Во пресрет на одбележувањето на 30-годишнината од излегувањето на првиот број на КИНОПИС, издание на Кинотеката на Македонија, ви го претставуваме најновиот број на единственото специјализирано списание за историјата, теоријата и културата на филмот и на другите уметности во Македонија.

КИНОПИС бр. 53-53 во рубриката Македонска филмска сцена ги рецензира трите нови достигнувања на младите македонски режисери-дебитанти Даријан Пејовски, Вардан Тозија и Ѓорче Ставрески. За овие три филма пишуваат критичарите Златко Ѓелески (ТРАУМИТЕ ОТВОРААТ ДЛАБОКИ РАНИ / осврт кон филмот ТРИ ДЕНА ВО СЕПТЕМВРИ на Даријан Пејовски, 2015); Дамјана Патчева („ПАЦОВ“ – ИЛИ ЏГАНОТ НА ОПШТЕСТВОТО КОЕ ПОТФРЛА / осврт кон филмот ЏГАН на Вардан Тозија, 2016); и Ивица Дуковски (СВРТИ НА „М“ ЗА СРЕЌЕН КРАЈ /осврт кон филмот ИСЦЕЛИТЕЛ на Ѓорче Ставрески, 2017).

Во истата рубрика се и освртите на македонските филмски фестивали БРАЌА МАНАКИ во Битола и КИНЕНОВА во Скопје на Тони Димков (СМИНУВАМЕ КАПА ВО ЧЕСТ НА КРЕАЦИЈАТА НА МАЈСТОРИТЕ НА ФИЛМСКАТА ФОТОГРАФИЈА / за 39. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола, 2018; и РЕАЛНОСТА РЕЖИРА, НИЕ СНИМАМЕ ФИЛМОВИ / за 9. издание на Фестивалот на креативен документарен филм МакеДокс, 2018), како и на Сунчица Веселиновска: КИНЕНОВА, ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ КОЈ СОЗДАВА ПРОСТОР ЗА НОВИТЕ СВЕТСКИ АВТОРИ / за третото издание на Меѓународниот филмски фестивал на дебитантски филм КинеНова, Скопје, 2018.

М-р Игор Старделов во рубриката ФЕСТИВАЛИ НА СТАРИ ФИЛМОВИ пишува за фестивалот во Порденоне: НЕДЕЛА НА МЕЛОДРАМАТА / за 37. Фестивал на немиот филм GIORNATE MUTO – Порденоне, 2018.

Во рубриката СТУДИИ се поместени новите текстови на Д-р Атанас Чупоски: ХРОНОТОПOT ВО ЈАДИТАЈНАТА КНИГА“ / компаративна филмолошка студија за филмскиот хронотоп во филмовите ЈАД (Кирил Ценевски, 1975) и ТАЈНАТА КНИГА (Владо Цветановски, 2006); и на М-р Саша Станишиќ: МАЛИТЕ ТАЈНИ НА ГОЛЕМИТЕ ФИЛМСКИ КЛАСИЦИ: МИКЕЛАНЏЕЛО АНТОНИОНИ И ВЕРНЕР ХЕРЦОГ / филмолошка студија за креативните поетики на филмските класици Микеланџело Антониони и Вернер Херцог.

Д-р Татјана Пецер во рубриката АНАЛИЗИ прави културолошка анализа на балканската кинематографија од почетокот на овој век, во текстот КАКО ЛОШ СОН – ПОЛИТИКАТА НА ТРАУМА ВО БАЛКАНСКАТА КИНЕМАТОГРАФИЈА, а М-р Гани Мехметај прави анализа на рецентната состојба на косовската кинематографија во текстот КОСОВСКАТА КИНЕМАТОГРАФИЈА ПОМЕЃУ АМБИЦИИТЕ И ФИНАНСИСКИТЕ (НЕ)МОЖНОСТИ.

Али Озујар во текстот ИСТОРИЈА НА ТУРСКИОТ ФИЛМ ОД НЕМАТА ЕРА (1895 – 1922): „Филмската продукција во периодот на втората уставна ера“ прави историски преглед на турскиот нем филм од периодот на втората уставна ера.

Борис Ноневски во текстот ФОТОГРАФИИ ОД МАКЕДОНИЈА НА ПРВАТА СЕРУСКА ЕТНОГРАФСКА ИЗЛОЖБА ВО МОСКВА ВО 1867 ГОДИНА прави историско-аналитички преглед на фотографските материјали од Македонија на Првата серуска етнографска изложба во Москва, 1867 г.

Филмофилите можат да го набават својот примерок од најновиот број на КИНОПИС на билетарата на кинотечната сала во Кинотеката на Македонија.

Leave a comment