ДЕНОВИ НА РУСКИ ФИЛМ ВО СОРАБОТКА СО „ЛЕНФИЛМ“

1 ОКТОМВРИ (ВТОРНИК), 18:00 ч.

ЖЕНИДБА

(Женитьба)

Игран филм, Русија

1977, 99 мин., колор, ДЦП

Режија: Виталиј Мелников (Виталий Мельников)

Сценарио: Виталиј Мелников, Николај Гогољ (Виталий Мельников, Николай Гоголь)

Улоги: Светлана Киручкова, Алексеј Петренко, Олег Борисов, Владислав Стржелчик (Светлана Крючкова, Алексей Петренко, Олег Борисов, Владислав Стржельчик)

 

Средовечниот судски советник Подколесин, подлегнувајќи на долгото убедување на неговиот пријател Кочкарев, се сплеткува со зрелата девојка Агафија Тихоновна, ќерка на трговец. Во последен момент, откако поминува низ болен период на дружење и донесување одлука за свадба – младоженецот решава да избега од венчавката скокајќи низ прозорец…

Филмот е снимен според класичниот расказ „Женидба“ на Николај Васиљевич Гогољ.

 

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: Бесплатен влез

 

ДЕНОВИ НА РУСКИ ФИЛМ ВО СОРАБОТКА СО „ЛЕНФИЛМ“

1 ОКТОМВРИ (ВТОРНИК), 20:00 ч.

ДВАЕСЕТ ДЕНА БЕЗ ВОЈНА

(Двадцать дней без войны / Twenty Days Without War)

Игран филм, Русија

1977, 101 мин., црно-бел, ДЦП

Режија: Алексеј Герман (Aleksey German)

Сценарио: Константин Симонов (Konstantin Simonov)

Улоги: Јудмила Гурченко, Алексеј Петренко (Yuriy Nikulin, Lyudmila Gurchenko, Aleksey Petrenko)

 

За време на 20-дневниот одмор, воениот дописник Лопатин патува со воз до далечниот град Ташкент. Иако многу далеку од фронтот, војната е присутна во умовите на луѓето дури и таму. Дописникот патува таму за да се сретне со семејството на загинат војник и да го посети филмскиот сет на адаптацијата на неговите приказни од војната. Лопатин, покрај тоа, успева и да прошета низ улиците на Ташкент, да учествува на состанок на фабрички работници, а успева и да искуси и една кратка љубовна врска. Иако нема бомбардирања, пукотници и борби – во атмосферата длабоко и неодминливо – војната се чувствува насекаде.

 

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: Бесплатен влез

 

ДЕНОВИ НА РУСКИ ФИЛМ ВО СОРАБОТКА СО „ЛЕНФИЛМ“

2 ОКТОМВРИ (СРЕДА), 18:00 ч.

ВЉУБЕН ПО СОПСТВЕНА ЖЕЛБА

(Влюблён по собственному желанию / Enamored by own Accord)

Игран филм, Русија

1982, 89 мин., колор, ДЦП

Режија: Сергеј Микаељан (Sergey Mikaelyan)

Сценарио: Сергеј Микаељан, Александар Васински (Sergey Mikaelyan, Aleksandr Vasinsky)

Улоги: Олег Јанковски, Евгенија Глушенко, Всеволд Шиловски (Oleg Yankovskiy, Evgeniya Glushenko, Vsevolod Shilovskiy)

 

Животот, по некоја случајност, спојува двајца луѓе. Шармантниот, но сиромашен млад човек Игор, поранешен спортист, со библиотекарката Вера – навидум непривлечна, но срдечна девојка, која доживеала многу разочарувања во животот… Тие двајцата, по средбата, склучуваат договор да се вљубат еден во друг – по пат на автотренинг. Меѓутоа, и покрај тоа што целата работа не им успева, тие искрено се заљубуваат и без техниката на автотренинг. Во филмот доаѓа до израз реалноста на доцниот Советски Сојуз со неговите неатрактивни страни – црниот пазар, алкохолизмот, растечкиот скептицизам и разочарувањето од општите идеали.

Актерката Евгенија Глушенко ја освои наградата „Сребрена мечка“ за најдобра женска улога на Филмскиот фестивал во Берлин 1983.

 

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: Бесплатен влез

 

ДЕНОВИ НА РУСКИ ФИЛМ ВО СОРАБОТКА СО „ЛЕНФИЛМ“

2 ОКТОМВРИ (СРЕДА), 20:00 ч.

ЗВУЦИТЕ ОД СТАРИТЕ ЅИДОВИ

(Голоса в старых стенах)

Документарен филм, Русија

2019, 60 мин., колор, ДЦП

Режија: Александар Позњаков (Alexander Pozdnyakov)

Сценарио: Александар Позњаков (Alexander Pozdnyakov)

Улоги: Виталиј Аксенов, Игор Масленикнов, Виталиј Мелников, Сергеј Сељанов, Александар Сокуров (Vitaly Aksenov, Igor Maslennikov, Vitaly Melnikov, Sergey Selyanov, Alexander Sokurov)

 

Документарен филм кој раскажува за сите главни историски пресвртници на филмското студио „Ленфилм“. Познати актери, режисери и продуценти се сеќаваат на „златната ера“ на „Ленфилм“ и прераскажуваат смешни и тажни приказни што се случиле во тоа студио. Прикажани се и пробите на „Театарската академија Моховаја“, каде што се обучувала новата генерација актери. Ова е гротескен филм кој комбинира тажни и смешни сцени, носталгични спомени од убавите времиња на тивкото и убаво кино.

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: Бесплатен влез

 

 

3 ОКТОМВРИ (ЧЕТВРТОК), 20:00 ч.

ПАТОТ НА ЛОКУМОТ

(The Roud Of Turkish Delight)

Документарен филм, С. Македонија

2018, 37 мин., колор, ХДД

Режија: Елизабета Конеска, Роберт Јанкулоски

Сценарио: Елизабета Конеска

 

Компаративно согледување на историскиот пат на локумот – деликатесното слатко и неговата современа состојба и примена во контекст на глобалниот развој. Главниот акцент е даден на локумот во Македонија каде што овој продукт претставува значаен сегмент од културното наследство, како и на мајсторите како клучни двигатели на овој вид културни навики и одржувачи на традицијата. Освен во Македонија, документарецот е сниман и во соседните земји.

 

Возрасна категорија: За сите возрасти

Влезница: Бесплатен влез

 

 

5 ОКТОМВРИ (САБОТА), 10:00 ч.

ЕТНОФФ – ФЕСТИВАЛ НА СТУДЕНТСКИ ЕТНОГРАФСКИ ФИЛМ

 

 

МЕЃУНАРОДЕН ФЕСТИВАЛ НА ДЕБИТАНТСКИ ФИЛМ „КИНЕНОВА“ 2019

5 ОКТОМВРИ (САБОТА), 18:00 ч.

ПАТУВАЊЕ ДО СОНЦЕТО

(Günese Yolculuk / Journey to the sun)

Игран филм, Турција

1999, 104 мин., колор, ДЦП

Режија: Јешим Устаоглу (Yeşim Ustaoğlu)

Сценарио: Јешим Устаоглу (Yeşim Ustaoğlu)

Улоги: Назми Кирик, Невруз Баз, Мизгин Капазан, Ара Ѓулер (Nazmi Kırık, Nevruz Baz, Mizgin Kapazan, Ara Güler)

 

Мехмет, млад турски мигрант од селото Тире, се вработува како пронаоѓач на вода под улиците на Истанбул. При едно недоразбирање, тој е заменет со Курд, и неправедно е претепан и затворен. Иако пуштен по една недела, тој губи сè што имал – станот, работата, девојката во која е вљубен… Откако еден негов курдски пријател е убиен, тој го носи телото на пријателот во неговото село на границата со Ирак, и полека сфаќа зошто толку многу Курди се расеани како бегалци низ светот…

Фестивали и награди: Ankara International Film Festival 1999 – Најдобар филм, сценарист, режисер и актерка; Berlin Film Festival 1999 – Награди „Blue angel“ за најдобар европски филм и „Peace film award“; Интернационален фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ – Битола, 1999 – Најдобар кинематографер (Jacek Petrycki); Istanbul International Film Festival 1999 – Најдобар филм, режисер, ФИПРЕСЦИ и награда од публиката…

 

 

5 ОКТОМВРИ (САБОТА), 20:00 ч.

12 ОКТОМВРИ (САБОТА), 18:00 ч.

СОЖАЛУВАЊЕ

(Oiktos / Pity)

Игран филм, Грција

2018, 97 мин., колор, ДЦП

Режија: Бабис Макридис (Babis Makridis)

Сценарио: Ефтимис Филипу, Бабис Макридис (Efthymis Filippou, Babis Makridis)

Улоги: Јанис Дракопулос, Еви Саулиду, Павлос Макридис (Yannis Drakopoulos, Evi Saoulidou, Pavlos Makridis)

 

Ова е симпатична приказна за еден човек кој е среќен единствено кога е несреќен, човек зависен од тагата и страдањето и кој има болна потреба од сожалување, па затоа е подготвен тоа да го изнуди од луѓето на секаков можен начин.

„Ова е приказна за човек во свет кој не е доволно суров кон него“ – со право гласи слоганот на филмот, кој е уште еден бисер во надоаѓачкиот „чуден бран“ на грчката кинематографија, сценаристички потпишан од Ефтимис Филипу, авторот на „лудите“ филмови на Јоргос Лантимос, кои постигнаа завиден интернационален успех во изминатиот период.

Фестивали и награди: Hellenic Film Academy Awards 2019 – Најдобар филм и звук; Luxembourg City Film Festival 2018 – Награда од критиката; Odessa International Film Festival 2018 – Најдобар филм и режисер; Torino Film Festival 2018 – Најдобар филм од ФИПРЕСЦИ…

 

 

5 ОКТОМВРИ (САБОТА), 22:00 ч.

13 ОКТОМВРИ (НЕДЕЛА), 22:00 ч.

ЧОВЕКОТ КОЈ ГИ ИЗНЕНАДИ СИТЕ

(Человек, который удивил всех/ The man who surprised everyone)

Игран филм, Русија

2018, 105 мин., колор, ДЦП

Режија: Алексеј Чупов, Наталија Меркулова (Aleksey Chupov, Natalya Merkulova)

Сценарио: Алексеј Чупов, Наталија Меркулова (Aleksey Chupov, Natalya Merkulova)

Улоги: Евгениј Циганов, Наталија Кудрашова, Јуриј Кузнецов (Evgeniy Tsyganov,Natalya Kudryashova, Yuriy Kuznetsov)

 

Егор е бестрашен човек од сибирската тајга. Тој е семеен човек, почитуван од заедницата, кој очекува второ дете со саканата сопруга. Откако ќе му биде дијагностициран рак, тој ќе се обиде да ја измами смртта земајќи сосема нов идентитет. Околината со тешкотии го прифаќа новиот Егор…

Ова е уште едно моќно дело од новото руско кино, кое на суптилен начин си поигрува со темата „идентитет“, подарувајќи ѝ на публиката неверојатни изненадувања, поради што досега собра дури 19 фестивалски награди низ светот.

Фестивали и награди: Russian guild of film critics 2019 – Најдобар актер; Crossing Europe film festival 2019 – Најдобар филм; Honfleur film of Russian cinema 2018 – Најдобар филм, актер и актерка; Venice film festival 2018 – Најдобрa актерка (Horizon award)…

 

МЕЃУНАРОДЕН ФЕСТИВАЛ НА ДЕБИТАНТСКИ ФИЛМ „КИНЕНОВА“ 2019

6 ОКТОМВРИ (НЕДЕЛА), 18:00 ч.

АЛЕКСИ

(Aleksi)

Игран филм, Хрватска

2018, 90 мин., колор, ДЦП

Режија: Барбара Векариќ (Barbara Vekarić)

Сценарио: Барбара Векариќ (Barbara Vekarić)

Улоги: Тихана Лазовиќ, Горан Марковиќ, Леон Лучев, Себастијан Каваца (Tihana Lazović, Goran Marković, Leon Lučev, Sebastian Cavazza)

 

Алекси е 28-годишна девојка која ги игнорира своите обврски и се впушта во различни животни експерименти. Штотуку вратена од Берлин на имотот на нејзините родители во Далмација, таа се бара себеси низ познатата животна максима „секс, дрога и рокенрол“. Низ прекрасна фотографија и одлични сценаристички решенија, филмот на Векариќ ни ја прикажува новата хрватска кинематографија во поинаква светлина, со оваа „feel good“ приказна за една „шминкерка“, која е растргната меѓу три интересни мажи на различни возрасти и која само навидум – не знае што сака.

Фестивали и награди: Pula film festival 2018 – Филм на отворање; Belgrade FEST International Film Festival 2019 – Најдобар дебитантски филм…

 

 

6 ОКТОМВРИ (НЕДЕЛА), 20:00 ч.

13 ОКТОМВРИ (НЕДЕЛА), 18:00 ч.

МЕДЕНА ЗЕМЈА (Honeyland)

Документарен филм, С. Македонија

2019, 90 мин., колор, ДЦП

Режија: Тамара Kотевска, Љубомир Стефанов (Tamara Kotevska, Ljubomir Stefanov)

Улоги: Атиџе Муратова, Назифе Муратова, Хусеин Сам (Hatidze Muratova, Nazife Muratova, Hussein Sam)

 

Атиџе, последната одгледувачка на диви пчели во Европа, се соочува со опасност кога во околината облагородена со природен баланс ќе се насели многучлено семејство кое ќе се обиде да ѝ ја преземе трговијата со мед.

Низ супериорна визуелна нарација и маестрална монтажа, филмот за „медената земја“ нѐ опоменува дека сите наши постапки си имаат последици по човештвото во иднина. По подолго време – конечно – фантастичен филмски продукт од ова поднебје, кое како трајна вредност го препознава целиот свет.

Фестивали и награди: Sundance Film Festival 2019 – Најдобар документарен филм, кинематографери и награда „Impact and change“; DocsBarcelona 2019 – Најдобар документарен филм; DocAviv Film Festival 2019 – Најдобар документарен филм; Montclair Film Festival 2019 – Најдобар документарен филм…

 

 

6 ОКТОМВРИ (НЕДЕЛА), 22:00 ч.

ЉУБОВЕН АВТОМОБИЛ

(Lovemobil)

Документарен филм, Германија

2019, 106 мин., колор, ДЦП

Режија: Елкe Маргарете Леренкраус (Elke Margarete Lehrenkrauss)

Сценарио: Елкe Маргарете Леренкраус (Elke Margarete Lehrenkrauss)

Кинематографер: Криштоф Роршајд (Christoph Rohrscheidt)

 

Додека се враќала со автомобил кон дома некаде на северот на рурална Германија, авторката на филмов крај патот ги гледала старите карвани украсени со кичести светла, во кои се практикува најстариот занает на светот – тука, крај автопатот… Таа гротескна слика, авторката не можела никако да ја извади од глава, и решила да им даде глас на жените кои усреќиле многумина во ноќите исполнети со блуд и разврат. Проститутки од Источна Европа и Африка се обидуваат да преживеат во овој суров свет, секоја од нив со своја причина и приказна зошто ја работи најстарата професија на светот, сѐ додека една од нив не биде брутално убиена… Ова е филм за микрокосмос кој го опишува општеството пред самиот завршеток на глобализираниот капитализам.

Фестивали и награди: Locarno film festival 2018 – во компетиција; DOK.fest Munchen 2019 – во компетиција…

 

 

МЕЃУНАРОДЕН ФЕСТИВАЛ НА ДЕБИТАНТСКИ ФИЛМ „КИНЕНОВА“ 2019

7 ОКТОМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК), 18:00 ч.

СОМНЕЖ

(Tereddüt / Claire obscure)

Игран филм, Турција

2016, 105 мин., колор, ДЦП

Режија: Јешим Устаоглу (Yeşim Ustaoğlu)

Сценарио: Јешим Устаоглу (Yeşim Ustaoğlu)

Улоги: Фунда Ерјигит, Еџем Узун, Окан Јалабик (Funda Eryiğit, Ecem Uzun, Mehmet Kurtuluş, Okan Yalabık)

 

Во засега последниот и најзрел филм на Устаоглу од 2016 година, на супериорен начин се плете приказната околу две Турчинки. Едната притисната од традиционалните вредности во општеството, а другата модерна и ослободена од сите морални стеги. Сепак, тие делат многу повеќе заеднички нешта отколку што се чини на почетокот од нивното пријателство…

Фестивали и награди: Kerala International Film Festival 2016 – Најдобар режисер; Haifa International Film Festival 2016 – Специјално признание; Istanbul International Film Festival 2017 – Најдобар режисер и актерка…

 

 

7 ОКТОМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК), 20:00 ч.

ПУТИНОВИТЕ СВЕДОЦИ

(Putin’s witnesses)

Документарен филм, Русија

2018, 102 мин., колор, ДЦП

Режија: Виталиj Мански (Vitaliy Manskiy)

Сценарио: Виталиj Мански (Vitaliy Manskiy)

Улоги: Владимир Путин (Vladimir Putin), Михаил Горбачов (Mikhail Gorbachov), Виталиј Мански (Vitaly Mansky)

 

Настаните започнуваат на 31 декември 1999 година, кoга во Русија се избра нов претседател. Документарниот филм е базиран врз уникатните документирани сведоштва за вистинските причини и последици од операцијата „Наследник“, по кои Русија го испрати во заборав претседателот кој владееше со земјата. Главни протагонисти во филмот се Борис Елцин, Михаил Горбачов, Владимир Путин и руската нација, која отсекогаш била нем сведок на својата судбина. Филмот на Мански е редок и автентичен поглед врз младиот Путин и големата политичка машинерија зад него – која му донесе огромна моќ.

Фестивали и награди: Karlovy Vary IFF 2018 – Најдобар документарен филм; Stockholm Film Festival 2018 – Најдобар документарен филм; Camden International Film Festival 2018 – Специјална награда за авторот; Antenna IDF Sydney 2018, Australia – Филм на отворање…

(Специјална проекција со присуство на авторот)

 

 

7 ОКТОМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК), 22:00 ч.

СОКРАТЕС

(Socrates)

Игран филм, Бразил

2018, 81 мин., колор, ДЦП

Режија: Алешандре Морато (Alexandre Moratto)

Сценарио: Алешандре Морато, Тајна Мантесо (Alexandre Moratto, Thayná Mantesso)

Улоги: Кристијан Маљерош, Талеш Ордажи, Чао Мартинез Пачехо (Christian Malheiros, Tales Ordakji, Ciao Martinez Pacheco)

 

По ненадејната смрт на неговата мајка, 15-годишниот Сократес се обидува да се снајде на маргините на Сао Паоло избегнувајќи ја службата за грижа за малолетни лица и прифаќајќи разни работи за да може да преживее.

Во оваа наградувана драма на режисерот Алешандре Морато ќе се сретнете со темната страна на велеградот и тајните катчиња кои кријат стапици што треба да се избегнат по секоја цена. Во тие моменти на сцена стапува и потиснуваното либидо, кое сака да вреска и да се ослободи од прангите!…

Фестивали и награди: Film Independent Spirit Awards 2019 – Најдобар филм; Festival Mix Brasil 2018 – Најдобар филм, режисер и актер; Woodstock Film Festival 2018 – Најдобар филм; Rio de Janeiro International Film Festival 2018 – Најдобар филм; Thessaloniki Film Festival 2018 – Најдобар филм (награда „Mermaid“), Специјално признание во интернационалната компетиција…

 

 

МЕЃУНАРОДЕН ФЕСТИВАЛ НА ДЕБИТАНТСКИ ФИЛМ „КИНЕНОВА“ 2019

8 ОКТОМВРИ (ВТОРНИК), 18:00 ч.

ШЕВОВИ

(Stitches)

Игран филм, Србија

2019, 105 мин., колор, ДЦП

Режија: Мирослав Терзиќ (Miroslav Terzić)

Сценарио: Елма Татарагиќ (Elma Tataragić)

Улоги: Снежана Богдановиќ, Марко Баќовиќ, Јована Стојиљковиќ (Snežana Bogdanović, Marko Baćović, Jovana Stojiljković)

 

Уште во поранешна Југославија, но и во денешна Србија, јавна тајна е дека одредена бројка новороденчиња добива нови адреси на живеење, а на родителите им се соопштува дека бебето, за жал, само што се родило, веќе заминало на оној свет. Ана и по 20 години не може да се помири со приказната што ѝ била сервирана, и на секаков начин се обидува да ја дознае вистината. Комбинирајќи ги жанровите „трилер“ и „драма“, овој српски филм влегува длабоко во сензибилната тема чија емотивна нишка нема да ве остави рамнодушни.

Фестивали и награди: Beijing International Film Festival 2019 – Најдобро сценарио, Las Palmas Film Festival 2019 – Најдобра актерка и сценарио; Belgrade FEST International Film Festival 2019 – Најдобра актерка, српски филм и Награда од критиката „Небојша Ѓукелиќ“; Festival del Cinema Europeo 2019 – Најдобро сценарио…

 

 

8 ОКТОМВРИ (ВТОРНИК), 20:00 ч.

ПРАСЕТО

(The Pig)

Игран филм, Бугарија, Романија

2018, 96 мин., колор, ДЦП

Режија: Драгомир Шолев (Dragomir Sholev)

Сценарио: Мартин Илиев, Драгомир Шолев (Martin IlIev, Dragomir Sholev)

Улоги: Румен Георгиев, Андреа Захариев, Христофор Нетков (Rumen Georgiev, Andrea Zahariev, Hristofor Nedkov)

 

13-годишниот Румен секојдневно е малтретиран од соучениците во училиштето. Аутсајдер, осаменик и интровертен, тој никогаш не се осмелува да возврати. Но, еден ден, црвената линија е надмината и следува фаталниот напад чиј краен резултат е сосема неизвесен. Снимен претежно со камера од рака, филмот на Шолев – на неверојатно уверлив начин – влегува во интимата на еден тинејџер, чиј свет може комплетно да се сруши доколку не погледне длабоко во себе и не пронајде сила да излезе на површина, онаму каде што внатрешните демони ништо не му можат.

Фестивали и награди: 23th Sofia film festival 2019 – Најдобар бугарски филм, Специјална награда од жирито, ФИПРЕСЦИ награда за најдобар филм…

 

 

8 ОКТОМВРИ (ВТОРНИК), 22:00 ч.

КРАЛСТВОТО

(Realm)

Игран филм, Шпанија

2018, 132 мин., колор, ДЦП

Режија: Родриго Сорогојен (Rodrigo Sorogoyen)

Сценарио: Изабел Пења, Родриго Сорогојен (Isabel Peña, Rodrigo Sorogoyen)

Улоги: Антонио де ла Торе, Моника Лопез, Хозе Марија Пу (Antonio de la Torre, Josep Maria Pou, Monica Lopez)

 

Во овој жесток политички трилер, кој изобилува со светски познатата шпанска страст, филмската приказна го следи животот на еден популарен политичар, чие богатство е стекнато на сосема нелегален начин. Се чини дека неговиот живот на висока нога е при крај, откако еден познат весник ќе го фокусира окото на јавноста врз неговиот развратен животен стил исполнет со каприци…

Фестивали и награди: Goya Awards 2019 – Најдобар режисер, актер, споредна актерка, сценарио, музика, монтажа, саундтрак; ASECAN 2019 – Најдобар филм и актер; Spanish Actors Union 2019 – Најдобар актер и споредна актерка; Sant Jordi Awards 2019 – Најдобар актер и актерка; Luxembourg City Film Festival 2019 – Најдобар филм…

 

 

МЕЃУНАРОДЕН ФЕСТИВАЛ НА ДЕБИТАНТСКИ ФИЛМ „КИНЕНОВА“ 2019

9 ОКТОМВРИ (СРЕДА), 18:00 ч.

ПАНДОРИНАТА КУТИЈА

(Pandora’nin kutusu / Pandora’s box)

Игран филм, Турција

2008, 112 мин., колор, ДЦП

Режија: Јешим Устаоглу (Yeşim Ustaoğlu)

Сценарио: Сема Кајгусуз, Јешим Устаоглу (Sema Kaygusuz, Yeşim Ustaoğlu)

Улоги: Сила Челтон, Дерја Алабора, Онур Унсал (Tsilla Chelton, Derya Alabora, Onur Ünsal)

 

Кога старата Нусрет заболува од Алцхајмерова болест, тоа е аларм за нејзините три деца да дојдат во местото каде што се родиле и израснале – и да ја донесат мајка си во Истанбул за да можат да се грижат за неа. Но со тоа, многу набргу, се отвора нивната семејна „Пандорина кутија“, и на површина излегуваат сите длабоко скриени и потиснати тајни помеѓу нив. Овој филм е филмот кој ги воодушеви сите на престижниот фестивал во Сан Себастијан, а критичарите во написите ја споредуваат филозофијата на режисерката Устаоглу со големите мислители на 20 век – Хајдегер и Дерида.

Фестивали и награди: San Sebastián International Film Festival 2008– Најдобар филм и актерка; Amiens International Film Festival 2008 – Најдобра актерка; Adana Film Festival 2009 – Најдобра спореден актер и монтажа; Istanbul International Film Festival 2009 – Најдобра актерка…

 

 

9 ОКТОМВРИ (СРЕДА), 20:00 ч.

ФИЛМ НА ЗАТВОРАЊЕ И ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДИТЕ ОД ЖИРИТО

ЗАСТАРЕНИОТ СЛУЧАЈ ХАМАРСКЈЕЛД

(Cold case Hammarskjöld)

Игран филм, Данска, Шведска, САД

2019, 128 мин., колор, ДЦП

Режија: Мадс Бругер (Mads Brügger)

Сценарио: Мадс Бругер (Mads Brügger)

Улоги: Мадс Бругер, Јеран Бјоркдал, Даг Хамарскјелд (Mads Brügger, Göran Björkdahl, Dag Hammarskjöld)

 

Данскиот режисер Мадс Бругер и шведскиот приватен детектив Јеран Бјоркдал се обидуваат да ја решат мистеријата околу мистериозната смрт на Даг Хамарскјелд, кој заедно со поголемиот дел од екипажот загина во авионска несреќа. Како што се развива истрагата, така случајот – стар повеќе од 50 години – добива нова димензија и открива криминал многу поголем од убивањето на тогашниот генерален секретар на ОН.

Фестивали и награди: Sundance Film Festival 2019 – Најдобар режисер; Lighthouse International Film Festival 2019 – Најдобар документарен филм; Greenwich International Film Festival 2019 – Најдобар документарен филм; Cinetopia Film Festival 2019 – Најдобар документарен филм…

 

 

МЕЃУНАРОДЕН ФЕСТИВАЛ НА ДЕБИТАНТСКИ ФИЛМ „КИНЕНОВА“ 2019

10 ОКТОМВРИ (ЧЕТВРТОК), 18:00 ч.

НЕЈЗИНА РАБОТА

(I douleia tis /Her Јob)

Игран филм, Грција

2018, 89 мин., колор, ДЦП

Режија: Никос Лабот (Nikos Labôt)

Сценарио: Катерина Клеициоти, Никос Лабот (Katerina Kleitsioti, Nikos Labôt)

Улоги: Мариша Триантафилиду, Димитрис Имељос, Марија Фиљини (Marisha Triantafyllidou, Dimitris Imellos, Maria Fillini)

 

Панајота за прв пат се вработува како чистачка и се надева дека ќе го даде својот придонес во семејството. И додека на работното место се соочува со сурова експлоатација, таа сепак смета дека ова е најсреќниот период во нејзиниот живот. Но ова чувство нема да трае долго, бидејќи зад аголот чека ѓаволчето со трозабец в рака…

Фестивали и награди: Warsaw International Film Festival 2018 – Најдобар филм и ФИПРЕСЦИ; Thessaloniki Film Festival 2018 – Најдобра актерка; Sofia International Film Festival 2019 – Најдобар балкански филм; Festival Cinéma Méditerranéen de Bruxelles 2018 – Најдобар филм; Hellenic Film Academy Awards 2019 – Најдобар деби филм, актер и актерка…

 

 

10 ОКТОМВРИ (ЧЕТВРТОК), 20:00 ч.

ЗА ТЕЛО И ДУША

(Teströl és lélekröl / On Body & Soul)

Игран филм, Унгарија

2017, 116 мин., колор, ДЦП

Режија: Илдико Ењеди (Ildyko Enyedi)

Сценарио: Илдико Ењеди (Ildyko Enyedi)

Улоги: Геза Морчањи, Александра Борбели, Золтан Шнајдер (Geza Morcsanyi, Alexandra Borbely, Zoltan Schneider)

 

Кога двајцата работници во една кланица, Ендре и Марија, ќе откријат дека делат исти соништа – додека се сретнуваат во шумата како елени и се вљубуваат еден во друг – тие решаваат да ги остварат своите соништа… Но, реалноста е нешто сосема друго…

Овој филм минатата година влезе во најтесниот круг за „Оскарите“ и ги воодушеви сите, докажувајќи дека на унгарската кинематографија треба сериозно да се смета и во следните години.

Фестивали и награди: Academy Awards, USA 2018 – Номинација за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје; Berlin International Film Festival 2017 – Златна мечка и награда ФИПРЕСЦИ; European Film Awards 2017 – Најдобра актерка; Sydney Film Festival 2017 – Најдобар филм; Sofia International Film Festival 2018 – Најдобар филм…

 

МЕЃУНАРОДЕН ФЕСТИВАЛ НА ДЕБИТАНТСКИ ФИЛМ „КИНЕНОВА“ 2019

11 ОКТОМВРИ (ПЕТОК), 18:00 ч.

ТАТКОТО

(Bashtata / The Father)

Игран филм, Бугарија / Грција

2019, 87 мин., колор, ДЦП

Режија: Кристина Грозева, Петар Валчанов (Kristina Grozeva, Petar Valchanov)

Сценарио: Кристина Грозева, Дечо Таралежков (Kristina Grozeva, Decho Taralezhkov)

Улоги: Иван Барнев, Иван Савов, Тања Шахова (Ivan Barnev, Ivan Savov, Tanya Shahova)

 

Васил само што ја загуби долгогодишната партнерка, неговата сопруга Валентина. По надреалниот случај со мобилниот телефон за време на погребот, тој ќе се обиде да стапи во контакт со жена му на оној свет со помош на видовит човек. Синот Павел се обидува да го вразуми, но Васил е тврдоглав и сака да ја истера работата до крај.

ТАТКОТО е интимна семејна драма за неможноста за комуникација со луѓето кои се најблиску до нас. Бугарскиот режисерски тандем на супериорен начин ни прикажува секојдневни животни моменти, доведувајќи ги до комично-апсурдни ситуации, пристап кој им ја донесе главната награда на фестивалот во Карлови Вари минатиот јули.

Фестивали и награди: Karlovy Vary International Film Festival 2019 – Најдобар филм; Sakhalin International Film Festival 2019 – Најдобар режисер и награда од публиката; El Gouna International Film Festival 2019 – во компетиција…

 

 

11 ОКТОМВРИ (ПЕТОК), 20:00 ч.

МОЈОТ 20 ВЕК

(Az én XX. Századom / My Twentieth century)

Игран филм, Унгарија

1989, 104 мин., колор, ДЦП

Режија: Илдико Ењеди (Ildyko Enyedi)

Сценарио: Илдико Ењеди (Ildyko Enyedi)

Улоги: Дорота Сегда, Олег Јанковскиј, Паулус Манкер (Dorota Segda, Oleg Yankovskiy, Paulus Manker)

 

Разделени идентични близанци се возат во „Ориент експрес“ не знаејќи дека се толку блиску еден до друг – на почетокот од крајот на Австро-унгарската монархија… Сираците растеле одделно како посвоени деца во две сосема различни семејства. Дора и Лили се родени во зората на 20 век, на денот кога Едисон на светот му ја претстави сијалицата како револуционерен изум, а и сета останата технологија вртоглаво се развива. Околу 1900 година, темите, како што се граѓанските и човековите права на жените, како и правата на национално самоопределување, кои ги застапуваат близнаците, се во полн замав – теми кои се и ден-денес сè уште курентни и актуелни…

Фестивали и награди: Cannes Film Festival 1989 – Награда „Златна камера“…

 

 

МЕЃУНАРОДЕН ФЕСТИВАЛ НА ДЕБИТАНТСКИ ФИЛМ „КИНЕНОВА“ 2019

12 ОКТОМВРИ (САБОТА), 20:00 ч.

НЕЖЕН СИН: ПРОЕКТОТ ФРАНКЕНШТАЈН

(Szelíd teremtés – A Frankenstein-terv /Tender son: The Frankenstein project)

Игран филм, Унгарија

2010, 109 мин., колор, ДЦП

Режија: Корнел Мундручо (Kornel Mundruczo)

Сценарио: Корнел Мундручо (Kornel Mundruczo)

Улоги: Рудолф Фреска, Лили Монори, Корнел Мундручо (Rudolf Frescka, Lili Monori, Kornel Mundruczo)

 

По долги години растење во институција, момчето се враќа дома, меѓу своите, но не се чувствува добредојден. Тој започнува борба за придобивање наклонетост и љубов од својата фамилија, иако околностите во кои го прави тоа – стануваат сѐ понеобични и посурови. Учесникот на Канскиот фестивал и добитникот на фестивалските награди во Сараево и во Севилја го стави филмскиот автор Корнел Мундручо во фокус – како еден од најинтересните млади европски автори во новиот милениум.

Фестивали и награди: Cannes Film Festival 2010; Sarajevo Film Festival 2010 – Специјална награда од жирито; Seville European Film Festival 2010 – Специјална награда од жирито и најдобар кинематографер…

 

 

МЕЃУНАРОДЕН ФЕСТИВАЛ НА ДЕБИТАНТСКИ ФИЛМ „КИНЕНОВА“ 2019

13 ОКТОМВРИ (НЕДЕЛА), 20:00 ч.

ЈУПИТЕРОВАТА МЕСЕЧИНА

(Jupiter holdja / Jupiter’s moon)

Игран филм, Унгарија

2017, 129 мин., колор, ДЦП

Режија: Корнел Мундручо (Kornel Mundruczo)

Сценарио: Корнел Мундручо (Kornel Mundruczo)

Улоги: Мераб Ниниџе, Шомбор Јегер, Ѓерѓ Черхалми (Merab Ninidze, Zsombor Jeger, Gyorgy Cserhalmi)

 

Аријан е сириски бегалец кој сака да влезе во Унгарија преку Србија, заедно со татко му и уште многу други земјаци со кои ја делат истата судбина. Сите тие, и покрај ветувањата и барањето за малку човечност од обичните луѓе и од официјалните власти, на крајот ќе паднат во стапицата на општиот цинизам и сеопфатната корупција. Маестрално дело на Мундручо, кое на најдиректен и сосем јасен начин, ја опишува голготата на бегалците како современи номади на суровиот 21 век.

Фестивали и награди: Cannes Film Festival 2017 – Во конкуренција; Norwegian International Film Festival 2017 – Најдобар филм; Austin Fantastic Fest 2017 – Најдобар филм; Интернационален фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ – Битола, 2017 – Најдобар кинематографер Марсел Рев (Marcell Rév)…

 

 

14 – 19 ОКТОМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК – САБОТА)

ЧЕТВРТИ ПО РЕД МЕЃУНАРОДЕН ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ ЗА КУЛТУРНИ, ДУХОВНИ И ХУМАНИ ВРЕДНОСТИ „БОГОРОДИЧЕН ПОКРОВ“ 2019

Во програмата на овој фестивал се прикажуваат документарни и играни филмови посветени на културното и духовно наследство, хуманоста, етиката, моралот, семејните вредности, како и историски и документарни филмови. Гледачите годинава ќе имаат можност да проследат филмови од Руската Федерација, Чешката Република, Босна и Херцеговина, Романија, Унгарија, Србија, Грција и др. Свеченото отворање на Фестивалот е на 14 октомври во Кинотеката на Република Северна Македонија. Сите проекции се бесплатни.

 

 

НЕДЕЛА НА ИТАЛИЈАНСКИОТ ЈАЗИК ВО СВЕТОТ 2019

20 ОКТОМВРИ (НЕДЕЛА), 20:00 ч.

ТЕРАСАТА

(La terrazza)

Игран филм, Италија / Франција

1980, 150 мин., колор, ДЦП

Режија: Еторе Скола (Ettore Scola)

Сценарио: Аџеноре Инкрочи, Фурио Скарпели, Еторе Скола (Agenore Incrocci, Furio Scarpelli, Ettore Scola)

Улоги: Виторио Гасман, Уго Тоњаци, Жан-Луј Трентињан, Марчело Мастројани, Стефанија Сандрели, Карла Гравина (Vittorio Gassman, Ugo Tognazzi, Jean-Louis Trintignant, Marcello Mastroianni, Stefania Sandrelli, Carla Gravina)

 

Скапи вина, трпеза преполна со храна, но луѓето празни – одвнатре. Сите престанале да се развиваат, и се држат до своите замислени и закоравено зацртани улоги во животот. ТЕРАСАТА е болна а сепак смешна приказна за човековиот развој како единка и колектив…

Критичарите го оценија филмот ТЕРАСАТА како симпатичен, интелигентен и политички ангажиран филм. Еден од најдобрите италијански режисери на сите времиња ангажирал одлични актери – и на публиката ѝ го прикажува патувањето на страсните, но огорчени пријатели кои се осмелиле да се борат за своите верувања. ТЕРАСАТА изобилува со неверојатни реплики за правото на секое човечко суштество на среќа и љубов.

Филмот освои две „Златни палми“ на Канскиот филмски фестивал во 1980 година – за сценарио и за споредна женска улога (Карла Гравина). Филмот е реставриран во 2015: CSC-CINETECA NAZIONALE IN COLLABORATION WITH DEAN FILM AND EFFECTUATED AT RUMBLEFISH VFX LABORATORIES IN MILANO.

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 денари

 

 

НЕДЕЛА НА ИТАЛИЈАНСКИОТ ЈАЗИК ВО СВЕТОТ 2019

21 ОКТОМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК), 20:00 ч.

КАБИРИЈА

(Cabiria)

Игран филм, Италија

1914, 148 мин., црно-бел, ДЦП

Режија: Џовани Пастроне (Giovanni Pastrone)

Сценарио: Џовани Пастроне (Giovanni Pastrone)

Улоги: Каролина Катена, Емилио Варданас, Италија Алмиранте-Манѕини, Лидија Кваранта, Бартоломео Пагано (Carolina Catena, Emilio Vardannes, Italia Almirante-Manzini, Lidia Quaranta, Bartolomeo Pagano)

 

Премиерата на филмот била одржана на 18 април 1914 година, а во јуни истата година филмот бил прикажан во Белата куќа, пред претседателот Вудро Вилсон и неговото семејство. На тој начин, КАБИРИЈА е првиот филм во историјата што бил прикажан во Белата куќа. Реставрираната верзија била прикажана на 27 мај 2006 година, во рамките на Канскиот филмски фестивал, со воведен говор на режисерот Мартин Скорсезе.

Римскиот благородник Бато се враќа дома, каде што го чекаат сопругата и саканата ќеркичка Кабирија (ја игра Катена), но таа ноќ доаѓа до ерупција на вулканот Етна и куќата почнува да се урива. Во метежот, слугите грабаат дел од богатството на Бато, а потоа бегаат: меѓу нив се наоѓаат и Кабирија, заедно со дадилката Кроеса. Родителите се очајни мислејќи дека Кабирија загинала под урнатините на куќата. Слугите го делат пленот меѓу себе, но се нападнати од феникиски пирати. Тие ги продаваат Кабирија и Кроеса како робови од Картагина, а ги купува врховниот свештеник Картало, кој планира да го жртвува девојчето. Кроеса се обидува да ја спаси Кабирија, ги среќава Фулвиј Аксила и неговиот роб Мачисте, и ги моли да ја спасат Кабирија. Фулвиј и Мачисте успеваат да ја спасат Кабирија, но, за жал, Кроеса е погубена. Фулвиј решава да пребегне во Римското Царство под налетот на Ханибал. Убавата Софонисба добива подароци од Масиниса, кралот на Нумидија. Бодасторет ги предава Фулвиј и Мачисте при што Фулвиј успева да скокне во морето, а Мачисте се засолнува во градината на војсководецот Хасдрубал, каде што ѝ ја остава Кабирија на Софонисба. Фулвиј се бори на страната на римската армија во опсадата на Сиракуза. Архимед измислува оружје и со помош на сончевите зраци ја уништува римската флота. Фулвиј се спасува и му ја кажува на Бато приказната за Кабирија. Десет години подоцна, Масиниса е симнат од тронот и Хасдрубал решава да ја омажи Софинисба за кралот на Кирта, Сифакс. Кабирија, наречена Елиса, е омилената робинка на Софинисба. Во меѓувреме, Сципион планира напад на Картагина, а Фулвиј се уфрла во градот. Тој го ослободува Мачисте и двајцата бегаат надвор од Картагина, каде што ги заробуваат војниците од Кирта. Софинисба се сеќава на дамнешната случка од градината и му кажува на Картало, кој ја бара Кабирија за себе. Мачисте бега од затворот и ја спасува Кабирија, но таа повторно е заробена, а Мачисте и Фулвиј се затворени во подрумот. Софинисба наредува да ја убијат Кабирија, но тогаш Кирта се предава и во градот влегува Масиниса со својата војска. Кога ќе ја здогледа Софинисба, тој паѓа пред неа, но ја моли да ги поштеди Фулвиј и Мачисте, кои храбро се борат веќе подолго време. Сципион ја бара Софинисба за себе како воен плен, а Масиниса го испраќа Мачисте да ѝ однесе подарок – отров. Пред да умре, Софинисба ја ослободува Кабирија. Истовремено, Картагина се предава, а Фулвиј и Кабирија, вљубени еден во друг, пловат со брод кон Рим…

 

Проекцијата ќе биде проследена со музика во живо во изведба на Марио Маријани (Mario Mariani) од Италија.

 

Возрасна категорија: За сите возрасти

Влезница: 100 денари

 

 

НЕДЕЛА НА ИТАЛИЈАНСКИОТ ЈАЗИК ВО СВЕТОТ 2019

22 ОКТОМВРИ (ВТОРНИК), 19:00 ч.

ПОСЛЕДНО ТАНГО ВО ПАРИЗ

(L’ultimo tango a Parigi / Last Tango in Paris)

Игран филм, Франција / Италија

1972, 129 мин., колор, ДЦП

Режија: Бернардо Бертолучи (Bernardo Bertolucci)

Сценарио: Бернардо Бертолучи, Франко Аркаљи, Ањес Варда (Bernardo Bertolucci, Franco Arcalli, Agnes Varda)

Улоги: Марлон Брандо, Марија Шнајдер, Марија Мики (Marlon Brando, Maria Schneider, Maria Michi)

 

Филмот на Бертолучи одамна спаѓа во филмската класика. Сторијата говори за односот меѓу маж и жена кои се впуштаат во авантура со садомазохистички елементи, задржувајќи ја анонимноста. Пол (Брандо) е средовечен Американец кој пристигнува во Париз и се обидува да се справи со мрачните чувства по самоубиството на сопругата. Жан (Шнајдер) е млада Французинка која има свршеник. Таа го среќава Пол кога е во потрага по стан за изнајмување и двајцата започнуваат кратка авантура…

ПОСЛЕДНО ТАНГО ВО ПАРИЗ е номиниран за „Оскар“ во категориите за најдобра машка улога (Брандо) и режија (Бертолучи). Филмот бил оценет како исклучително неподобен за лица помлади од 18 години, и по премиерата, неколку пати бил приспособуван за помладата публика. Најголемите контроверзи во Италија ги предизвика сцената со анален секс (со употреба на путер), а ПОСЛЕДНО ТАНГО ВО ПАРИЗ е прв филм (надвор од порно жанрот) кој експлицитно ги прикажува човечките гениталии.

Филмот е рестравриран во 2018: CSC-CINETECA NAZIONALE IN COLLABORATION WITH GRIMALDI FILM PRODUCTIONS AND METRO-GOLDWYN-MAYER STUDIOS, WITH THE SUPERVISION BY D.O.P. VITTORIO STORARO. SOUND WAS RESTORED AT CSC-CINETECA NAZIONALE LAB WITH THE SUPERVISION OF FEDERICO SAVINA.

 

Возрасна категорија: 16 години

Влезница: 100 денари

 

 

22 ОКТОМВРИ (ВТОРНИК), 21:00 ч.

ИТАЛИЈАНЦИ ДОБРИ ЛУЃЕ

(Italiani Brava Gente)

Игран филм, Италија

1964, 137 мин., црно-бел, ДЦП

Режија: Џузепе де Сантис (Giuseppe De Santis)

Сценарио: Енио де Кончини, Џузепе де Сантис (Ennio De Concini, Giuseppe De Santis)

Улоги: Артур Кенеди, Жана Прохоренко, Рафаеле Пису (Arthur Kennedy, Zhanna Prokhorenko, Raffaele Pisu)

 

Во летото 1941 година, Германија и нејзините европски сојузници го напаѓаат Советскиот Сојуз. Фашистичката Италија учествува во инвазијата. Првите возови со италијански војници пристигнуваат во Советскиот Сојуз за време на сезоната на жетва на жито. Советската армија нагло се повлекува по првичниот силен германски напад којшто ја започна инвазијата. Новодојдените италијански војници се зачудени од големината на советската земја којашто изгледа како да нема крај. Војниците, исто така, забележуваат дека Советите се повлекле толку брзо, што многу полиња се сè уште неожнеани. Полињата со пченица, сончоглед и пченка сјаат како злато под силното летно сонце. Италијанците се обидуваат да се дружат со советските цивили кои ги среќаваат на различни места кога застануваат да се одморат по патот. Но, цивилите се исплашени од окупаторите. И со право, бидејќи германските трупи веќе поминале тероризирајќи го локалното население. Италијанските војници дури се обидуваат и да ги споделат своите оброци храна со цивилите и се обидуваат да ги развеселат пеејќи им песни…

Филмот е реставриран во 2018: CSC-Cineteca Nazionale with GALATEA and INTRAMOVIES, in collaboration with GENOMA FILMS.

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 денари

 

 

НЕДЕЛА НА ИТАЛИЈАНСКИОТ ЈАЗИК ВО СВЕТОТ 2019

23 ОКТОМВРИ (СРЕДА), 19:00 ч.

МРАЧНИОТ ЖЕТВАР

(La commare secca / The Grim Reaper)

Игран филм, Италија

1962, 88 мин., црно-бел, ДЦП

Режија: Бернардо Бертолучи (Bernardo Bertolucci)

Сценарио: Пјер Паоло Паолини, Бернардо Бертолучи (Pier Paolo Pasolini, Bernardo Bertolucci)

Улоги: Франческо Рују, Џанкарло де Роса, Винченцо Чичора (Francesco Ruiu, Giancarlo De Rosa, Vincenzo Ciccora)

 

Во паркот во близина на реката Тибар во Рим е пронајдена убиена проститутка. Полицијата трага по луѓето кои биле во паркот во текот на таа ноќ. Ги приведуваат сомнителните лица во полициска станица и ги испрашуваат зошто биле таму таа ноќ. Еден меѓу нив е и убиецот на проститутката…

МРАЧНИОТ ЖЕТВАР е режисерско деби на Бернардо Бертолучи – кој во 70-тите и 80-тите години на 20т век – стана перјаница на италијанскиот и европскиот ангажиран филм. Сценариото го пишувал заедно со Пјер Паоло Пазолини, една од најконтроверзните фигури на италијанската кинематографија од втората половина на минатиот век, иконичен борец против конформизмот…

Филмот е реставриран во 2019: CSC-CINETECA NAZIONALE AND EFFECTUATED AT CINEMA COMMUNICATIONS SERVICES LABORATORIES.

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 денари

 

 

23 ОКТОМВРИ (СРЕДА), 21:00 ч.

ТОЛКУ СЕ САКАВМЕ

(C’eravamo tanto amati / We All Loved Each Other So Much)

Игран филм, Италија

1974, 124 мин., црно-бел/колор, ДЦП

Режија: Еторе Скола (Ettore Scola)

Сценарио: Аџеноре Инкрочи, Фурио Скарпели, Еторе Скола (Agenore Incrocci, Furio Scarpelli, Ettore Scola)

Улоги: Нино Манфреди, Виторио Гасман, Стефано Сата Флорес, Стефанија Сандрели (Nino Manfredi, Vittorio Gassman, Stefano Satta Flores, Stefania Sandrelli)

 

Приказна за тројца пријатели – Антонио (Манфреди), Џани (Гасман) и Никола (Флорес) – кои се запознале и меѓусебно се зближиле кон крајот на Втората светска војна како борци против нацистите. Крајот на војната го дочекуваат полни со илузии, но животот ги приземјува. Сторијата на Скола нè води во животите на тројцата идеалисти по војната, фокусирајќи се посебно на меѓусебните односи, откако сите тројца се заљубуваат во  иста девојка – Лучијана (ја игра Стефанија Сандрели). Во филмот се појавуваат и Марчело Мастројани, Федерико Фелини и други…

Филмот е добитник на десетина награди во Италија и во светот, меѓу кои и францускиот „Цезар“, американскиот „Златен глобус“, победник на Московскиот филмски фестивал, итн.

Филмот е реставриран во 2016: CSC-CINETECA NAZIONALE AT L’IMMAGINE RITROVATA LAB IN BOLOGNA, WITH THE CONTRIBUTION OF STUDIO CANAL. COLOR CORRECTION WAS SUPERVISED BY LUCIANO TOVOLI, WITH COLLABORATION WITH CLAUDIO CIRILLO.

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 денари

 

 

НЕДЕЛА НА ИТАЛИЈАНСКИОТ ЈАЗИК ВО СВЕТОТ 2019

24 ОКТОМВРИ (ЧЕТВРТОК), 18:00 ч.

ЦРВЕНИОТ ТЕРЕН

(Palombella rossa / Red Wood Pigeon)

Игран филм, Италија / Франција

1989, 89 мин., колор, ДЦП

Режија: Нани Морети (Nanni Moretti)

Сценарио: Нани Морети (Nanni Moretti)

Улоги: Нани Морети, Силвио Орландо, Мариела Валентини (Nanni Moretti, Silvio Orlando, Mariella Valentini)

 

Нани Морети, во овој филм – покрај улогата на сценарист и режисер – го игра и ликот на Микеле Апичела, парламентарен пратеник од редовите на Италијанската комунистичка партија. Микеле, по една сообраќајна несреќа, е полесно повреден, но го губи сеќавањето. Микеле, освен политичар, е и играч во ватерполо тимот на Монтеверде. И покрај тоа што е несигурен во својот идентитет, тој му се придружува на тимот кога треба да се одигра важен натпревар во Сицилија, натпревар што ќе реши кој ќе ја освои лигата. Натпреварот трае до доцна во ноќта, а Микеле разговара со соиграчите, синдикалистот, судијата, католичкиот верник, новинарот и неговата ќерка, во обид да ја реконструира својата сопствена меморија. Станува очигледно дека претходно тој одржал значаен говор, на чија содржина не може да се сети. Како што се одвива натпреварот, гледачите и играчите сѐ повеќе се впуштаат во гледање на филмот ДОКТОР ЖИВАГО, кој се прикажува на ТВ-екранот во барот. Микеле промашува пенал и натпреварот завршува; тој останува разочаран не само од натпреварот туку и од животот. Возејќи се назад во Рим со својата ќерка, тој ја губи контролата врз својот автомобил…

Филмот на Морети е еден од најнаградуваните филмови во Италија во 1989/1990, прогласен е за филм на годината во избор на италијанските критичари на Венецискиот филмски фестивал и списанието „Каје ди синема“ (Cahiers du Cinéma), Филмскиот Фестивал во Сао Паоло, итн…

Филмот е реставриран во 2017: CSC-CINETECA NAZIONALE IN COLLABORATION WITH SACHER FILMS WITH THE SUPERVISION OF DIRECTOR NANNI MORETTI AND THE COLLABORATION FOR COLOR CORRECTION OF D.O.P. BEPPE LANCI. THE RESTORATION WAS EFFECTUATED IN AUGUSTUS COLOR LABORATORIES.

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 денари

 

 

ФИЛМ ПО ИЗБОР НА ГЕТЕ ИНСТИТУТ

24 ОКТОМВРИ (ЧЕТВРТОК), 21:00 ч.

ТУЃИНКАТА

(Die Fremde / When We Leave)

Игран филм, Германија

2010, 119 мин., колор, ДВД

Режија: Фео Аладаг (Feo Aladag)

Сценарио: Фео Аладаг (Feo Aladag)

Улоги: Сибел Кекили, Низам Шилер, Дерја Алабора (Sibel Kekilli, Nizam Schiller, Derya Alabora)

 

Иако приказната ни изгледа познато од телевизиските вести и дневните весници – ова режисерско деби ТУЃИНКАТА на успешната актерка Фео Аладаг, во овој случај и продуцентка и сценаристка на филмот – сепак, неприкосновено го одзема здивот и успева да прикаже повеќеслоен и потресен семеен портрет кој е далеку од секојдневните претстави и клишеа. Умаи живее заедно со својот сопруг Кемал и синот Џем во едно предградие на турската метропола Истанбул. Кемал редовно има изливи на бес кон својата сопруга и синот. Кај Умаи избива нескротлив копнеж за нејзиниот поранешен дом во Берлин и за нејзините родители. Очајна, Умаи ги пакува своите работи и бега од својот живот во Истанбул и од бракот со сопругот. „Престани да сонуваш!“ – ѝ префрла еднаш мајка ѝ, додека пак нејзините сестри се плашат дека и нив ќе ги одбегнуваат поради „гревот“ на сестра им, а таткото Кадер си посакува неговата драга ќерка „да беше родена како момче“. На самиот почеток на филмот, се добива претпоставка за ужасен крај. Кога ќе се погледнат првите две минути од филмот, човек мисли дека ја знае појдовната ситуација. Меѓутоа, приказната се враќа назад и го развива дејството сè до моментoт кој на самиот почеток ни ја всадил таа застрашувачка претпоставка. И тогаш, во моментот кога се создава таа претпоставка, се гледаме себеси соочени со излезот од драмата, кој е уште потрагичен отколку што се плашевме…

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: Бесплатен влез

 

 

АКАДЕМСКИ КИНОКЛУБ

25 ОКТОМВРИ (ПЕТОК), 20:00 ч.

 

Годинава Академскиот киноклуб од Скопје прославува „60 години од своето постоење“, а првата вечер ќе биде прикажана селекција на филмови од членовите на „АКК-Скопје“, направени од неговото основање до денес.

 

 

АКАДЕМСКИ КИНОКЛУБ

26 ОКТОМВРИ (САБОТА), 20:00 ч.

Втората вечер во чест на „60 години од постоењето на АКК“ ќе бидат презентирани кратки филмови на долгогодишните филмски пријатели на „АКК“ од „ГФР филм-видео клубот“ од Пожега, Хрватска.

 

 

НЕДЕЛА НА ИТАЛИЈАНСКИОТ ЈАЗИК ВО СВЕТОТ 2019

28 ОКТОМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК), 20:00 ч.

ДОБРО УТРО, ВАВИЛОН

(Good morning Babilonia)

Игран филм, Италија / Франција / САД

1987, 117 мин., колор, ДЦП

Режија: Паоло Тавијани, Виторио Тавијани (Paolo Taviani, Vittorio Taviani)

Сценарио: Паоло Тавијани, Виторио Тавијани, Тонино Гуера (Paolo Taviani, Vittorio Taviani, Tonino Guerra)

Улоги: Винсент Спано, Жоаким де Алмеида, Грета Скаки, Омеро Антонути (Vincent Spano, Joaquim de Almeida, Greta Scacchi, Omero Antonutti)

 

ДОБРО УТРО, ВАВИЛОН е прв филм на браќата Тавијани на англиски јазик и во американска копродукција. Филмот е носталгична посвета на периодот на немиот филм.

Главните ликови, браќата Николо и Андреа, се тосканци и потекнуваат од семејство со долга традиција на градежни работници кои градат катедрали. Во 1915 година, бизнисот не им оди најдобро, па браќата му соопштуваат на татко им дека решиле да заминат во Америка во потрага по подобра иднина. Се надеваат дека татко им ќе поживее доволно долго, а тие ќе се вратат полни со долари. Николо и Андреа бргу се снаоѓаат во САД и учествуваат во изградбата на италијанскиот павилјон на светската изложба. Прочуениот американски режисер Дејвид В. Грифит е воодушевен од италијанските филмски спектакли, посебно со сценографијата во нив, па ги ангажира браќата од Тоскана во изградбата на величествената сценографија во неговиот нов филм НЕТРПЕЛИВОСТ. Така Николо и Андреа ќе се најдат во Холивуд, во пионерските денови на филмот…

ДОБРО УТРО, ВАВИЛОН беше во конкуренција за награди на Kанскиот филмски фестивал во 1987, и ја доби годишната награда на Асоцијацијата на италијанските филмски критичари.

Филмот е реставриран во 2018: CSC-CINETECA NAZIONALE IN COLLABORATION WITH CINECITTA’ LUCE.

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: Бесплатен влез

 

 

СВЕТСКИ ДЕН НА АУДИОВИЗУЕЛНОТО НАСЛЕДСТВО

31 ОКТОМВРИ (ЧЕТВРТОК), 12:00 ч.

 

 

ДЕНОВИ НА СОВРЕМНИОТ ЈАПОНСКИ ФИЛМ

29 ОКТОМВРИ (ВТОРНИК), 20:00 ч.

ГЛАСОТ НА УЧИТЕЛОТ

(Mô ichido /His master’s voice)

Игран филм, Јапонија

2014, 95 мин., колор, ДЦП

Режија: Хиројуки Итаја (Hiroyuki Itaya)

Сценарио: Хиројуки Итаја (Hiroyuki Itaya)

Улоги: Најута Фукузаки, Гори, Тајхеи Хајашија (Nayuta Fukuzaki, Gori, Taihei Hayashiya)

 

Топла драма осмислена од ракуго-изведувачот на Тајхеи Хајашија. „Ракуго“ е раскажувач на приказни – своевидна јапонска монодрама –и тој глуми неколку ликови менувајќи го гласот. Ракуго-изведувачот секогаш седи и го ткае наративот за највисоките и најниските вредности на обичните луѓе. Ветеранот во продукцијата на музички видеоспотови Хиројуки со овој филм го реализира своето играно режисерско деби, за кое, исто така, го напишал и сценариото и го монтирал филмот. Дизајнерката на продукција со интернационална успешна кариера – Танеда Јохеи – е потпишана под сценографијата на филмот.

Приказната се случува во доцниот 19 век. Ученикот по ракуго-перформанс Тајхеи (Хајашија) се откажува од надежта дека ќе го положи испитот, а очајот го наведува да замине во округот Фукагава во Токио, каде што изнајмува куќичка. Таму се среќава со емотивно повлечено момче по име Садакичи (Најута Фукузаки) и, како што одредува судбината, започнува да го поучува ракуго…

 

Возрасна категорија: За сите возрасти

Влезница: Бесплатен влез

 

 

30 ОКТОМВРИ (СРЕДА), 18:00 ч.

31 ОКТОМВРИ (ЧЕТВРТОК), 18:00 ч.

ГОДИНА НА МАЈМУНОТ

Игран филм, С. Македонија

2018, 112 мин., колор, ДЦП

Режија: Владимир Блажевски

Сценарио: Владимир Блажевски

Улоги: Игор Ангелов, Марија Кон, Береда Решит, Александар Камнаровски, Фаик Мефаиловски

 

Двата главни протагонисти на оваа црна комедија се Цобе, сиромашен чувар во Зоолошката градина во Скопје, и шимпанзото Коко, жител на истата градина. Едноставната приказна се плетка околу бегањето на Коко „од ропство во слобода“, поради што Цобе ќе биде отпуштен со ветување дека ќе го вратат на работа доколку го пронајде и донесе назад избеганиот мајмун. Се крева голема медиумска врева околу избеганото шимпанзо. Коко станува симбол на отпорот и слободарските стремежи, како некој којшто успеал да излезе од магичниот круг на општата ентропија на вредности. Така што – спасувачката мисија на Цобе за фаќање на шимпанзото – ќе прерасне во нешто сосем друго…

Филмот премиерно беше прикажан на минатогодишниот Скопски филмски фестивал, а светската премиера ја имаше на Московскиот меѓународен филмски фестивал.

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 денари

 

 

ДЕНОВИ НА СОВРЕМНИОТ ЈАПОНСКИ ФИЛМ

30 ОКТОМВРИ (СРЕДА), 20:00 ч.

ОШИН

(Oshin)

Игран филм, Јапонија

2013, 109 мин., колор, ДЦП

Режија: Шин Тогаши (Shin Togashi)

Сценарио: Шин Тогаши, Кота Јамада (Shin Togashi, Kota Yamada)

Улоги: Коконе Хамада, Аја Уето, Инагаки Горо, Кајоко Кишимито (Kokone Hamada, Aya Ueto,Inagaki Goro,Kayoko Kishimoto)

 

ОШИН е филмска адаптација на популарниот телевизиски серијал во Јапонија кој се здоби со светска популарност во осумдесеттите години од минатиот век.

Дејствието се случува во периодот Меиџи, на почетокот на дваесеттиот век. Седумгодишното девојче Ошин (Хамада Коконе) е испратено да работи во туѓо семејство поради лошата финансиска состојба на нејзините родители, сиромашни селани. Нејзиниот татко Сакузо (Инагаки Горо) и мајката Фуџи (Уето Аја) ја испраќаат со солзи, а таа тргнува со сплав по снежната река Могами…

Телевизискиот серијал е сниман според дневниците напишани од вистинската (веќе возрасна) Ошин, а дејствието на филмот се однесува и се задржува на нејзиното детство. Дел од актерите од серијалот играат и во филмот…

ОШИН во 2013 година беше победник во неколку категории на Детскиот интернационален филмски фестивал во Исфахан, Иран, и во Кина, а беше прогласуван и за најдобар детски филм во Азија истата година…

 

Возрасна категорија: За сите возрасти

Влезница: Бесплатен влез

 

 

ДЕНОВИ НА СОВРЕМНИОТ ЈАПОНСКИ ФИЛМ

31 ОКТОМВРИ (ЧЕТВРТОК), 20:00 ч.

РУДОЛФ ЦРНИОТ МАЧОР

(Rudolf to Ippai-attena/ Rudolf the Black Cat)

Анимиран филм, Јапонија

2016, 89 мин., колор, ДЦП

Режија: Мотонори Сакакибара, Кунихико Јујама(Motonori Sakakibara, Kunihiko Yuyama)

Сценарио: Хироши Саито, Ханмо Сугиура(Hiroshi Saitô, Hanmo Sugiura)

Гласови на улогите: Мао Иноуе, Рјохеи Сузуки, Акио Оцука (Mao Inoue, Ryôhei Suzuki, Akio Ôtsuka)

 

Рудолф е мал црн мачор од градот Гифу (центар на Јапонија), кој за прв пат го напушта домот, придружувајќи ја својата сопственичка, девојчето Рие, кое патува во посета кај нејзината баба. Низата несреќни настани предизвикуваат Рудолф да добие удар и да биде во несвест во приколката на товарниот камион. Кога Рудолф подоцна ќе се разбуди на чудно место, случајно се среќава со Готалот, големата мачка од која се плашат сите во градот. Дознавајќи дека е во Токио, на другата страна на Јапонија, Рудолф е принуден да се адаптира на својата нова ситуација со Готалот и другите нови пријатели, како што се нервозната мачка Бучи и шармантниот мачор Миша. Но Готалот, кога на ТВ открива од каде е Рудолф, тајно му помага да се врати кај Рие, а во меѓувреме, Рудолф го открива минатото на Готалот и неговиот однос со лошото куче наречено Ѓавол…

 

Возрасна категорија: За сите возрасти

Влезница: Бесплатен влез

 

 

ДЕНОВИ НА СОВРЕМНИОТ ЈАПОНСКИ ФИЛМ

1 НОЕМВРИ (ПЕТОК), 20:00 ч.

САМУРАЈ МАЧКА

(Nekozamurai / Samurai Cat)

Игран филм, Јапонија

2014, 100 мин., колор, ДЦП

Режија: Такеши Ватанабе, Јошитака Јамагучи (Takeshi Watanabe, Yoshitaka Yamaguchi)

Сценарио: Јуџи Нагамори, Хисакацу Куроки (Yûji Nagamori, Hisakatsu Kuroki)

Улоги: Казуки Китамура, Јосуке Асари, Јорико Догучи (Kazuki Kitamura, Yôsuke Asari, Yoriko Dôguchi)

 

Самурајот Kјутаро Мадарам некогаш бил суров убиец, но сега живее во сиромаштија. По подолго време, тој прима нарачка за убиство. Сепак, излегува дека целта на атентатот е малку необична и го омекнува суровиот самурај: Мадарам е ангажиран од банда – љубители на кучиња – да ја убие симпатичната бела мачка, саканото милениче на ривалската банда. Меѓутоа, откако ќе го крене мечот на мачката, самурајот не може да ја оправда постапката пред себеси, и мачката ќе го стопи неговото срце…

 

Возрасна категорија: За сите возрасти

Влезница: Бесплатен влез

Leave a comment