Краткиот игран филм „Татко“ на режисерот, сценарист и продуцент Светозар Ристовски ја доживеа премиерата во преполната сала на Кинотеката.

Светозар Ристовски, Владо Јовановски и Иван Даниловски

Авторот на успешните и наградувани долгометражни играни филмови „Илузија“ и „Лазар“ овојпат низ кратката форма – работена според расказот на Мајкл О’Конгили (Micheal O’Conghaile) – во која играат Владо Јовановски и натуршчикот Иван Даниловски, раскажува современа приказна. Петнаесетминутната дуодрама се случува во трошната куќарка во некое зафрлено планинско село и говори за шокот што го доживува таткото (Јовановски) кога неговиот син (Даниловски) му соопштува дека е хомосексуалец…

Сработен во минималистички манир, „Татко“ е горчлива приказна, проткаена со црн хумор, за судирот на личниот (сексуален) избор во патријархалното окружување.

По проекцијата на филмот

Кинематографер е Дејан Димески, монтажата е Атанас Георгиев, а дизајнот на звук на Игор Поповски.

Leave a comment