Вечерва во Кинотеката на Македонија беа промовирани избраните дела на Стојан Андов, политичар и општественик со неколкудецениска кариера.


Во колекцијата од десет томови во издание на „Матица македонска“ застапени се книгите: „На мој начин“, „Моите патувања“, „Стравот и љубовта“, „Кицо Американецот“, „Јосип Броз Тито и распаѓањето на Југославија“ ,„Приказната на Марија“, „Драматичната 1991 година“, „1992-година на опасни предизвици“, „Успеси и заговори -1993 година“ и „Пред атентатот и по него“.

Стојан Андов

За мемоарско-публицистичките и литературни дела на Андов говореа Раде Силјан, главен уредник на изданието, академик Владо Камбовски, писателот Блаже Миневски, надворешно-политичкиот коментатор Љубомир Гајдов и амбасадорот Љупчо Арсовски.

Промоција на избрани дела на Стојан Андов

Во преполната сала на Кинотеката на Македонија на промоцијата присуствуваа и претседателот на Собранието Талат Џафери и премиерот Зоран Заев, како и многу други видни личности.

Со промоцијата на избраните дела „Матица македонска“ беше одбележан и осумдесет и третиот роденден на Стојан Андов, прв претседател на Собранието на Република Македонија.

Leave a comment