Волшебник, сонувач и истражувач

Бранко Гапо

ДЕНОВИ НА ИСКУШЕНИЕ

Година на производство: 1965

Род: игран филм

Жанр: историски филм

Техника: синемаскоп

Лента: црно-бел, со звук, 35 мм.

Времетраење: 104 мин.

Производство: „Вардар филм – Скопје“

 

ВРЕМЕ БЕЗ ВОЈНА

Година на производство: 1969

Род: игран филм

Жанр: социјална драма

Техника: вајдскрин

Лента: црно-бел, со звук, 35 мм.

Времетраење: 80 мин.

Производство: ФРЗ – Скопје

 

ИСТРЕЛ

Година на производство: 1972

Род: игран филм

Жанр: воен филм

Техника: вајдскрин

Лента: во боја, со звук, 35 мм.

Времетраење: 98 мин.

Производство: „Филмско студио – Скопје“, „Босна филм – Сараево“

 

НАЈДОЛГИОТ ПАТ

Година на производство: 1976

Род: игран филм

Жанр: историски филм

Техника: вајдскрин

Лента: во боја, со звук, 35 мм.

Времетраење: 126 мин.

Производство: „Вардар филм – Скопје“, „Македонија филм – Скопје“

 

ВРЕМЕ, ВОДИ

Година на производство: 1980

Род: игран филм

Жанр: историско-социјална драма

Техника: виставижн

Лента: во боја, со звук, 35 мм.

Времетраење: 139 мин.

Производство: „Вардар филм – Скопје“, „Македонија филм – Скопје“

 

МАКЕДОНСКА САГА

Година на производство: 1993

Род: игран филм

Жанр: мелодрама

Техника: вајдскрин

Лента: во боја, со звук, 35 мм.

Времетраење: 113 мин.

Производство: „ТФРЗ ПЕГАЗ – Скопје“, „Вардар филм“ – Скопје

 

 

Бранко Ивановски Гапо е една од најзначајните личности на сцената на современата македонска култура. Пред сè, филмски режисер, но и телевизиски и театарски режисер, режисер на бројни радиодрами…

Гапо беше волшебник, сонувач, истражувач и затоа македонската култура имаше среќа што во своите пазуви загрна автор кој континуирано, без остаток, му припаѓаше на светот на уметноста (пред сè, на светот на подвижните слики), творец кој се однесуваше знаејќи дека да се фантазира значи да се истражува, да се истражува значи да се создава, а да се создава значи да се ПОСТОИ! Што би се рекло, немирниот дух на Гапо фантазираше, истражуваше и создаваше и со тоа му овозможи да ПОСТОИ.

Во сиот негов творечки опус ја откриваме експлозијата на вознемиреност, на емоции, на инспирација, нешта што не му дозволија на Гапо да вплови (како некои негови колеги) во мирните води на творечки конформизам и да им се приклони на конвенционалната и комерцијалната форма. Напротив – неговата работливост, неговиот ентузијазам, неговиот талент распослан до бескрај, му овозможија да биде еден од најплодните македонски синеасти.

 

Превземето го Буклетот за DVD – Бранко Гапо