Под мотото „Проекции во живо“, три филма од годинешната програма на фестивалот КИНЕНОВА ќе бидат прикажани во киносалата на Кинотеката. Проекциите започнуваат во 19:00 ч.

13 ОКТОМВРИ (ВТОРНИК), 19:00 Ч.

ГОСПОД ПОСТОИ, НЕЈЗИНОТО ИМЕ Е ПЕТРУНИЈА

(God exists, her name is Petrunya)

Северна Македонија / 2019/ 1 ч. 40 мин.

Режија/Сценарио: Теона Стругар Митевска (Teona Strugar Mitevska)

Улоги: Зорица Нушева, Лабина Митевска, Стефан Вујичиќ

Кога Петрунија спонтано се приклучува во ритуал на Православната Црква во фаќање на крст, од страна на млади мажи, фрлен од страна на поп во река, таа ги крши правилата на црквата и општествените традиции.

ФЕСТИВАЛИ И НАГРАДИ | FESTIVALS AND AWARDS

  • Награда од жири, Награда во склоп на официјалната селекција – Berlinale 2019 – Prizes of the ecumenical Jury, Prize winner competition 2019
  • Номинација за Најдобар филм – Berlin International Film Festival – Nomination for Best Film –
  • Најдобар филм – Награда LUX на Европскиот Парламент – LUX Prize of the European Parliament – Best Film Guild Film Prize

Теона Стругар Митевска е родена во 1974 година во уметничко семејство во Скопје, Северна Македонија. Таа започнува со глума како дете, се обучувала како уметник и графички дизајнер и потоа студирала на M.F.A. програмата за филм на Тиш Школата за Уметности при Њу Јорк Универзитетот. Го прави своето деби како режисер на кус филм во 2001 година со „Вета“ и одтогаш прави филмови како: „Како убив светец“, 2004; „Јас сум од Титов Велес“, 2007; „Жената која ги избриша своите солзи“, 2012; „Тереза и јас“, 2013; „Кога денот немаше име“, 2017. Нејзиниот последен филм „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“, беше снимен во јануари во 2018 година. Од 2016, компанијата „Сестри и брат Митевски“ компанија која ја има основано со своите брат и сестра, ја ко-продуцираа „Дивата круша“ од Нури Билџ Џејлан, „Ноќен живот“ од Дамјан Козоле и „Сиераневада“ од Кристи Пиу. Во 2018 беше номинирана за Витез од редот на уметностите и книжевностите од Министерството за Култура на Франција.

 

14 ОКТОМВРИ (СРЕДА), 19:00 Ч.

ВЕТЕРАН

(Defunkt)

Грција/2019/100’

Режија/Сценарио: Закаријас Мавреидис (Zacharias Mavroeidis)

Улоги: Михалис Сарантис (Michalis Sarantis), Танасис Папагеоргиу (Thanasis Papageorgiou), Ѓота Феста (Giota Festa)

Триесет и кусур годишниот пропаднат бизнисмен ќе се всели во куќата на дедо му, ветеран од Втората светска војна. После долго време, тој повторно се дружи со пријателите од детството, сега нови луѓе и секој со посебна животна приказна. Сето ова за него е ново, емоционално искуство низ кое треба да помине. При неговата потрага и враќањето на семејните корени, тој ќе се редефинира и себеси и некогашниот семеен херој.

 

ФЕСТИВАЛИ И НАГРАДИ | FESTIVALS AND AWARDS

–           Thessaloniki Film Festival 2019 – Audience award for Best film, Youth Jury Award

–           FEST Belgrade, 2020 – Official competition

–           Hellenic Film Academy Awards 2020 – Award for Best Film and Best Screenplay

–            Transilvania International Film Festival 2020 – Official competition

Закаријас Мавреидис (Атина, Грција) студирал архитектура и театар пред да се префрли во филмот. Неговиот деби филм, „Водачот“ (2011) е прикажан на повеќе од 20 светски фестивали. Во 2014 година излегува неговиот прв роман, „Преостанати девет животи“. Во 2018 година го снима документарниот филм „Низ нејзиното тело“, за религиските традиции на островот Тиресија.

 

15 ОКТОМВРИ (ЧЕТВРТОК), 19:00 Ч.

ЈАЗОВЕЦОТ

(The Badger)

Иран/2020/92’

Режија/Сценарио: Казем Молаје (Kazem Mollaie)

Улоги: Вишка Азајеш (Vishka Asayesh), Хасан Маџуни (Hasan Majuni), Меравех Шарифиниа (Mehraveh Sharifinia)

По успехот со филмот „Купал“ (2018), ценетиот ирански режисер Казем Молаје овој пат ни го подарува „Јазовецот“, приказна за една жена, Содех Шарифзадеган, играна од популарната иранска комедијантка Вишка Азајеш, која поминува низ предизвикувачки моменти во нејзиниот живот, на прагот од вториот брак. Уште еден претставник на моќната иранска кинематографија во вистинска смисла на зборот.

 

ФЕСТИВАЛИ И НАГРАДИ | FESTIVALS AND AWARDS

  • 23rd Shanghai International Film Festival – Asian New Talent Award Section

Казем Молаје ја почна филмската кариера со краткиот филм „From Game to…“ во 1999 година. Тој дипломирал на отсекот за режија на Универзитетот во Техеран во 2005 година. Бил член на неколку здруженија како “Iranian Young Cinema Society” (IYCS), “Iranian Alliance of Motion Picture Guilds” (Khaneh Cinema), а член е и на Здружението на режисери “Iranian Short Film Association” (ISFA). Публиката го препознава по неговиот деби филм „Kupal“ (2017) и по кратките филмови „Delete“ (2011) и „Minus“ (2009).

 

Leave a comment