По повод 57 годишнината од скопскиот земјотрес, на 26 јули (недела) со почеток во 21:00 ч. Кинотеката на Македонија и Македонскиот центар за фотографија ве покануваат на премиерното прикажување на два документарни филмови:
“Првата светска војна, сеќавања” (WW1 REMEMBERING), 30 мин. на авторот Роберт Јанкулоски;
и “Преживеани спомени” (Surviving Memories) 36 мин. на авторите Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска.
На проекцијата ќе се обрати амбасадорката на Швајцарија во Република Северна Македонија, Н.Е. Сибил Зутер Техада (Sybille Suter Tejada).
Влезот е слободен.
“Првата светска војна, сеќавања” е посветен на македонскиот фронт и на жртвите од Првата светска војна. Филмот е сниман во Македонија, Србија и Швајцарија, а финансиски е поддржан од амбасадата на Швајцарија во Република Северна Македонија.
Филмот “Преживеани спомени” е дел од проектот “Фотографијата сведок или жртва” реализиран од страна на МЦФ во 2014 година, во кој осум наши сограѓани евоцираат спомени како го преживеале земјотресот од 1963 година и што е она што засекогаш ќе го паметат од тоа летно утро. Филмот е направен како дел од покомплексна уметничка инсталација и за прв пат се проектира надвор од поставката.
Овој проект беше финансиран од Амбасадата на Холандија во Северна Македонија.
Кинотеката ги воведе следниве правила за Ваша и наша безбедност:
– Задолжителна дезинфикација на рацете при влез во дворот и објектот
– Задолжително носење на маска или заштита преку устата и носот
– Задолжително одржување на дистанца додека се следи проекцијата
– Пушењето за време на проекција е непожелно
– Забрането е внесување на пијалоци (алкохолни и безалкохолни)
Ве очекуваме…
Leave a comment
Мора да се пријавите за да испратите коментар.