Филмските пионери на Балканот

Браќата Милтон и Јанаки Манаки

Времетраење / Running Time: 70 мин.

Екран / Picture Format: PAL 4:3

Боја / Playback Mode: PAL – црно-бел / Black and White

Аудио формат / Audio Format: Неми филмови / Mute

Зона / Zone: Сите региони (0) / All Regions (0)

ДВД изданието содржи 42 филмски записи од пионерскиот период на филмот во Македонија и на Балканот.

Претставува, можеби, своевиден парадокс тоа што една уметност каква што е филмот, која се базира врз развиена техничка база, заживеала толку рано во една претежно неразвиена средина, каква што е македонската на почетокот на ХХ век. Но, при тоа, треба да се истакне, дека на почетокот на векот во Македонија како крстопат меѓу Исток и Запад, започнува да циркулира не само капитал, туку и луѓе со нови идеи. Браќата Манаки, својот епохален филмски експеримент го реализираа во Битола, која во тоа време во вистинска смисла е европски град, со своја автохтона архитектура, со свои конзуларни институции, но и со европски идеи и луѓе кои живеат и дејствуваат во оваа тогашна балканска метропола.

Ова ДВД издание е збирка на комплетниот снимателски (авторски) труд (реализиран со филмска камера производство на компанијата “Charles Urban Trading” и тоа 300-тиот примерок од серијата BIOSCOPE) на браќата Манаки кој започнал на почетокот на 20-тиот век и завршил некаде пред Втората светска војна.

Цена:

1200 ден. (метална кутија)

600 ден. (пластична кутија)