоги: Чарли Чаплин, Полет Годар, Џек Оуки, Реџиналд Гардинер, Хенри Дениел, Били Гилберт (Charlie Chaplin, Paulette Goddard, Jack Oakie, Reginald Gardiner, Henry Daniell, Billy Gilbert)

 

За време на Првата светска војна, еден сиромашен еврејски бербер (го игра Чаплин) служи како обичен војник во војската на Томанија. Тој спасува еден пилот, Шулц (го игра Гардинер) на томанската авијација, но притоа ја повредува главата, поради што го губи сеќавањето. По војната, во Томанија доаѓа на власт диктаторот Аденоид Хинкел (го игра Чаплин), кој обожува големи и потресни говори, иако во суштина се работи за многу несигурен и плашлив човек. По излегувањето од болницата, берберот повторно започнува да работи во својот дуќан што се наоѓа во еврејската населба. Додека војниците на Хинкел го обележуваат неговиот дуќан како еврејски, тој започнува тепачка со нив, при што му помага убавата, сиромашна Хана (ја игра Годар). Неволјите на берберот со војниците продолжуваат и понатаму…

Диктаторот сака да ја финансира својата финансира својата армија со помош на еврејскиот банкар Херман Епштајн, но Епштајн одбива да му помогне поради теророт што го врши режимот на Хинкел врз еврејското население. Затоа Хинкел наредува уништување на еврејската населба, а Шулц паѓа во немилост кај диктаторот, зашто одбива да ја уништи населбата. Армијата започнува голем претрес и ги затвора Шулц и берберот, додека Хана и нејзините блиски пријатели успеваат да избегаат во соседната земја Остерич. За тоа време се заоструваат односите меѓу Томанија и Бактерија, којашто ја распоредила својата војска на границата со Остерич. Шулц и берберот успеваат да избегаат од затворот, облечени во офицерски униформи, а војската започнува потрага по нив. По грешка, таа го апси диктаторот Хинкел, кој во близината лови патки, а свечено го пречекува берберот, мислејќи дека се работи за диктаторот. Тогаш, војската на Томанија влегува во соседната земја Остерич, каде народот им приредува воодушевен пречек…

 

Возрасна категорија: за сите возрасти

Влезница: 100 денари

 

 

24 МАРТ (ВТОРНИК), 18:00 Ч.

СВЕТЛИНИТЕ НА ВЕЛЕГРАДОТ

(City Lights)

Игран филм, САД

1931, 87 мин., црно-бел, ДЦП

Режија: Чарли Чаплин (Charlie Chaplin)

Сценарио: Чарли Чаплин (Charlie Chaplin)

Улоги: Чарли Чаплин, Вирџинија Черил, Флоренс Ли, Хари Мајерс (Charlie Chaplin, Virginia Cherrill, Florence Lee, Harry Myers)

 

Скитник (Чаплин), скитајќи низ градот, наидува на слепа девојка (Черил) која продава цвеќиња за да се прехрани себеси и својата баба (Ли). Со последната паричка тој купува еден цвет, а девојката си помислува дека се работи за некој убав и богат господин. Подоцна, скитникот случајно се среќава со пијаниот ексцентричен милионер (Маерс) кој сака да изврши самоубиство затоа што го напуштила сопругата. Скитникот го спречува во намерата и милионерот го прифаќа како свој најдобар пријател. Меѓутоа, проблемот се состои во тоа што откако ќе се отрезни милионерот воопшто не се сеќава на скитникот.
Во меѓувреме, скитникот ја посетува девојката и таму дознава дека таа ќе биде присилно избркана од куќата ако не ја плати киријата. Истовремено, тој дознава дека некој познат лекар во Виена открил лек за слепилото, па затоа, скитникот ѝ ветува на девојката дека ќе обезбеди пари за киријата и за операцијата на очите.

За таа цел, тој најпрвин се вработува како чистач на улиците, а еднаш се пријавува и да боксува за пари, меѓутоа ја губи борбата против посилниот противник. За среќа, тој повторно се среќава со милионерот, кој го кани скитникот во својот дом и таму му ги дава парите потребни за операцијата на девојката. Но, во домот на милионерот упаѓаат криминалци, кои го онесвестуваат милионерот. Скитникот повикува полиција, но слугата го обвинува него за кражба, па завршува в затвор.
По излегувањето на слобода, тој скита низ градот и случајно застанува до излогот на една цвеќарница. Сопственичка на цвеќарницата е девојката, која повеќе не е слепа, но дали ќе го препознае човекот кој цело време ѝ помагал…

 

Возрасна категорија: за сите возрасти

Влезница: 100 денари

 

 

24 МАРТ (ВТОРНИК), 20:00 Ч.

ГОСПОДИН ВЕРДУ

(Monsieur Verdoux)

Игран филм, САД

1947, 124 мин., црно-бел, ДЦП

Режија: Чарли Чаплин (Charlie Chaplin)

Улоги: Чарли Чаплин, Орсон Велс (Charlie Chaplin, Orson Welles)

Улоги: Чарли Чаплин, Меди Корел, Алисон Родан, Роберт Луис, Одри Бец (Charlie Chaplin, Mady Correll, Allison Roddan, Robert Lewis, Audrey Betz)

 

Насловниот лик, господинот Верду, е измамник кој се жени со ситуирани жени, а потоа ги убива за да ги добие парите што му се потребни за неговото семејство. Но, со две дами има лоша среќа…

ГОСПОДИН ВЕРДУ е втор голем звучен филм на Чарли Чаплин и сигурно најконтроверзен филм во неговиот голем опус. Сценариото што претставува необична мешавина од драмскиот, криминалистичкиот и жанрот на црната комедија е пишувано според идејата на Орсон Велс, друга икона на светската кинематографија од средината на минатиот век.

ГОСПОДИН ВЕРДУ е пресвртница во творештвото на Чаплин бидејќи во овој филм тој за прв пат сериозно се оддалечува од неговиот стандарден лик на скитник, кој го градел цели три децении.

Филмот наишол на поделени реакции во американската јавност, посебно неговиот крај, во кој Чаплин го поставува прашањето зошто некој што убил неколку жени е убиец, а генералите, политичарите и трговците со оружје што во војните убиваат милиони луѓе се третираат како херои и историски личности.

Набргу по овој филм започнува антикомунистичката хистерија во САД, Чаплин е осомничен дека е левичар, и му е забранет влез во земјата бидејќи немал американско државјанство.

 

 

Возрасна категорија: 14 години 

Влезница: 100 денари

 

 

25 МАРТ (СРЕДА), 18:00 Ч.

КРАЛ ВО ЊУЈОРК

(A King In New York)

Игран филм, В. Британија

1957, 105 мин., црно-бел, ДЦП

Режија: Чарли Чаплин (Charlie Chaplin)

Сценарио: Чарли Чаплин (Charlie Chaplin)

Улоги: Чарли Чаплин, Максин Одли, Џери Дезмонд (Charlie Chaplin, Maxine Audley, Jerry Desmonde)

 

Неодамна соборениот монарх од една европска земја, кралот Шахдов, бегајќи од револуцијата во татковината бара засолниште во Њујорк. Тој е банкротиран поранешен владетел, но случајно станува славна телевизиска личност. За да заработи пари, работи на ТВ, прави реклами, но по грешка одеднаш е осомничен дека и самиот е комунист, иако бил соборен токму од комунистичката револуција во неговата земја. Затоа мора да оди на сослушување на антикомунистичката комисија на сенаторот Мекарти, познатиот „ловец на комунистички вештерки“ во САД по Втората светска војна.

КРАЛ ВО ЊУЈОРК е првиот филм во доцната творечка фаза на Чаплин надвор од САД, со кој тој на извесен начин се пресметува со американската демократија низ неговиот сатиричен поглед. Чаплин одбивал да земе американско државјанство, и кога во 1952 заминал на патување надвор од САД, му било одбиено барањето да му се продолжи престојот. Чаплин живеел во Швајцарија и цели две децении не доаѓал во САД, сè до 1971, кога во Холивуд ја примил почесната награда на Американската филмска академија за животно дело во филмот.

 

Возрасна категорија: за сите возрасти

Влезница: 100 денари

 

25 МАРТ (СРЕДА), 20:00 Ч.

СВЕТЛИНИТЕ НА СЦЕНАТА

(Limelight)

Игран филм, САД

1952, 137 мин., црно-бел, ДЦП

Режија: Чарли Чаплин (Charlie Chaplin)

Сценарио: Чарли Чаплин (Charlie Chaplin)

Улоги: Чарли Чаплин, Клер Блум, Најџел Брус, Бастер Китон (Charlie Chaplin, Claire Bloom, Nigel Bruce, Buster Keaton)

 

Последниот американски филм на Чаплин ја раскажува приказната за еден комичар во мјузикли, чија слава и кариера полека избледуваат, и за еден балетски танчер со самоубиствени мисли. Обајцата мораат да се потпомогнат меѓусебно за да најдат цел и надеж во нивните животи…

Главен момент во филмот е класичниот дует на Чаплин со неговиот единствен вистински ривал во филмската комедија – Бастер Китон. СВЕТЛИНИТЕ НА СЦЕНАТА е нивното заедничко простување од ерата на немиот филм, пантомимата и комичните филмови во кои остварија величествени кариери и успеси.

 

Возрасна категорија: за сите возрасти

Влезница: 100 денари

 

26 МАРТ (ЧЕТВРТОК), 18:00 Ч.

ЗЛАТНАТА ТРЕСКА

(The Gold Rush)

Игран филм, САД

1925, 95 мин., црно-бел, ДЦП

Режија: Чарли Чаплин (Charlie Chaplin)

Сценарио: Чарли Чаплин (Charlie Chaplin)

Улоги: Чарли Чаплин, Мак Свејн, Том Мари, Џорџија Хејл (Charlie Chaplin, Mack Swain, Tom Murray, Georgia Hale)

 

Сторијата се одвива во времето на златната треска во САД, кога илјадници луѓе се упатиле во планините на Алјаска во потрага по злато. Малиот сиромашен човек (Чаплин) заминува во планината со надеж дека ќе си ја најде среќата. Тој се засолнува во една колиба во доаѓа во судир со озлогласениот Блек Ларсен (Мари) по кого трага полицијата. Сепак, во колибата доаѓа Биг Џим (Свејн), кој претходно пронашол место богато со злато. Кога Ларсен заминува во потрага по храна, во колибата остануваат малиот човек и Биг Џим, кој не може да го издржи гладот и сака да го убие својот сопатник. За среќа, во колибата доаѓа една мечка која ја убиваат и така двајцата се спасуваат од гладот.
Кога Биг Џим доаѓа до местото каде го пронашол златото, таму го затекнува Блек Ларсен, кој го удира по главата поради што Биг Џим го губи паметењето. Блек Ларсен успева да избега со богат плен, но погинува при одрон на земјиштето. Малиот човек заминува во блискиот град каде во кафеаната се вљубува во убавата танчарка Џорџа (Хејл). Џорџа и нејзините другарки започнуваат да се дружат со него, но забораваат да го посетат малиот човек за време на новогодишната ноќ, иако тој подготвил вечера и поклони.
Во меѓувреме, Биг Џим не може да се сети на местото каде го пронашол златото и затоа го бара малиот човек кој треба да му помогне да го пронајде наоѓалиштето на злато. Двајцата одат во планината каде се сместуваат во истата колиба од нивната прва средба. Ноќта има бура што ја турка колибата до работ на провалијата, при што двајцата едвај успеваат да се спасат. Потоа, тие го наоѓаат наоѓалиштето на злато и стануваат многу богати…

 

Возрасна категорија: за сите возрасти

Влезница: 100 денари

 

ФИЛМ ПО ИЗБОР НА ГЕТЕ ИНСТИТУТ

26 МАРТ (ЧЕТВРТОК), 20:00 Ч.

ВО ДИСКО ФИЛИНГ

(Ich fühl mich Disco / I Feel Like Disco)

Игран филм, Германија

2013, 98 мин., колор, ДЦП

Режија: Аксел Раниш, Рене Римкус (Axel Ranisch, René Rimkus)

Сценарио: Аксел Раниш, Зонке Андресен (Axel Ranisch, Sönke Andresen)

Улоги: Фритхјоф Гавенда, Хајко Пинковски, Кристина Гросе (Frithjof Gawenda, Heiko Pinkowski, Christina Große)

 

Флоријан Хербст е најсреќен кога неговиот татко не е дома. Тогаш тој може да танцува низ куќата со својата мајка, да носи луди костуми и да ги заборави сите свои проблеми.

Неговиот татко Хано Хербст не знае што да прави со својот син, кој има две леви раце, премногу голем стомак и воопшто не е заинтересиран ни за спорт ни за девојки. Но, не е сè толку лошо! Семејството Хербст сè уште ја има – мама. Со нежна доминација, таа ја контролира кревката хармонија на семејството и ги штити нејзините двајца еден од друг. Барем до едно ужасно утро, кога „кулата од карти“ се распаѓа и мајката и сопруга во еден момент исчезнува од нивните животи.

Таткото и синот се оставени зад себе, презаситени еден од друг, но постепено учат да се справат со недостатоците на другиот.

Филмот на Аксел Раниш и Рене Римкус победи на фестивалот за телевизиски филмови во Баден-Баден, Германија, и на фестивалот на независни филмови во Лос Анџелес, САД.

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: бесплатен влез 

 

 

27 МАРТ (ПЕТОК), 18:00 Ч.

АЏИЈАТА

(The Pilgrim)

Игран филм, САД

1923, 47 мин., црно-бел, ДЦП

Режија: Чарли Чаплин (Charlie Chaplin)

Сценарио: Чарли Чаплин (Charlie Chaplin)

Улоги: Чарли Чаплин, Една Пурвианс, Сид Чаплин (Charlie Chaplin, Edna Purviance, Syd Chaplin)

 

Филм за скитник кој е осуден на затворска казна, но бега од затворот. На себе има облека на проповедник и по забуна станува пастор во малата црква во гратчето наречено Ѓаволов теснец.

По извесно време ќе биде откриена неговата измама и затворското минато, па шерифот ќе го одведе на мексиканската граница каде што може да избере да се врати, но како осуденик на затворска казна или, пак, да замине во Мексико и да се соочи со мексиканските разбојници, чии банди се во меѓусебна војна…

 

Возрасна категорија: за сите возрасти

Влезница: 100 денари

 

 

27 МАРТ (ПЕТОК), 20:00 Ч.

МОДЕРНИ ВРЕМИЊА

(Modern Times)

Игран филм, САД

1936, 87 мин., црно-бел, ДЦП

Режија: Чарли Чаплин (Charlie Chaplin)

Сценарио: Чарли Чаплин (Charlie Chaplin)

Улоги: Чарли Чаплин, Полет Годар, Хенри Бергман (Charlie Chaplin, Paulette Goddard, Henry Bergman)

 

Еден фабрички работник (Чаплин) никако не може да го фати ритамот на производната лента. Темпото на работата е убиствено, а директорот (Гарсија) ги надгледува сите работници, со цел да ја зголеми продуктивноста. Не можејќи да го издржи притисокот, работникот полудува. По излегувањето од болницата, тој случајно се наоѓа меѓу демонстранти и по грешка ќе биде уапсен.

Во затворот, сосема случајно, тој успева да го спречи бунтот на затворениците и да ги спаси полицајците, по што ужива посебен третман таму. Набргу, него го ослободуваат и му даваат препорака со која може лесно да најде работа. Најпрвин, тој се пријавува во бродоградилиштето, кое веднаш го напушта, предизвикувајќи голема штета. Не можејќи да се снајде во цивилниот живот, тој прави сè да се врати во затворот. Се пријавува себеси како крадец, со намера да ја спаси сиромашната девојка (Годар), која постанала бездомник откако нејзиниот татко бил убиен.
Двајцата се уапсени, но успеваат да избегаат од полициското возило. Се вселуваат во напуштена колиба, со намера да најдат работа и да основаат семејство. Скитникот повторно се вработува во фабриката, но за време на штрајкот случајно повредува еден полицаец, така што повторно е уапсен и затворен. Девојката, пак, успева да најде работа како танчарка во една кафеана, а по излегувањето од затворот, таму се вработува и фабричкиот работник. Меѓутоа, во кафеаната доаѓаат полициските детективи, кои имаат налог да ја уапсат девојката…

 

Возрасна категорија: за сите возрасти

Влезница: 100 денари

 

 

29 МАРТ (НЕДЕЛА), 20:00 Ч.

ДЕТЕТО

(The Kid)

Игран филм, САД

1921, 68 мин., црно-бел, ДЦП

Режија: Чарли Чаплин (Charlie Chaplin)

Сценарио: Чарли Чаплин (Charlie Chaplin)

Улоги: Чарли Чаплин, Една Пурвианс, Џеки Куган (Charlie Chaplin, Edna Purviance, Jackie Coogan)

 

Една жена (Пурвианс) се породува и бебето го остава во автомобилот пред една богата куќа. Двајца крадци го крадат автомобилот, а потоа, кога го забележуваат бебето, го оставаат на улица. Еден скитник (Чаплин) случајно поминува тука и го наоѓа бебето. Најпрвин, тој се обидува да се ослободи од бебето, но притиснат од полицаецот, на крајот е принуден да го земе бебето дома и да се грижи за него. Во меѓувреме, мајката на бебето станува голема ѕвезда, која одвреме-навреме им помага на сиромашните. Еднаш, таа доаѓа во сиромашниот кварт и таму го среќава својот син, не претпоставувајќи дека се работи за нејзиното дете.

Скитникот му кажува на лекарот како го пронашол детето и му ја покажува хартијата со пораката на мајката на детето во која таа замолува за нега на бебето. Лекарот пријавува во социјалната служба и во домот на скитникот доаѓаат социјалните работници, кои сакаат да го однесат детето во домот за сираци. Скитникот со сета сила се бори со нив и со полицаецот и успева да го земе детето, но не смее да се врати дома. Мајката на детето повторно доаѓа во сиромашниот кварт и таму го среќава лекарот, кој ѝ ја покажува белешката што ја напишала таа. Преспиваат во едно евтино преноќиште, каде што сопственикот дознава од весникот за изгубеното дете. Ноќта, тој го грабнува детето и го носи во полициската станица, а утредента доаѓа мајката за да си го земе. Очајниот скитник доаѓа пред својот дом и заспива на тротоарот, сонувајќи дека е во рајот. Тогаш, него го буди полицаецот и го носи во куќата на мајката на детето…

 

Возрасна категорија: за сите возрасти

Влезница: 100 денари

 

 

30 МАРТ (ПОНЕДЕЛНИК), 18:00 Ч.

КАДЕ ПРИПАЃАМЕ?

(Where We Belong)

Документарен филм, Швајцарија

2019, 78 мин., колор, ДЦП

Режија:  Жаклин Цинд (Jacqueline Zünd)

Сценарио:  Жаклин Цинд (Jacqueline Zünd)

Учествуваат: Карлтон Гогел, Шерада Гогел, Томанс Курман (Carleton Gogel, Sherazade Gogel, Thomas Kurmann)

 

Поетски и интензивен документарен филм, кој ни прикажува како младите се борат со разделбата на нивните родители.

Родителите се разделуваат, семејството се распаѓа. Од она што некогаш било едно сега произлегуваат два одвоени светови. Децата сега живеат меѓу два дома, во постојана транзиција. Филмот се обидува да ни ја приближи детската реалност и се фокусира на тоа колку децата се кревки, но истовремено и колку храбро, паметно и со смеа ја перципираат нивната состојба.

Филмот е номиниран за „Кристална мечка“ на филмскиот фестивал Берлинале 2019 во програмата Generation Kplus и е добитник на Young Eyes наградата на Документарниот фестивал во Лајпциг.

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 денари

 

 

30 МАРТ (ПОНЕДЕЛНИК), 20:00 Ч.

НЕОБИЧНИ

(Hors normes / The Specials)

Игран филм, Франција

2019, 114 мин., колор, ДЦП

Режија: Оливие Накаш, Ерил Толедано (Olivier Nakache, Éric Toledano)

Сценарио: Оливие Накаш, Ерил Толедано (Olivier Nakache, Éric Toledano)

Улоги: Венсан Касел, Реда Катеб, Лина Кудри, Елен Венсан, Алоиз Соваж (Vincent Cassel, Reda Kateb, Lyna Khoudri, Hélène Vincent, Aloïse Sauvage)

 

НЕОБИЧНИ е филмска приказна за двајца воспитувачи на деца и адолесценти со аутизам. Дваесет години Бруно и Малик живеат во одвоен свет, со аутистични деца и тинејџери. Нивното здружение обучува млади луѓе од опасните квартови да се грижат за оние кои се карактеризирани како „исклучиво комплексни“. Нивниот живот може да се опише како посебно партнерство за посебни личности….

НЕОБИЧНИ беше најдобар филм според изборот на публиката на Филмскиот фестивал во Сан Себастијан, Шпанија, а филмот забележа и 8 номинации за француската филмска национална награда „Цезар“.

 

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: 100 денари

 

31 МАРТ (ВТОРНИК), 18:00 Ч.

ХРОНОФОБИЈА

(Chronofobia)

Игран филм, Швајцарија

2018, 93 мин., колор, ДЦП

Режија: Франческо Рици (Francesco Rizzi)

Сценарио: Даниела Гамбаро, Франческо Рици (Daniela Gambaro, Francesco Rizzi)

Улоги: Виничио Маркиони, Сабине Тимотео, Леонардо Нигро (Vinicio Marchioni, Sabine Timoteo, Leonardo Nigro)

 

Сатер е осамен човек, кој е во постојано движење, бегајќи од себе. Преку ден, шета низ Швајцарија со бело комбе, додека преку ноќ тајно го набљудува животот на една друга осамена личност: Ана, млада жена што страда од сложен облик на тага. Откако ја открива неговата опседнатост со неа, се создава необична врска меѓу нив. Но оваа кревка рамнотежа за кратко време ќе биде уништена, кога Ана ја открива мрачната тајна на Сатер. Филмот e хроника на една невозможна љубовна приказна.

 

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: 100 денари

 

 

Филмска програма март 2020

 

Leave a comment