Режисерот Сенад Абдули го промовираше неговиот документарен филм ЗОШТО ЈАС?, според сценариото на Салејдин Салихи.
ЗОШТО ЈАС? ја третира несреќата во Чернобил, која била најголемиот инцидент во историјата на нуклеарните централи и до денес единствен случај на седми степен на нуклеарен настан според Меѓународната скала на нуклеарни настани.

Абдули и Јанкуловски на промоција на документарниот филм ЗОШТО ЈАС?

Настанот имал голем ефект врз целиот свет, вклучително и врз Балканот. Во Македонија несреќата влијаела врз животите на луѓето на различен начин.

Сцена од филмот ЗОШТО ЈАС?

Документарниот филм ЗОШТО ЈАС? ја истражува несреќата во Чернобил преку интервјуа со лица погодени од зрачењето. Документарецот ги илустрира негативните ефекти на нуклеарното зрачење и неговите последици кои не признаваат боја, нација или религија.
Директор на фотографија получасовниот документарец е Роберт Јанкуловски, монтажата е на Лазар Секуловски, а музиката на Бајрам Чупи.

Leave a comment