БОСИФЕСТ е меѓународен фестивал на лицата со инвалидитет и според форматот е единствен во Југоисточна Европа. Годинава ќе се одржи по десети пат, од 21 до 23 октомври, во Југословенската кинотека во Белград, во организација на Хенди центар Колосеум.

Конкурсот за прием на филмови започна на 8 јануари и е отворен до 25 април 2019. На годинешното јубилејно десето издание на големото платно ќе бидат прикажани голем број филмови во натпреварувачката и ревијалната програма. До сега на претходните 9 изданија се прикажани преку 350 филмови чија тематика била животот на лицата со инвалидитет, или, пак, нивни автори биле лица со инвалидитет.

Суштината на БОСИФЕСТ е промовирањето на творечкиот труд и можностите на учесниците на јавната културна сцена, како и ширењето на пораката дека лицата со инвалидитет би требало да имаат исти права и обврски како и другите граѓани. Големата заинтересираност на авторите и изведувачите за учество во програмите на БОСИФЕСТ е доказ дека постои простор за ваков фестивал со меѓународна рамка во Србија. БОСИФЕСТ им се приклучи на светските фестивали со сличен формат, и мрежата на вакви фестивали на авторите им пружа можност за излегување на светската фестивалска сцена.

Филмовите прикажани на БОСИФЕСТ предизвикуваат големо внимание во јавноста, секако најмногу на здруженијата на лицата со инвалидитет и невладиниот сектор во Србија, но и пошироко. Низ програмите на БОСИФЕСТ се нудат можности за развој за понатамошен развој на демократското општество и создавање околина која ќе биде пристапна, без пречки и бариери, за сите.

БОСИФЕСТ доделува награди за најдобар филм (Гран при), најдобра режија и најдобро сценарио. На фестивалот можат да учествуваат документарни филмови чија тема е животот на лицата со инвалидитет. Максималното времетраење на филмовите е до 100 минути. Филмовите мора да бидат на англиски јазик со српски или англиски титл. Продукцијата на филмовите не треба да биде постара од 7 години, а видеозаписите треба да бидат доставени во две копии во ДВД формат.

Прашања и информации во врска со учество на БОСИФЕСТ можат да се испратат на овој маил: film@bosifest.rs,,hc.koloseum@gmail.com.

Пријавата за учество на БОСИФЕСТ може да се симне тука.

Leave a comment