Врз основа на член 77-а, став 1, 2 и 5, член 77-б, член 77-в, став 1, член 77-г, член 77-д, член 77-ѓ од Законот за културата (Сл.весник на РМ бр.31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/10, 47/11, 51/11, 136/12, 23/13, 187/13, 44/14, 61/15, 154/15, 39/16, 11/18 и 11/18), член 20-г од Законот за вработените во јавниот сектор (Сл.весник на РМ бр.27/14, 199/14, 27/16 и 35/18) член 22 и член 23 од Законот за работните односи (Сл.весник на РМ бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 149/09, 50/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15 и 27/16), Правилникот за формата и содржината на јавниот оглас и на пријавата за вработување, како и начинот на бодување во зависност од категоријата и нивото на работно место за кое е објавен јавниот оглас бр. 01-688/1 од 19.06.2018 година, Правилникот за пополнување на работни места за даватели на јавни услуги и лица од помошно-технички кадар во НУ Кинотека на Македонија, бр.01-689/1 од 19.06.2018 година, донесени согласно Правилникот за задолжителните елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор преку вработување и на Пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор (Сл.весник на РМ бр. 34/15), Известувањето од Министерството за финансии за обезбедени финансиски средства за вработување на лица на неопределено време, за 2019 г. во НУ Кинотека на Македонија,  бр.18-1258/2 од 31.01.2019 г. (наш бр.04-20/2 од 05.02.20219 г.),  Националната установа Кинотека на Македонија,  објавува

 

 

ЈАВЕН ОГЛАС бр. 01/2019

за вработување на неопределено работно време за 5 (пет) лица даватели на услуги

 

Националната установа Кинотека на Македонија објавува оглас за вработување на 5 (пет) лица на следните позиции:

 

I. 5 (пет) даватели на услуги

  1. КУЛ 03 04 Д03 005; Стручен соработник во заштитата на културното наследство; Филмолог;…………………………….. (3) тројца извршители
  2. КУЛ 03 04 Д03 005; Стручен соработник во заштитата на културното наследство; Филмолог-соработник за филмска дејност од областа на духовното наследство; ………………………………….. (2) двајца извршители

 

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови:

– Да е државјанин на Република Северна Македонија,

– да е полнолетен

– да има општа здравствена способност за работното место и

– со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови за работното место под реден бр. I. точка 1:

– 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен од Наука за книжевноста, Историја на уметноста или Драмски уметности

– Работно искуство до 1 (една) година работно искуство

Посебни услови за работното место под реден бр. I. точка 2:

– 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен од Историски науки, Филозофија или Теологија

– Работно искуство до 1 (една) година работно искуство

Распоред на работно време за реден број I точка 1 и 2 :

                – работни денови                                                                                понеделник-петок

– работни часови неделно                                                               40

– работно време                                                                 од  8,00 до 16,00

Паричен нето износ на плата

– за реден број I точка 1 и2                                              24.172,00 денари

НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2019 година се:  Албанец 4, Турци 1, Роми 1, Срби 1

Кандидатите за вработување се пријавуваат на јавниот оглас преку пополнување на пријава и приложување на докази за исполнување на условите за работното место. Пријавата за вработување кандидатите можат да ја подигнат во НУ Кинотека на Македонија или на WEB-страната на Кинотеката (kinoteka.mk)

 

Кандидатите кон пријавата треба да приложат во оригинал или заверени на нотар:

– Уверение за државјанство

– Доказ за општа здравствена способност за работното место/ Лекарско уверение

– Доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност/ Уверение дека не е изречена казна забрана за вршење професија, дејност, должност

– Доказ за завршено образование / Диплома за завршен степен на образование кое се бара за работното место

– Доказ за работно искуство

 

                Јавниот оглас трае 15 дена од денот на неговото објавување во дневниот печат.

Пријавата со комплетните документи кандидатите можат да ја достават директно во архивата на Кинотеката заклучно со последниот ден до 15,00 часот или по пошта во затворен плик со назнака „За јавен оглас за вработување бр.01/2019“ на адреса НУ Кинотека на Македонија, ул.Никола Русински, бр.1, Скопје.

Селекцијата и интервјуто (писмен и устен дел) на пријавените кандидати ќе ги спроведе надлежна Комисија формирана за спроведување на постапка за вработување.
Пријавените кандидати ќе бидат навремено известени за времето и местото на одржување на интервјуто. Ненавремена, нецелосна и некомплетна пријава и документација нема да биде предмет на разгледување од страна на Комисијата.

 

Изборот на кандидатите ќе се изврши во рокот определен во член 23 став 2 од Законот за работни односи.

 

 

                                                                                                            Директор

                                                                                                   Владимир Ангелов

 

Пријава за јавен оглас – Кинотека на Северна Македонија

Leave a comment