1 ФЕВРУАРИ (ПЕТОК), 20:00 ч.

РАБОТИЛНИЦАТА

(The workshop)
Игран филм, Чиле

2018, 80 мин.,колор, ДСП
Режија: Хозе Томас Видела (Jose Tomas Videla)
Сценарио: Хозе Томас Видела (Jose Tomas Videla)

„Работилница“ е филм што се занимава со прашањето за насилството и моќта на зборот. Денес сме изложени на повеќе ставови и мислења за општеството во кое живееме, постојано го бараме идентитетот и тоа пребарување може да нè доведе до непознати места кои понекогаш може да бидат и опасни, каде што имаме можност да избереме како ќе се соочиме со нашата околина. Различните идеологии што ни се предлагаат се оружје со две острици, тие можат да бидат замка или може да нè ослободат, во зависност од тоа како ќе ги употребиме или како ќе ги толкуваме. „Работилница“ нè повикува да размислиме за тоа што сè може да скрие заводничкиот збор и колку сме ранливи кон некои насилства кои изгледаат безопасни, но кои можат да бидат поопасни дури од оружјето и од насилството на зборот.

2 ФЕВРУАРИ (САБОТА), 20:00 ч.

ПРИВИДЕНИЕ

(L’apparition / The Apparition)

Игран филм, Франција

2018 г., 149 мин., колор, ДСП

Режија: Ксавиер Џаноли (Xavier Giannoli)

Сценарио: Ксавиер Џаноли (Xavier Giannoli)

Улоги: Винсен Линдон, Галатеа Белуџи, Патрик Д’Асумкао (Vincent Lindon, Galatéa Bellugi, Patrick d’Assumçao)

Жак работи како новинар за регионален весник во Франција. Неговата репутација како истражувач го привлекува вниманието на Ватикан, кој го ангажира да води истражувачки проект на остатоците на свето привидение во едно мало француско село, иако Жак не е верник.

Приказната започнува кога девојчето Ана имала привидение на Богородица. Ана е згрижена од свештениците, а Жак ја започнува потрагата по вистината, па оди во родното место на Ана, каде што ги истражува нејзиниот живот и поведение.

3 ФЕВРУАРИ (НЕДЕЛА), 20:00 ч.

ПОД ДРВОТО 

(Under the tree)

Игран филм , Исланд 

2017г., 89 мин., колор, ДСП 
Режија: Хафстеин Гунар Сигурдсон (Haffsteinn Gunnar Sigurdson)
Сценарио: Хафстеин Гунар Сигурдсон (Haffsteinn Gunnar Sigurdson), Хулдар Брејфјорд (Huldar Brejfjord )
Улоги:  Стенпор Хроард Стенбујорсон (Stenpor Hroard Stenbjorson), Еда Бјоргвинсдоир (Edda Bjorgvinsdotir),  Сигуардур Сигурјонсон (Siguardur Sigurjonsson)

Кога најблиските соседи на Болдвин и Инга се жалат дека едно дрво од нивниот заден двор фрла сенка на нивната сончева тераса, одненадеж тоа што започнува како типична расправија меѓу соседите во предградие, неочекувано и жестоко излегува од контрола…

„РУСКА ЗИМА“: МЕСЕЦ НА КЛАСИЧЕН И СОВРЕМЕН РУСКИ ФИЛМ

4 ФЕВРУАРИ (ПОНЕДЕЛНИК), 20:00 ч.

АНА КАРЕНИНА: ПРИКАЗНАТА НА ВРОНСКИ

(Анна Каренина. История Вронского/Anna Karenina: Vronsky’s Story)

Игран филм, Русија

2017, 98 мин., колор, ДСП

Режија: Карен Шахназаров (Karen Shakhnazarov)

Сценарио: Карен Шахназаров , Јуриј Потенко (Karen Shakhnazarov, Yuriy Potenko)

Улоги: Елизавета Бојарскаја, Кирил Гребеншчиков, Владимир Илин (Elizaveta Boyarskaya, Kirill Grebenshchikov, Vladimir Ilin)

Манџурија во 1904 година за време на руско-јапонската војна. Руска воена болница на точките за повлекување во полууништено кинеско село. Шефот на болницата, Сергеј Каренин, дознава дека ранетиот офицер, грофот Вронски, е лицето кое ја уништило неговата мајка Ана Каренина. Без илузии дека ќе добие некакви одговори, Каренин доаѓа кај Вронски и му го поставува прашањето што го мачи целиот живот: што ја натерало неговата мајка да ја премине линијата, да направи прељуба и да изврши самоубиство?

По одредено двоумење, Вронски се согласува да ја раскаже приказната за неговата трагична љубов со Ана Каренина, забележувајќи дека луѓето се сеќаваат само на она што го избрале да се сетат. Вронски почнува да ја преиспитува приказната од пред триесет години и конечно сфаќа дека предолг период се наоѓа во минатото.

„РУСКА ЗИМА“: МЕСЕЦ НА КЛАСИЧЕН И СОВРЕМЕН РУСКИ ФИЛМ

5 ФЕВРУАРИ (ВТОРНИК), 20:00 ч.

СОЛАРИС

(Солярис/Solaris)

Игран филм, Русија

1972, 167, црно-бел/колор, ДСП

Режија: Андреј Тарковски (Andrei Tarkovsky)

Сценарио: Андреј Тарковски, Фридрих Горенштајн, според романот на Станислав Лем (Andrei Tarkovsky, Fridrikh Gorenshteyn, Stanislaw Lem)

Улоги: Наталија Бондарчук, Јури Јарвет, Донатас Банионис, Анатолиј Солоницин, Владислав Дворжецки (Natalya Bondarchuk, Jüri Järvet, Donatas Banionis, Anatoli Solonitsin, Vladislav Dvorzhetsky)

Мисијата Соларис е утврдена база на планетата која пречекува еден вид агенти, но деталите се многу мистични. Научниците се обидуваат да ја разберат тајната на загадочната планета  Соларис, но набргу стануваат жртви на своите имагинации и скриени желби.

Психологот  Крис Келвин (Донатас Банионис) е испратен во вселенската станица по мистериозното исчезнување на еден од трите научници во базата. Келвин има задача да ја испита загадочната смрт на докторот, како и проблемите што ги мачат космонаутите во станицата. Тој го пронаоѓа и останатиот дел од екипата, кои се однесуваат чудно, а останува вчудоневиден кога во станицата ја сретнува и својата сопруга Кари, која е почината пред седум години. Веднаш станува видливо дека Соларис поседува нешто што ги носи потиснатите сеќавања и опсесии на космонаутите од вселенската станица. Келвин се прашува за неговата перцепција на релативноста.

СОЛАРИС е победник на филмскиот фестивал  во Кан од 1972 година, а филмот имаше римејк во режија на Стивен Содерберг во 2002 година.

„РУСКА ЗИМА“: МЕСЕЦ НА КЛАСИЧЕН И СОВРЕМЕН РУСКИ ФИЛМ

6 ФЕВРУАРИ (СРЕДА), 20:00 ч.

АНДРЕЈ РУБЉОВ  

(Андрей Рублев)

Игран филм, Русија 

1966 г, 205 мин, црно-бел/колор, ДСП  

Режија: Андреј Тарковски (Andrei Tarkovski)

Сценарио: Андреј Тарковски, Андреј Кончаловски (Andrei Tarkovski, Andrei Konchalovski)

Улоги: Анатолиј Солоницин, Иван Лепиков, Николај Гринко (Аnatoliy Solonitsyn, Ivan Lepikov, Nikolay Grinko)

AНДРЕЈ РУБЉОВ е биографско-историска драма заснована на животот на познатиот руски иконописец од 15 век. Во 15 век руските земји минуваат низ турбулентни времиња, растргнати од татарската инвазија и борбата за превласт помеѓу руските принцови (болјари). Во такво опкружување, Андреј Рубљов, монах и иконописец, се обидува да проникне во суштината на уметноста и на верата, ги разгледува можноста и потребата да твори во услови на репресија и неправда, размислува за улогата на индивидуалецот, заедницата и власта во создавањето на духовна и епска уметност…

Рубљов ја доживува несреќата да биде сведок на еден масакр од страна на Татарите врз недолжното население и врз свештенството, во крајна нужда е приморан и да убие, и тој пораз на човечкиот ум и дух ќе го доживее и како свој пораз. Решава да се самоосуди на молк и да престане да комуницира со луѓето. По долга изолација се враќа меѓу луѓето и ќе биде изненаден од талентот на младиот конструктор на џиновската камбана. Во тој период ја насликал својата позната икона „Света Троица”. AНДРЕЈ РУБЉОВ бил долго време забранет од советските власти кои жестоко го обвинувале Тарковски за идеолошка и естетичка субверзивност. Во 1969 г. ја освојува наградата FIPRESCI на филмскиот фестивал во Кан.

„РУСКА ЗИМА“: МЕСЕЦ НА КЛАСИЧЕН И СОВРЕМЕН РУСКИ ФИЛМ

7 ФЕВРУАРИ (ЧЕТВРТОК), 18:00 ч.

ЅВЕЗДА

(Звезда/The Star)

Игран филм, Русија

2002, 97 мин., колор, ДСП

Режија: Николај Лебедев (Nikolay Lebedev)

Сценарио: Александар Бородјански, Евгени Григорјев (Aleksandr Borodyansky, Yevgeni Grigoryev)

Улоги: Игор Петренко, Артјом Семакин, Алексеј Панин (Igor Petrenko, Artyom Semakin, Aleksei Panin)

Во текот на Втората светска војна руската армија испратила специјална група наречена „Ѕвезда“ за борба против нацистите во нивната позадина. Филмот е базиран на истоимената книга на Емануил Казакевич.

Во летото 1944 година, нацистичките армии подготвиле масивна тенковска дивизија „Викинг“ за офанзивата на окупираната руска земја. Специјалната група на руската армија составена од седум снајперисти е испратена во операција за извидување зад непријателските линии, во позадината на нацистичката тенковска дивизија. Двете претходни руски групи никогаш не се вратиле. Седумте руски војници знаат дека одат во речиси сигурна смрт за победа во Татковинската војна.

„РУСКА ЗИМА“: МЕСЕЦ НА КЛАСИЧЕН И СОВРЕМЕН РУСКИ ФИЛМ

7 ФЕВРУАРИ (ЧЕТВРТОК), 20:00 ч.

СТАЛКЕР

(Сталкер/Stalker)

Игран филм, Русија

1979, 163 мин., црно-бел/колор, ДСП

Режија: Андреј Тарковски (Andrei Tarkovsky) 

Сценарио: Аркадиј и Борис Стругацки, според нивниот роман (Arkadiy Stugatskiy, Boris Strugatskiy)

Улоги: Александар Кајдановски, Анатолиј Солоницин, Николај Гринко, Алиса Фрејндлих, Наташа Абрамова (Alexander Kaidanovsky, Anatoli Solonitsin, Nikolai Grinko, Alisa Freyndlikh, Natasha Abramova)

Научнофантастичниот филм СТАЛКЕР е снимен според новелата „Пикник покрај патот“ на браќата Борис и Аркадиј Стругацки. Филмот ги следи тројцата мажи, Научникот (Николај Гринко), Писателот ( Анатолиј Солоницин) и Сталкер (Александар Кајдановски) и нивното патување низ мистериозната и заборавената територија во руската пустина наречена Зона. Во Зоната ништо не исто како што изгледа: таа е налик на вонземско место опкружено со војници и бодликава жица. И покрај убедувањата од жена му да не оди, Сталкер ги води луѓето во Зоната каде што тајните желби стануваат реалност, сеедно што ризикува казна затвор. Таа ноќ тој носи двајца во Зоната: популарниот писател, кој е циничен, но и се прашува за својата генијалност; и тивкиот научник, кој е позагрижен за својот ранец отколку за патувањето. Пристапот во Зоната мора да биде индиректен. Како се наближуваат поблиску до целта, правилата се чини дека се променети, а Сталкер се соочува со кризи. 

„РУСКА ЗИМА“: МЕСЕЦ НА КЛАСИЧЕН И СОВРЕМЕН РУСКИ ФИЛМ

8 ФЕВРУАРИ (ПЕТОК), 18:00 ч.

ШЕТАЈЌИ ПО УЛИЦИТЕ НА МОСКВА

(Я шагаю по Москве/Walking the streets of Moscow)

Игран филм, Русија

1964 г., 78 мин., црно-бел, ДСП  

Режија: Георги Данелија (Georgiy Daneliya)

Сценарио: Генадиј Шпаликов (Gennady Shpalikov)

Улоги: Никита Михалков, Алексеј Локтов, Евгениј Стеблов, Галина Пољских (Nikita Mikhalkov, Aleksej Loktov, Еvgeniy Steblov, Galina Polskikh)

Волоѓа е млад и амбициозен писател од Сибир. Неговиот прв краток расказ е објавен во списанието „Младост“. Уредникот на списанието Воронин го кани да дојде во Москва да се договорат за соработка. Во московското метро Волоѓа се запознава и се спријателува со Коља, кој се враќа дома по напорната ноќна смена. Волоѓа сака да оди во домот кај старите пријатели, но не знае точно каде е нивната улица и затоа Коља решава да му помогне да ја најде улицата, за на крај одат во куќата на Коља. Низ филмот ги следиме нивните доживувања низ градот, дополнително искомплицирани со појавата на привлечната продавачка Аљона.

ОМАЖ: ГОРАН СТЕФАНОВСКИ

8 ФЕВРУАРИ (ПЕТОК), 20:00 ч.

ХАЈ-ФАЈ

(HI-FI)

Игран филм, Македонија

1987 г., 102 мин., колор, 35 мм

Режија: Владимир Блажевски

Сценарио: Горан Стефановски

Улоги: Данчо Чевревски, Фабијан Шоваговиќ, Мето Јовановски, Вукосава Донева

Преку фрагмент од животот на Борис и неговиот син Матеј, филмот зборува за судирот на генерациите, за создадениот јаз поради идеолошката обоеност. Политичкиот затвореник Борис, по неколкуте години минати во затвор, се враќа дома. Во станот во кој по разводот со жената живее сам, вселен е неговиот син Матеј. Синот е веќе возрасен човек кој се обидува да заработи и да се афирмира како музичар. Начинот на кој живее Матеј, неговата врска со девојката Мира и луѓето со кои тој контактира не му се допаѓаат на Борис, и за тоа ја обвинува поранешната сопруга, која е успешна во професионалната кариера, но затоа нема авторитет кај синот и единственото што може да го направи е да ја обезбедува неговата материјална егзистенција. Уште еден неочекуван пораз го погодува Борис. Жената со која сака да го помине преостанатиот дел од животот, умира.

Она што му преостанува е да воведе суров режим во животот на синот. Ги прекинува сите негови контакти. Го врзува со лисици, а сите потреби и сета комуникација ја презема на себе. Според мислењето на Борис, сè што се случува е лично меѓу нив двајцата. Тој врши и вербална и физичка тортура врз синот, инсистирајќи тој да се согласи дека животот што го водел е залуден. Матеј не се согласува со ставот на таткото, но пасивниот отпор што го покажува го заплашува Борис.

„РУСКА ЗИМА“: МЕСЕЦ НА КЛАСИЧЕН И СОВРЕМЕН РУСКИ ФИЛМ

9 ФЕВРУАРИ (САБОТА), 18:00 ч.

СВОЈ МЕЃУ ТУЃИНЦИ, ТУЃИНЕЦ ДОМА  

(Свой среди чужих, чужой среди своих/ At Home Among Strangers, a Stranger Among His Own) 

Игран филм, Русија

1974 г., 97 мин., црно-бел/колор, ДСП 

Режија: Никита Михалков (Nikita Mikhalkov)

Сценарио: Никита Mихалков, Едуард Володарски (Nikita Mikhalkov, Eduard Volodarskiy)

Улоги: Јури Богатирјов, Никита Михалков, Сергеј Шакуров (Yuri Bogatyryov, Nikita Mikhalkov, Sergey Shakurov)

Приказната се одвива во почетокот на 1920 година, непосредно по завршувањето на граѓанската војна во Советскиот Сојуз. Егор Шилов е испратен да ја заштитува специјалната пратка со злато која се испраќа со воз. Но, возот е нападнат, тој е киднапиран и дрогиран, а златотото е украдено. Шилов е осомничен за предавство и мора да ја докаже својата невиност и да го врати златото. Шилов сега е „странец меѓу своите”, а во извршувањето на својата задача мора да стане „домашен меѓу туѓинците“.

ОМАЖ: ГОРАН СТЕФАНОВСКИ

9 ФЕВРУАРИ (САБОТА), 20:00 ч.

ДО БАЛЧАК

(To the Hilt)

Игран филм, Македонија

2014 г., 172 мин., колор, ДСП

Режија: Столе Попов

Сценарио: Горан Стефановски, Столе Попов

Улоги: Инти Шрај, Мартин Јорданоски, Сашко Коцев, Сенко Велинов, Тони Михајловски, Мики Манојловиќ, Никола Којо, Никола Ристановски, Јовица Михајловски, Искра Ветерова, Јордан Симонов, Драган Спасов, Ана Костовска

Дејствието на филмот се одвива во годините на општ колапс и „слободен пад“ по крваво задушеното Илинденско востание од 1903 година. Филмот е сурова, но романтична љубовна приказна во која вечната македонска кауза за сопствен идентитет и самостојност е видена од агол на строга индивидуалност, лишена од било каква идеологизација. Слободата, правдата, љубовта, среќата, жртвувањата и предавствата се доживеани низ катарзични емоции што допираат „до балчак”. Поточно, сè е во знакот на типичниот парадокс издигнат до ниво на проверената балканска филозофска максима: „Ебати животот, ако не си спремен да умреш за негo”.

Ова е филм за дијалектичката средба на митското со антимитското, филм во којшто се среќаваат легендите и раскажувањата со реалната стварност на суровиот живот, низ македонската историја, исполнет со историски апсурди. Антивестерн, пандан на традиционалниот американски вестерн,  или нешто што слободно би можеле да го наречеме „mаcedonian eastern“, ова е филм што излегува од просторот на кој од памтивек се среќаваат и судираат западната и источната цивилизација.

„РУСКА ЗИМА“: МЕСЕЦ НА КЛАСИЧЕН И СОВРЕМЕН РУСКИ ФИЛМ

10 ФЕВРУАРИ (НЕДЕЛА), 18:00 ч.

СЕМЕЈНИ ВРСКИ

(Родня/Family Relations)

Игран филм, Русија

1982 г., 98 мин., колор, ДСП 

Режија: Никита Михалков (Nikita Mikhalkov)

Сценарио: Виктор Мережко (Viktor Merezhko)

Улоги: Нона Мордјукова, Светлана Крјучкова, Јури Богатирјов (Nonna Mordyukova, Svetlana Kryuchkova, Yuriy Bogatyryov)                                                                                                                                        

Марија Конвалова е жена од село која заминува во централниот град на регионот да ја посети ќерката Нина и саканата внука Иришка. Таа е добра, скромна и едноставна жена, но е безнадежно изгубена во новиот свет што не го разбира. Но, во него живеат нејзините најдраги, па Марија се обидува да се справи со нивните идеи за животот. Таа е подготвена да го подобри односот на ќерката Нина со нејзиниот поранешен маж, но тоа сите ги доведува до жалост.

„РУСКА ЗИМА“: МЕСЕЦ НА КЛАСИЧЕН И СОВРЕМЕН РУСКИ ФИЛМ

10 ФЕВРУАРИ (НЕДЕЛА), 20:00 ч.

ИВАНОВОТО ДЕТСТВО

(Иваново детство/Ivan’s childhood) 

Игран филм, Русија

1962 г., 95 мин., црно-бел, ДСП 

Режија: Андреј Тарковски (Andrei Tarkovsky)

Сценарио: Владимир Богомолов, Михаил Папава (Vladimir Bogomolov, Mikhail Papava)

Улоги: Николај Бурлјаев, Валентин Зубков, Евгениј Жариков (Nikolay Burlyaev, Valentin Zubkov, Evgeniy Zharikov)

ИВАНОВОТО ДЕТСТВО е трагична приказна за изгубеното детство на дванаесетгодишниот сирак Иван, кој ќе се најде на источниот советски фронт за време на Втората светска војна. Иван шпионира и собира информации во корист на Советската армија. Навлегува длабоко во позадината на германските редови, го ризикува сопствениот живот, иако причината за тоа на возрасните и искусни војници не им е секогаш јасна. Се обидуваат да го сместат во интернат, подоцна и во воена школа, но малиот сирак инсистира да остане на фронтот и да се одмазди за смртта на своето семејство.

Иван е мал херој кој чекори со сигурност до своите цели, невидлив за никого, но присутен во мислите на своите повозрасни пријатели, тројцата офицери на Советската армија. Филмот е прв долгометражен филм на А. Тарковски и во 1962 година е добитник на наградата „Златен лав“ на филмскиот фестивал во Венеција.

„РУСКА ЗИМА“: МЕСЕЦ НА КЛАСИЧЕН И СОВРЕМЕН РУСКИ ФИЛМ

11 ФЕВРУАРИ (ПОНЕДЕЛНИК), 17:00 ч.

ШИРЛИ-МИРЛИ

(Ширли-мырли)

Игран филм, Русија

1995, 136 мин., колор, ДСП

Режија: Владимир Меншов (Vladimir Menshov)

Сценарио: Владимир Меншов, Виталиј Москаленко (Vladimir Menshov, Vitaliy Moskalenko)

Улоги: Валери Гаркалин, Вера Алентова, Ина Чурикова (Valery Garkalin, Vera Alentova, Inna Churikova)

Во рудник во далечната Јакутија е пронајден до сега невидено голем дијамант и е наречен „Спасителот на Русија“. Властите велат дека од продажбата на дијамантот може да се плати тригодишен одмор на Канарските Острови за секој руски државјанин. Шефот на криминалната банда Козулски го краде дијамантот за време на неговиот транспорт со авион во Москва, но потоа е ограбен од професионалниот крадец Василиј Кроликов…

Заплетот на филмот се врти околу Кроликов и неговите двајца идентични браќа. Кроликов е прогонуван од  мафијата на Козулски и двајца полициски офицери. Но, тоа не е сè: Кроликов открива дека има и четврт брат, а ликови на браќата ги игра Валери Гаркалин.

„РУСКА ЗИМА“: МЕСЕЦ НА КЛАСИЧЕН И СОВРЕМЕН РУСКИ ФИЛМ

11 ФЕВРУАРИ (ПОНЕДЕЛНИК), 20:00 ч.

ИВАН ГРОЗНИ

(Иван Грозный/Ivan the terrible)

Игран филм, Русија

1944,45 г. (1 и 2 дел), 183 мин., црно-бел, ДСП

Режија: Сергеј Ајзенштајн (Sergei Eizenstein)

Сценарио: Сергеј Ајзенштајн (Sergei Eizenstein)

Улоги: Николај Черкасов, Серафима Бирман, Павел Кодочников, Лудмила Целиковскаја (Nikolay Cherkasov, Serafima Birman, Pavel Kodochnikov, Lydmila Tselikovskaya)

Биографски филм за рускиот цар Иван IV Василевич, наречен Иван Грозни.  Дејството почнува со Ивановото крунисување за цар. Во Москва се најавува обединување на Русија. Има постојани судири со надворешните и со  внатрешните непријатели, па дури и со најблиските пријатели, а врв на тоа е смртта на царицата Анастазија.

Иван се повлекува, но народот бара да се врати на престолот. Во втората половина на 16 век, царот ја зацврстува власта со помош на војската, а тоа не им е по волја на неговите политички ривали, руските болјари (аристократи). Сепак, Иван Грозни е првиот владетел што се прогласил за цар на цела Русија, а болјарите подготвуваат завера со намера да го убијат и да го востоличат Владимир како нов цар.                                                                                                                                                                                        

„РУСКА ЗИМА“: МЕСЕЦ НА КЛАСИЧЕН И СОВРЕМЕН РУСКИ ФИЛМ

12 ФЕВРУАРИ (ВТОРНИК), 18:00 ч.

АЛЕКСАНДАР  НЕВСКИ 

(Александр Невский)

Игран филм, Русија

1938 г., 112 мин., црно бел, ДСП 

Режија: Сергеј Ајзенштајн (Sergei Eisenstein)

Сценарио: Сергеј Ајзенштајн, Пјотр Павленко (Sergei Eisenstein, Pyotr Pavlenko)

Улоги: Николај Черкасов, Н.Охлопков, Андреј Абрикосов (Nikolay Cherkasov, N.Okhlopkov, Andrey Abrikosov)

AЛЕКСАНДАР НЕВСКИ се смета за еден од највлијателните, најважните и најпопуларните остварувања од овој жанр во советската и светската кинематографија. Александар Невски е руски кнез кој во 1240 година се обидува да го одбрани Новгород, а заедно со него и цела Русија, од инвазијата на Тевтонските крстоносци. Откако успеал да го наметне својот авторитет против новгородските болјари и трговци, ја собира војската со која ќе се спротивстави на непријателите во големата битка на Чудското Езеро (1242 г.). Филмот АЛЕКСАНДАР НЕВСКИ е познат и по својата политичка позадина, бидејќи се толкува како алегорија на ситуацијата во светот пред Втората светска војна. Ова е првиот целовечерен звучен филм на Ајзенштајн.

ОМАЖ: МИТЕ ГРОЗДАНОВ

12 ФЕВРУАРИ (ВТОРНИК), 20:00 ч.

ИСТРЕЛ

Игран филм, Македонија

1972 г., 98 мин., колор, 35 мм.

Режија: Бранко Гапо

Сценарио: Димитар Солев

Улоги: Емил Рубен, Мајда Тушар, Неда Арнериќ, Петар Арсовски, Питомир Деспотовски, Ристо Шишков, Слободан Димитриевиќ, Владимир Светиев, Мите Грозданов

Скопје за време на бугарската фашистичка окупација во Втората светска војна. Сакајќи ја слободата за својот народ, група млади луѓе се решава на низа акции, меѓу кои најголема е – атентатот врз бугарскиот полициски началник Емануел Мане Мачков. По пристигнувањето на Емануел во началството, тој на своите агенти им наредува да обрнат големо внимание на младите од Дебар маало, Пајко маало и Чаир. Во меѓувреме, заради безбедно поминување на партизанскиот одред во близината на Скопје, во градот треба да се организираат низа помали акции кои би го свртеле вниманието на полицијата врз себе.

Другарите Дано, Доне, Игор и Боро преземаат акција на аеродромот, при што ги палат авионите. Како реакција, полицијата врши рација, собира само млади луѓе кои се подложени на страшни измачувања. Истовремено, партизанскиот одред при преминувањето на Вардар упаѓа во заседа. Момчињата му помагаат на ранетиот Мите Димов да ја избегне заседата и го пренесуваат кај Анѓа, додека Никола е отсутен. Полицијата ги претресува сите сомнителни куќи и го наоѓа ранетиот партизан во куќата на Никола. По тешки измачувања, без да признае пред полицијата, Мите е убиен. Месниот комитет решава да се организира атентат врз Емануел. На денот на атентатот момчињата ги заземаат своите места на улицата, пред куќата на Емануел, и по заминувањето на неговиот автомобил, тие го убиваат. По атентатот момчињата мораат да заминат од градот…

„РУСКА ЗИМА“: МЕСЕЦ НА КЛАСИЧЕН И СОВРЕМЕН РУСКИ ФИЛМ

13 ФЕВРУАРИ (СРЕДА), 18:00 ч.

МОЈА МИЛА И НЕЖНА ЗВЕРКА

(Мой ласковый и нежный зверь/Тhe shooting party)  

Игран филм, Русија

1978 г., 105 мин., колор, ДСП

Режија: Емил Лотеану (Emil Loteanu) 

Сценарио: Емил Лотеану, според новела на А.П. Чехов

Улоги: Галина Бељаева, Олег Јанковски, Кирил Ловров (Galina Belyaeva, Oleg Yankovskiy, Kiril Lovrov)

Може ли да се натера срцето да сака некого? Оленка потекнува од сиромашно семејство и се соочува со таа дилема: мора да се омажи за богат маж за да се спаси од сиромаштијата. Тројца мажи сакаат да го освојат нејзиното срце: остроумниот вдовец Урбенин, стариот гроф Карнеев и младиот и убав Камишев. Изборот е очигледен, но кој би знаел дали ова можеби ќе заврши како трагедија?

ОМАЖ: ЉУБИША ГЕОРГИЕВСКИ

13 ФЕВРУАРИ (СРЕДА), 20:00 ч.

ПЛАНИНАТА НА ГНЕВОТ

Игран филм, Македонија

1968 г., 81 мин., црно-бел, 35 мм

Режија: Љубиша Георгиевски

Сценарио: Анте Поповски

Улоги: Бранислав Јериниќ,  Дарко Дамевски, Драгомир Фелба, Нада Гешовска, Оливера Вучо,  Петре Прличко, Ристо Шишков

По Втората светска војна, по социјалистичката револуција и по ослободувањето на земјата, настапува време на обнова. Тоа е и време кога се инсистира на колективизација на селските имоти. И во Западна Македонија се настојува да се спроведат новите идеи за развој на земјоделското стопанство и на сточарството.

Претседател на селската задруга е Стамат, поранешен борец, кој со сиот свој жар и револуционерен елан работи и верува дека колективизацијата е единствен излез за сиромашниот селанец. На својот пат за подобра иднина тој се судира со отпорот на поимотните селани кои тешко се разделуваат од имотот. Наспроти тоа, Стамат се соочува и со решението на Околискиот комитет, планината што им обезбедува егзистенција и која селаните ја сметаат за своја, да му се додели на Дрвниот комбинат. Настојувањето на Стамат решението да се промени е без успех. Тој чувствува дека неговиот револуционерен идеал е брутално изневерен поради нечии бирократски решенија. Во овие околности Стамат се соочува со вистината дека селаните не му веруваат, но и покрај тоа застанува на вистинската страна.

„РУСКА ЗИМА“: МЕСЕЦ НА КЛАСИЧЕН И СОВРЕМЕН РУСКИ ФИЛМ

14 ФЕВРУАРИ (ЧЕТВРТОК), 18:00 ч.

НАЈШАРМАНТНА И НАЈАТРАКТИВНА  

(Самая обаятельная и привлекательная/The most charming and attractive)

Игран филм, Русија

1985 г., 81 мин., колор, ДСП  

Режија: Гералд Бежанов (Gerald Bezhanov) 

Сценарио: Анатоли Ејрамџан (Anatoly Eyramdzhan)

Улоги: Ирина Маравјова, Татјана Василева, Александар Абдулов, Леонид Курављов (Irina Maravyova, Tatyana Vasileva, Aleksandr Abdulov, Leonid Kuravlyov)                                                                         

Надја Кљуева е на добро работно место во еден истражувачки институт, но не може да го организира својот личен живот. Таа има  над триесет години и сè уште не е мажена. Одвреме-навреме во автобус се сретнува со својата поранешна школска другарка Сузана. После тие средби животот на Надја почнува да ѝ се менува.

Сузана е професионален социолог и  на Надја ѝ дава практични совети како да си го промени своето однесување и стилот на облекување за да може да се омажи. Надја решава да го шармира нејзиниот колега Волоѓа, кој не ѝ се допаѓа премногу, но е многу популарен меѓу женскиот свет, своевиден Дон Жуан. Наскоро Надја сфаќа дека нејзината среќа и љубов што ги бара низ разни трикови и напори се во нејзината непосредна близина.

ФИЛМ ПО ИЗБОР НА ГЕТЕ ИНСТИТУТ

14 ФЕВРУАРИ (ЧЕТВРТОК), 20:00 ч.

ЗА ЕДНА ДЕВОЈКА

(About a Girl)

Игран филм, Германија

2014 г., 104 мин. колор, ДСП

Режија: Марк Монхајм (Mark Monheim)

Сценарио: Марк Монхајм, Мартин Ребок (Mark Monheim, Martin Rehbock)

Улоги: Јасна Фрици Бауер, Хејке Макач, Аурел Мантај (Jasna Fritzi Bauer, Heike Makatsch, Aurel Manthei)

Шарлин (Бауер) е 15-годишна девојка  која е голема обожавателка на Курт Кобејн и постојано се прашува зошто пораснувањето мора да биде толку комплицирано. Опседната е со самоубиствени мисли, но зад сето тоа стои огромна бунтовност. Наспроти нејзината даркерска филозофија дека ако умреш млад, ќе останеш засекогаш млад, докторот ја потсетува дека ќе останеш и – засекогаш мртов!

Откако ќе заврши во болница по неуспешниот обид за самоубиство, Шарлин ќе открие колку можат да бидат забавни животот и љубовта. Посебно љубовта!

Бауер има одличното деби во оваа драмска комедија и критиката во неа ја гледа следната германска актерска ѕвезда. Во улогата на нејзината мајка настапува Хајке Макач, која веќе имаше интернационален успех со ВСУШНОСТ, ЉУБОВ (Love, Actually, 2003 г.) на Ричард Кертис (Richard Curtis), настапувајќи покрај ѕвездите Хју Грант, Лиам Нисон, Ема Томпсон и Колин Фирт (Hugh Grant, Liam Neeson, Emma Thompson, Colin Firth).

„РУСКА ЗИМА“: МЕСЕЦ НА КЛАСИЧЕН И СОВРЕМЕН РУСКИ ФИЛМ

15 ФЕВРУАРИ (ПЕТОК), 18:00 ч.

ИВАН ВАСИЛЕВИЧ ЈА МЕНУВА ПРОФЕСИЈАТА

(Иван Васильевич меняет профессию/Ivan Vasilievich: Back to the Future)

Игран филм, Русија

1973 г., 93 мин., колор/црно-бел, ДСП

Режија: Леонид Гајдај (Leonid Gaidai)

Сценарио: Владлен Бахнов, Леонид Гајдај, според новелата на Михаил Булгаков (Vladlen Bakhnov, Leonid Gaidai, Mikhail Bulgakov)

Улоги: Јуриј Јаковлев, Леонид Курављов, Александар Демјаненко (Yuriy Yakovlev, Leonid Kuravlyov, Aleksandr Demyanenko)

Еден обичен советски управник на зграда, со временска машина конструирана од соседот, по грешка ќе биде транспортиран од дваесеттиот век во шеснаесеттиот век, во времето кога со Москва и со Русија владеел царот Иван Грозни. Со него е и еден ситен провалник. Иван Грозни, пак, ќе биде транспортиран во дваесеттиот век, поточно во 1973 година.

Оваа комедија е еден од најгледани советски филмови во 1973 година со над 60 милиони гледачи.

15 ФЕВРУАРИ (ПЕТОК), 20:00 ч.

ДАЛИ СИ ГО ВИДЕЛ МОЈОТ ФИЛМ?

(Have You Seen My Movie?) 

Експериментален игран филм, Велика Британија/Канада

2016 г., 136 мин., колор, ДСП

Режија: Пол Антон Смит (Paul Anton Smith)

Сценарио: Пол Антон Смит (Paul Anton Smith)

ДАЛИ СИ ГО ВИДЕЛ МОЈОТ ФИЛМ? е омаж за гледањето филмови во кино-сала. Реализиран целосно со снимки од филмови, ДАЛИ СИ ГО ВИДЕЛ МОЈОТ ФИЛМ? е љубовно писмо за магијата и за моќта на кинематографските искуства што ги споделуваат странците во мракот на кино-салата. Од брзање на гледачите во публиката за да фатат места до знакот за почеток на проекцијата во кабината, режисерот и монтажер Пол Антон Смит ја раскажува приказната за одењето во кино со фокусирање на камерата на публиката.

Смит користи иконични и опскурни сцени од повеќе од илјада филмови од секој жанр – романса, мјузикл, акција, хорор, филм ноар, комедија – кои опфаќаат 80 години од кинематографијата, за да ја одрази сета романса, мистерија и хаос на нашите колективни фантазии.

„РУСКА ЗИМА“: МЕСЕЦ НА КЛАСИЧЕН И СОВРЕМЕН РУСКИ ФИЛМ

16 ФЕВРУАРИ (САБОТА), 18:00 ч.

ЧОВЕКОТ ОД БУЛЕВАРОТ КАПУЦИН

(Человек с бульвара Капуцинов/ A Man from Boulevard des Capucines)

Игран филм, Русија

1987, 99 мин., колор, ДСП

Режија: Ала Сурикова (Alla Surikova)

Сценарио: Едуард Акопов (Eduard Akopov)

Улоги: Андреј Миронов, Александра Јаковлева (Andrei Mironov, Aleksandra Yakovleva)

Господинот Џон Први (Џони) е кинематографер кој патува во Санта Каролина. Пресретнат од група разбојници, предводена од Блек Џек, Џони е единствениот кој не извлекува пиштол за да се брани, и тој чин го збунува Блек Џек. Потоа Блек Џек ја зема книгата што Џони толку внимателно и често ја разгледува, мислејќи дека е Библијата, но Џони му објаснува дека станува збор за „Историја на светскиот филм“, па разбојникот губи интерес за него.

Кога Џони пристигнува во Санта Каролина, налетува на голема тепачка во локалниот бар, се спријателува со каубоецот Били и лудо се вљубува во танчерката Дијана. Били се шегува на неговата инстантна вљубеност, предупредувајќи го дека срцето на Дијана е закатанчено поцврсто од воената база Форт Нокс, центарот на американската армија.

Филмот е комична критика на митот за американскиот Див Запад. Како што Холивуд ги  митологизирал авантурите за Бафало Бил, така советскиот филм за време на Студената војна се обидува да го деконструира тој мит преку сатира.

„РУСКА ЗИМА“: МЕСЕЦ НА КЛАСИЧЕН И СОВРЕМЕН РУСКИ ФИЛМ

17 ФЕВРУАРИ (НЕДЕЛА), 18:00 ч.

УСПЕНИЕ  

(Восхождение/Тhe Ascent)

Игран филм, Русија 

1977 г., 111 мин, црно-бел, ДСП

Режија: Лариса Шепитко (Larisa Shepitko)

Сценарио: Василиј Биков, Јури Клепиков (Vasiliy Bykov,Yuri Klepikov) 

Улоги: Борис Плотников, Владимир Гостинкин, Сергеј Јаковлев (Boris Plotnikov, Vladimir Gostynkhin, Sergey Yakovlev)                                                                                                                                      

Приказната на ремек-делото УСПЕНИЕ користи мотиви од Татковинската војна, но е длабоко инспирирана од библиската тема на распнувањето на Христос. Во една студена зима за време на Втората светска војна, двајца црвеноармејци, Сотников и Рибак, тргнуваат да бараат храна за себе и за своите соборци. Тие во куќата на еден германски офицер наоѓаат една коза, ја земаат, но на враќање се уапсени од нацистичка патрола. Сотников, цврст во своите  верувања, одбива да одговара на сите прашања и покрај тоа што е физички малтретиран. Од друга страна, пак, Рибак тврди дека не знаат ништо, и едноставно би им рекле сè што знаат и прават само да останат живи. Рибак се става во служба на непријателот, а Сотников ги  презема сите гревови на себе и спокојно се упатува кон новата голгота.

 

НЕДЕЛА НА ИРАНСКИ ФИЛМ

18 ФЕВРУАРИ (ПОНЕДЕЛНИК), 20:00 ч.

ДЕЦАТА НА РАЈОТ

(Bacheha-Ye aseman / Children of Heaven)

Игран филм, Иран

1997, 87 мин., колор, ДВД

Режија: Маџид Маџиди (Majid Majidi)

Сценарио: Маџид Маџиди (Majid Majidi)

Улоги:  Амир Наџи, Бахаре Седики, Фереште Сарабанди, Фарук Хашемиан, Нафисе Џафар-Мохамади (Amir Naji, Bahare Seddiqi, Fereshte Sarabandi, Farrokh Hashemian, Nafise Jafar-Mohammadi)

Малиот Али ќе ги однесе чевлите на својата сестра кај чевлар, на поправка. Тој е мошне одговорно и сериозно младо момче – неговите родители можат да се потпрат на него, сестричката му се доверува, а и на училиште е трудољубив и дете за пример. Но, враќајќи се накај дома од кај чевларот, ќе ги загуби чевлите и неговото секојдневие станува мошне комплицирано. Стравувајќи дека ќе бидат казнети од родителите, Али и Захра нема да ја пријават загубата на чевлите, туку заедно ќе ги носат неговите патики – таа претпладне на училиште, а тој попладне, откако сестрата ќе се врати дома. Но колку долго ќе ја кријат оваа „шема“ од родителите? Има и една надеж: доколку Али освои трето место на трката во која ќе се натпреварува, ќе добие уште еден чифт патики. Филмските критичари го опишаа овој филм на Маџиди како иранска верзија на КРАДЦИ НА ВЕЛОСИПЕДИ (1948) на Де Сика.

„РУСКА ЗИМА“: МЕСЕЦ НА КЛАСИЧЕН И СОВРЕМЕН РУСКИ ФИЛМ

19 ФЕВРУАРИ (ВТОРНИК), 17:00ч.

ОДИ И ВИДИ 

(Иди и смотри/Come and see)

Игран филм, Русија

1985, 142 мин., колор, ДСП 

Режија: Елем Климов (Elem Klimov)

Сценарио: Елем Климов, Алес Адамович (Elem Klimov, Ales Adamovich)

Улоги: Алексеј Кравченко, Олга Миронова, Лиубомирас Ланчевичис (Aleksеy Kravchenko, Olga Mironova, Liubomiras Laucevicius)

Белорусија под нацистичка окупација во 1943 година за време на Втората светска војна. Во центарот на приказната е момчето Флорја, кое ќе ја пронајде старата пушка и ќе му се придружи на партизанското движење на отпорот против германските сили. Тој ги доживува стравотиите од Втората светска војна, преобразувајќи се од весел тинејџер во маж со побелена коса за само два дена.

НЕДЕЛА НА ИРАНСКИ ФИЛМ

19 ФЕВРУАРИ (ВТОРНИК), 20:00 ч.

КАФЕТЕРИЈА НА ГРАНИЦАТА

(Café Transit / Border Café)

Игран филм, Иран / Франција / Турција

2005, 107 мин., колор, ДВД

Режија: Камбузиа Партови (Kambuzia Partovi)

Сценарио: Камбузиа Партови (Kambuzia Partovi)

Улоги:  Фереште Садре Орафај, Первиз Параштуи, Никос Пападопулос, Свиета Микалишна, Вантос Константинос (Fereshteh Sadre Orafaiy, Perviz Parastui, Nikos Papadopoulos, Svieta Mikalishna, Vanthos Konstаntinos)

Тврдоглавата Рејхан по смртта на својот сопруг ќе посака повторно да ја отвори кафетеријата на границата каде што се среќаваат Европа и Азија, порано управувана од нејзиниот маж. Во патријахалната средина, во која владее традиција на неподдржување на финансиска независност и иницијативност кај жените, таа мора да се бори и да се избори за своето право на избор. Конзервативниот девер на Рејхан е воедно и најголем непријател на нејзините напори за самостојност, бидејќи тој сака да ја ожени и да ја донесе дома како втора сопруга. Рејхан е упорна и наскоро, благодарение на нејзините кулинарски способности, кафетеријата ќе стекне углед и редовни посетители. Еден од нив е и грчкиот камионџија Закарио, со кој ќе заснова пријателство кое ветува помош за излез од моменталната егзистенцијална криза. Филмот на Камбузиа Партови има добиено повеќе награди на меѓународни фестивали.

„РУСКА ЗИМА“: МЕСЕЦ НА КЛАСИЧЕН И СОВРЕМЕН РУСКИ ФИЛМ

20 ФЕВРУАРИ (СРЕДА), 17:00 ч.

КИН-ЅА-ЅА

(Кин-дза-дза!)

Игран филм, Русија

1986, 135 мин., колор, ДСП

Режија: Георгиј Данелија (Georgiy Daneliya)

Сценарио: Георгиј Данелија, Реваз Габриадзе (Georgiy Daneliya , Revaz Gabriadze)

Улоги: Станислав Љубшин, Евгениј Леонов, Јури Јаковлев (Stanislav Lyubshin, Yevgeni Leonov, Yury Yakovlev)

Филмот се случува во осумдесеттите години од минатиот век во Москва. Вова, градежен надзорник, се олабавува дома по стресен ден на работа. Неговата сопруга бара од него да купи некои намирници, па Вова излегува во најблиската продавница. Во центарот на градот, на Калинин проспект, еден бос човек облечен во растурен капут, се жали секому со чудно барање: „Кажете ми го бројот на вашата планета? Или барем бројот на вашата галаксија?“. Вова и младиот грузиски студент со виолина започнуваат разговор во овој чуден човек. Чудакот им го покажува уредот за телепортација наречен „патник“, и Вова одлучува да ја провери веродостојноста на приказнатата, па и покрај предупредувањата на чудакот, случајно притиска едно копче на уредот. Одеднаш, Вова и виолинистот се телепортирани на планетата „Плуке“ во галаксијата „Кин-ѕа-ѕа“.

Планетата е населена со човеколики суштества, со примитивна технологија и варварска култура, која сепак е слична на онаа на Земјаните. Тие се телепатични, умеат да си ги читаат мислите, а единствени зборови што вообичаено ги користат во нивната култура се „ку“ (koo) и „кију“ (kyoo): првиот се користи за сè што е добро, а вториот е своевидна пцовка за сè што е лошо. Сепак, жителите на „Плуке“ можат брзо да се прилагодат на разбирањето и говорот на рускиот и на грузискиот јазик…

НЕДЕЛА НА ИРАНСКИ ФИЛМ

20 ФЕВРУАРИ (СРЕДА), 20:00 ч.

НЕ СЕ ЗАМАРАЈ!

(Khasteh Nabashid! / Don’t Be Tired!)

Игран филм, Иран

2013, 93 мин., колор, ДВД

Режија: Мохсен Гараи, Афшин Хашеми (Mohsen Gharaie, Afshin Hashemi)

Сценарио: Реза Миркарими, Мохамад Реза Рад (Reza Mirkarimi, Mohammad Rezaee Rad)

Улоги:  Фарзад Багери, Гога Бајат, Џафал Фатеми, Хесам Махмуди, Јадола Шадемани (Farzad Bagheri, Ghogha Bayat, Jafal Fatemi, Hesam Mahmoudi, Yadollah Shademani)

Роман и Марјам се постара брачна двојка која живее во Канада. Смртта на нивниот син оставила голема неискажана болка, но и многу лутина и чувство на вина кои тлеат потиснати во нивниот однос. Иако по потекло се Иранци, Марјам уште од деството нема стапнато во родната земја, се чувствува отуѓено, а веќе и јазикот не го разбира. Доаѓањето во Иран и за двајцата е претставува потрага по идентитетот. За да не скитаат сами во непознатото, во ова патешествие им помагаат двајца млади момци, од кои само едниот едвај зборува англиски. Мирјам со никого не може да се разбере и ништо не ѝ чини. Роман, пак, со своите помирливост и авантуристички дух, постојано истражува, се запознава со нови луѓе и ситуации. Така и ќе се изгуби во еден лавиринт од подводни канали, и со тоа нивното патување ќе се претвори во трагикомично препородувачко искуство.

„РУСКА ЗИМА“: МЕСЕЦ НА КЛАСИЧЕН И СОВРЕМЕН РУСКИ ФИЛМ

21 ФЕВРУАРИ (ЧЕТВРТОК), 17:00 ч.

ДЕРСУ УЗАЛА  

(Дерсу Узала/Dersu Uzala)

 Игран филм, Русија – Јапонија 

1975 г., 141 мин., колор, ДСП   

Режија: Акира Куросава (Akira Kurosawa)  

Сценарио: Владимир Арсенев, Акира Куросава, Јуриј Нагибин (Vladimir Arsennev, Akira Kurosava, Yuriy Nagibin) 

Улоги: Максим Мунзук, Јуриј Соломин, Михаил Бичков (Maksim Munzuk, Yuriy Solomin, Mikhail Bychkov)

Руската војска испраќа експедиција во истражувачка мисија во областа околу реката Усури. Експедицијата ја предводи капетанот Арсенов. Наскоро во  неистражените шумски пространства го сретнуваат припадникот на Голдите, домородец по име Дурсу Узала, кој станува водич на експедицијата. Приказната зборува за погледите на светот и номадскиот начин на живот на Голдите претставен низ ликот на Дерсу Узала и пријателството на капетанот со него.

НЕДЕЛА НА ИРАНСКИ ФИЛМ

21 ФЕВРУАРИ (ЧЕТВРТОК), 20:00 ч.

КАДЕ МИ СЕ ЧЕВЛИТЕ?

(Kafashhayam koo / Where Are My Shoes?)

Игран филм, Иран

2016, 100 мин., колор, ДВД

Режија: Киумарс Порахмад (Kiumars Poorahmad)

Сценарио: Фарид Мостафави, Киумарс Порахмад (Farid Mostafavi, Kiumars Poorahmad)

Улоги:  Реза Кијанијан, Маџид Мозафари, Роја Нонахали, Мина Вахид, Шагајег Фарахани (Reza Kianian, Majid Mozaffari, Roya Nonahali, Mina Vahid, Shaghayegh Farahani)

Хабиб Кавех има проблеми со меморијата. Заборава како да се врати дома, почнува да живее во минатото, воопшто не е свесен кој е и колку време изминало од  настаните и ситуациите коишто повторно, секојдневно ги преживува. За него, колку што може, се грижи семејството на брат му, бидејќи ќерката и сопругата на Хабиб одамна се иселени од земјата. Но, еден ден во неговиот живот повторно се враќа неговата ќерка Бита, сега возрасна, а Хабиб не ја препознава. На девојката ѝ е јасно дека татко ѝ има Алцхајмерова болест и ќе реши да остане, да се грижи за него. Пополека ја разоткрива причината зошто нејзините родители се разделиле, но и зошто биле оневозможени од страна на двете семејства – она на татко ѝ и она на мајка ѝ, повторно да воспостават контакт и да се смират. Дури и мајката на Бита, поранешната сопруга на Хабиб ќе се врати да се грижи за него. Но, за Хабиб времето застанало пред многу години, и тој сè уште верува дека жената и сопругата ги изгубил, а овие две „нови“ жени во неговиот живот не ги препознава и тешко ги прифаќа.

НЕДЕЛА НА ИРАНСКИ ФИЛМ

22 ФЕВРУАРИ (ПЕТОК), 19:00 ч.

НЕ СЕ СРАМИ

(Khejalat nakesh / Don’t Be Embarrassed)

Игран филм, Иран

2018, 90 мин., колор, ДВД

Режија: Реза Магсуди (Reza Maghsoudi)

Сценарио: Афра Џураблу, Реза Магсуди (Afra Jourablou, Reza Maghasoudi)

Улоги:  Ахмад Мехранфар, Шабнам Могадами, Сем Деракшани, Линда Кијани, Елназ Хабиби (Ahmad Mehranfar, Shabnam Moghadami, Sam Derakhashani, Linda Kiani, Elnaz Habibi)

Ганбар и Санам се веќе „во години“. Односно, нивните деца се возрасни, веќе омажени и оженети, имаат и внуци, и од нив, на оваа возраст, се очекува мирно и без многу стресови да си ја дочекаат староста. Така барем се живее во нивното село на северот од Иран. Но Санам ќе открие дека забременила и тоа сосем ќе ја исфрли од колосек. Го обвинува својот сопруг за „срамната“ ситуација, крие од блиските и од соселаните, не знае како да им каже дека детето што сè уште не го родила ќе биде, всушност, помладо од нејзините внуци. Во селото не стивнуваат озборувањата, очигледно е дека Ганбар и Санам постојано се караат, но на луѓето не им е јасно зошто. Нивните караници наликуваат на флерт помеѓу двајца млади, а на сите им е јасно дека овие двајца се сè уште во љубов, како на помлади години. Следуваат низа инциденти, недоразбирања и комични ситуации во кои запаѓаат не само Ганбар и Санам, туку и целото нивно семејство.

ФРАНЦУСКИ КИНО КЛУБ

22 ФЕВРУАРИ (ПЕТОК), 21:00 ч.

КАКО МОМЧИЊА

(Comme des garcons / Let the Girls Play) 

Игран филм, Франција

2018 г., 90 мин., колор, ДСП

Режија: Жилиан Алар (Julien Hallard)

Сценарио: Жилиан Алар, Жан-Кристоф Бузи (Julien Hallard, Jean-Christophe Bouzy)

Улоги: Макс Бублил, Ванеса Гид, Бруно Лоше (Max Boublil, Vanessa Guide, Bruno Lochet)

Ремс, Франција, 1969 г. Пол Кутар (Бублил) е спортски новинар во дневен весник и непоправлив женскар. Одлучува да организира натпревар во женски фудбал како конкуренција на неговиот шеф за годишниот хуманитарен настан на весникот. За таа цел мора да побара помош од извршниот асистент во весникот, кој му е главен непријател. Влегувајќи на сосем непознат терен, го формираат првиот женски фудбалски тим во Франција.

Социјалната комедија КАКО МОМЧИЊА е француски одговор на популарниот британски филм ИГРАЈ КАКО БЕКАМ (Bend It Like Beckham, 2002 г.). Женските фудбалски тимови станале признати од официјалните фудбалски асоцијации на Франција и Велика Британија кон крајот на шеесеттите и почетокот на седумдесеттите години на минатиот век. Освен ветеранот Бублил, поголемиот дел од актерската екипа е составен од жени, предводени од растечката ѕвезда на францускиот филм Ванеса Гид.

НЕДЕЛА НА ИРАНСКИ ФИЛМ

23 ФЕВРУАРИ (САБОТА), 18:00 ч.

КАДЕ Е КУЌАТА НА МОЈОТ ПРИЈАТЕЛ?

(Khane-ye doust kodjast? / Where Is The Friend’s Home?)

Игран филм, Иран

1987, 83 мин., колор, ДВД

Режија: Абас Кијаростами (Abbas Kiarostami)

Сценарио: Абас Кијаростами (Abbas Kiarostami)

Улоги:  Бебек Амедпур, Амед Амедпур, Кодабакш Дефаеи, Иран Оутари, Аит Ансари (Bebek Ahmedpoor, Ahmed Ahmedpoor, Khodabakhsh Defaei, Iran Outari, Ait Ansari)

Осумгодишниот Ахмед е вчудовиден кога ќе забележи дека по грешка дома ја донел тетратката на своето другарче од училиште. Тој ги познава строгите правила на училиштето – доколку некое од децата не донесе тетратка со напишана домашна задача, ќе го избркаат од училиштето или ќе го казнат. Другарчето живее во друго село и совесниот Ахмед ќе тргне во непознатото – да ја најде неговата куќа и да му ја врати тетратката, за овој да не биде казнет и тоа не по негова вина. По долго талкање, запознавање нови луѓе, други улици и делови од градот, Ахмед се враќа дома, не успевајќи да го „спаси“ другарчето од казна. Дури и родителите се лути што не се прибрал навреме, па и тој е сега казнет заради „непослушност“.

Во сета таа ситуација, гладен, измрзнат, загрижен и растргнат од чувство на вина, Ахмед ќе сети дека сепак има надеж да го спаси пријателот. Како?

23 ФЕВРУАРИ (САБОТА), 20:00 ч.

ГОЛ НАТРАПНИК

(Flitzer / Streaker)

Игран филм, Швајцарија

2017 г., 98 мин., колор, ДСП

Режија: Петер Луиси (Peter Luisi)

Сценарио: Петер Луиси, Бет Шлатер (Peter Luisi, Beat Schlatter)

Улоги: Бет Шлатер, Доро Миглер, Бендрит Бајра (Beat Schlatter, Doro Müggler, Bendrit Bajra)

Учител од средно училиште запаѓа во финансиска криза и изнаоѓа начин како да ја преброди истата. Сонува за брз живот, пари и шема која зависи од нелегални обложувања. Всушност, самиот тој запаѓа во валкани игри…

„РУСКА ЗИМА“: МЕСЕЦ НА КЛАСИЧЕН И СОВРЕМЕН РУСКИ ФИЛМ

24 ФЕВРУАРИ (НЕДЕЛА), 17:00 ч.

КАНЦЕЛАРИСКА РОМАНСА

(Служебный роман/ Office Romance)

 Игран филм, Русија

1977, 159 мин., колор, ДСП

Режија: Елдар Рјазанов ( Eldar Ryazanov)

Сценарио: Емил Брагински (Emil Braginskiy)

Улоги: Алиса Фрејндлих, Андреј Мјагов, Светлана Немољаева (Alisa Freyndlikh, Andrey Myagkov, Svetlana Nemolyaeva)

Животот на целиот Завод за статистика ќе добие луд тек откако еден обичен работник, срамежлив маж, ќе се вљуби во својата директорка – строга жена.

Анатолиј Новоселцев работи во Заводот за статистика, чија директорка е непривлечна и строга жена. Неговиот стар пријател, Јуриј Самохвалов, кој ќе биде назначен за заменик-директор на Заводот, сака да го унапреди Новоселцев во шеф на одделот, но во тоа е попречен од страна на директорката Људмила Калугина. Јуриј му предложува на Новоселцев да ѝ се доворува на директорката, но поради иронија на судбината, Новоселцев и Калугина ќе се заљубат еден во друг.

24 ФЕВРУАРИ (НЕДЕЛА), 20:00 ч.

СИТЕ ЗНААТ

(Todos lo saben/Everybody knows)

Игран филм, Шпанија, Франција, Италија

2018, 132 мин., колор, ДСП

Режија: Асгар Фархади (Asghar Farhadi)

Сценарио: Асгар Фархади (Asghar Farhadi)

Улоги: Пенелопе Круз, Хавиер Бардем, Барбара Лени, Рикарди Дарин, Инма Куеста (Penélope Cruz, Javier Bardem, Bárbara Lennie, Ricardo Darín, Inma Cuesta)

Лаура и нејзините деца патуваат од Буенос Аирес, Аргентина, до нејзиното родно село во Шпанија, за да присуствуваат на венчавката на нејзината сестра. Низа неочекувани настани го водат овој свечен собир кон криза, која го разоткрива скриеното минато на семејството.

СИТЕ ЗНААТ ја имаше премиерата минатата година во Кан, а учествуваше и беше наградуван на фестивалите во Карлови Вари, Минхен, Сараево, Торонто, Ванкувер, Сан Диего, Чикаго…

25 ФЕВРУАРИ (ПОНЕДЕЛНИК), 20:00 ч. 

УБИВАЈЌИ ГО БОГА

(Matar a Dios / Killing God)

Игран филм, Шпанија

2017 г., 92 мин., колор, ДСП

Режија: Каје Касас, Алберт Пинто (Caye Casas, Albert Pintó)

Сценарио: Каје Касас, Алберт Пинто (Caye Casas, Albert Pintó)

Улоги: Францеск Ореја, Едуардо Алтуња, Ициар Кастро, Емилио Гавира (Francesc Orella, Eduardo Antuña, Itziar Castro, Emilio Gavira)

Карлос ги поканува неговиот татко и брат да поминат пријатен викенд со него и неговата сопруга Ана во изолирана куќа среде шума. Карлос ја сомничи Ана дека го изневерила со нејзиниот шеф. По пристигнувањето на братот и таткото, нивната расправија станува сè посилна.

На вратата од куќата се појавува брадест човек со низок раст се појавува велејќи дека е Господ. Тој им се заканува дека ќе го уништи целото човештво наредното утро и тие мора да изберат кои двајца треба да се спасат. Започнува психолошката драма на избор која, како што наближува изгрејсонцето, полека преоѓа во бизарен хорор…

 

„РУСКА ЗИМА“: МЕСЕЦ НА КЛАСИЧЕН И СОВРЕМЕН РУСКИ ФИЛМ

26 ФЕВРУАРИ (ВТОРНИК), 17:00 ч.

НЕКОЛКУ ДЕНА ОД ЖИВОТОТ НА ОБЛОМОВ  

(Несколько дней из жизни И.И. Обломова/Oblomov) 

Игран филм, Русија

1980 г., 140 мин., колор, ДСП 

Режија: Никита Михалков (Nikita Mikhalkov)

Сценарио: Алексадар Адабашјан, Иван Гончаров (Aleksandr Adabashyan, Ivan Goncharov)  

Улоги: Олег Табаков, Јуриј Богатиров, Елена Соловеј (Oleg Tabakov, Yuriy Bogatyryov, Elena Solovey)

Санкт Петербург, средина на 19 век. Индолентниот и средовечен Обломов живее во станот со стариот слуга Захариј. Тој поголемиот дел од денот го преспива и мечтае за своето детство на родителскиот имот.

Неговиот пријател од детството, Штолц, сега веќе енергичен, успешен и деловен човек, го внесува Обломов во својот круг на пријатели секогаш кога престојува во градот. Животот на Обломов почнува да се менува кога Штолц ќе го запознае со Олга, убава и културна жена. Кога Штолц заминува на неколку месеци, Обломов изнајмува куќа во близина на Олга, и таа одлучува да го промени и да го претвори во друштвен и култивиран човек. Наскоро Олга и Обломов се вљубуваат, но тука е и Штолц.

„РУСКА ЗИМА“: МЕСЕЦ НА КЛАСИЧЕН И СОВРЕМЕН РУСКИ ФИЛМ

26 ФЕВРУАРИ (ВТОРНИК), 20:00 ч.

ПАТ ЗА БЕРЛИН

(Дорога на Берлин/Road to Berlin)

Игран филм, Русија 

2015 г., 88 мин., колор, ДСП 

Режија: Сергеј Попов (Sergei Popov)

Сценарио: Емануел Казакевич, Евгениј Никишов (Emmanuil Kazakevich, Evgeniy Nikishov)

Улоги: Амир Абдикалов, Јуриј Борисов, Максим Демченко (Amir Abdykalov, Yuriy Borisov, Maksim Demchenko)

Летото 1942 година младиот службеник за комуникации е обвинет за кукавичлук и осуден на смрт со стрелање. Ненадејниот напад на Германците го одложува извршувањето на казната, па поради тоа осуденикот и неговиот стражар се принудени да побегнат. Додека се труди да го доведе осуденикот во штабот, се развива пријателство меѓу стражарот и неговиот заробеник, бидејќи и двајцата поминуваат низ неколку авантури и се борат против Германците.

„РУСКА ЗИМА“: МЕСЕЦ НА КЛАСИЧЕН И СОВРЕМЕН РУСКИ ФИЛМ

27 ФЕВРУАРИ (СРЕДА), 18:00 ч.

СЕ ИЗДАВА КУЌА СО СИТЕ НЕУДОПСТВА

 (Сдаётся дом со всеми неудобствами)

Игран филм, Русија

2016, 91 мин., колор, ДСП

Режија: Вера Сторожева (Vera Storozheva)

Сценарио: Олга Попова, Вера Сторожева (Olga Popova, Vera Storozheva)

Улоги: Викторија Исакова, Ирина Пегова, Нина Дворжецкаја (Viktoriya Isakova, Irina Pegova, Nina Dvorzhetskaya)

Приказната на филмот се одвива на морскиот брег, каде што се наоѓа мала куќа што долго време била огласена за изнајмување. Итриот сопственик успева да им ја издаде на неколку семејства истовремено. Таму пристигнуваат сосем различни жени кои решиле да летуваат на море со своите деца. Тие воопшто не се слични една на друга и затоа често ќе запаѓаат во расправии. Приказната ќе добие пресврт кога од пловидба со брод ќе се врати вистинскиот сопственик на куќата. Морнарот не ни можел да претпостави дека човекот кому му ги доверил клучевите од куќата бил најобичен измамник…

ОМАЖ: ЉУПКА ЏУНДЕВА

27 ФЕВРУАРИ (СРЕДА), 20:00 ч.  

МИРНО ЛЕТО

Игран филм, Македонија

1961 г., 99 мин., црно-бел, 35 мм

Режија: Димитрие Османли

Сценарио: Фрида Филиповиќ

Улоги: Дарко Дамевски, Илија Милчин, Илија Џувалековски, Љупка Арсова-Џундева, Мери Бошкова, Петре Прличко, Слободан Перовиќ, Стојка Цекова

Младиот научен работник Заре Мисевски и неговата сопруга Мира, костимограф во театар, живеат во изнајмена соба како потстанари, постојано изложени на вознемирувања и љубопитност на соседите. Во вакви околности, на Заре му се доделени клучевите на Етнографскиот музеј во Охрид, заради негово средување, што за семејството Мисевски значи бегство во оаза на мир и тишина, за време на трите летни месеци, колку што треба да престојуваат во Охрид.

Сакајќи својата радост да ја споделат со пријателите, Заре и Мира, секој за себе, раскажуваат за добиената „премија“. Лето е, Заре и Мира се веќе во Охрид, во музејската зграда. Заре работи на својот проект, а Мира слика и се труди да не му пречи во работата. Но, проблемите почнуваат кога еден ден, на гости им доаѓа колешката на Мира, Дара Љубина, разочарана од неславниот крај на последната љубовна врска. Револтот на Заре сè уште не е стивнат, а во нивниот привремен дом доаѓа Нестор Гиевски, некогашен факултетски професор на Заре, кој патувајќи кон Атина, наминал кај нив на одмор. На новонастанатата ситуација Заре и Мира бргу се привикнуваат, но не за долго. Братот на Мира, со своето друштво, дошол на гости кај сестрата и зетот. Инвазијата на музејот продолжува. Во дворот на музејот стигнуваат стрикото и стрината на Заре и семејството Поп-Коцеви, кои имајќи проблеми со сместувањето, на покана на стрико Тале, дошле во музејот. Ситуацијата во куќата веќе не може да се контролира, владее општ метеж. Мира, изнервирана и лута, ќе побара мир во хотелот…

„РУСКА ЗИМА“: МЕСЕЦ НА КЛАСИЧЕН И СОВРЕМЕН РУСКИ ФИЛМ

28 ФЕВРУАРИ (ЧЕТВРТОК), 18:00 ч.

ИСЧЕЗНАТА ИМПЕРИЈА

(Исчезнувшая империя/Vanished Empire)

Игран филм, Русија

 2008, 105 мин., колор, ДСП  

Режија: Карен Шахназаров (Karen Shakhnazarov)  

Сценарио: Евгениј Никишов, Сергеј Рокотов (Evgeniy Nikishov, Sergey Rokotov)  

Улоги: Александар Љапин, Лидија Миљузина, Егор Барановски (Aleksandr Lyapin, LidiyaMilyuzina, Egor Baronovskiy)  

Дејството се одвива во Москва во седумдесеттите години од минатиот век. Приказната е за љубовниот триаголник меѓу две момчиња и една девојка кои студираат на ист факултет и се соочуваат со првите разочарувања и победи.

Додека се зафатени со своите лични животи и љубови, ја пропуштаат претпоставката дека СССР, земјата во која се родени и живеат, наскоро ќе исчезне од политичката карта на светот.

28 ФЕВРУАРИ (ЧЕТВРТОК), 20:00 ч.

ЧЕТИРИ РАЦЕ

(Die Vierhändige / Four Hands)

Игран филм, Германија

2017 г., 94 мин., колор, ДСП

Режија: Оливер Киенле (Oliver Kienle)

Сценарио: Оливер Киенле (Oliver Kienle)

Улоги: Фрида-Ловиса Хаман, Фредерике Бехт, Кристоф Летковски (Frida-Lovisa Hamann, Friederike Becht, Christoph Letkowski)

Откако Софи и Џесика биле сведоци на едно свирепо убиство во нивното детство, Џесика ѝ  ветила на својата помлада сестра Софи дека секогаш ќе ја чува. Меѓутоа, како што стануваат возрасни, ова станува опсесија. Сега Џесика (28) страда од параноја и насекаде гледа закани кон неа и кон нејзината сестра. Додека, пак, Софи (26) сака да живее нормален живот без никакви стравови и без својата сестра. Сака да стане пијанистка и среќно да се вљуби.

Кога сторителите на свирепото убиство ќе бидат ослободени од затвор по 20 години, Џесика се шокира и веднаш сака да им се спротивстави. Но, ситуацијата целосно се менува. Ветувањето на Џесика дека секогаш ќе ја чува помалата сестра се претвора во кошмар.

One comment
  • Слободан Беличански
    Posted on јануари 25, 2019 at 2:28 pm

    Верувам дека сите филмофили ќе уживаат во извонредниот избор на филмови
    и дека доживотно ќе го паметат филмскиот февруари од 2019 година во секогаш
    гостољубивата Кинотека на Македонија.

    Reply

Leave a comment