Среќната нова кинематографија

Столе Попов

ЦРВЕНИОТ КОЊ

Година на производство: 1981

Род: игран филм

Жанр: историски

Техника: вајдскрин

Колор, со звук, 35 мм.

Должина: 3.470 мет.

Времетраење: 124 мин.

Производство: „Вардар филм“ – Скопје, „Македонија филм“ – Скопје

 

ЏИПСИ МЕЏИК

Година на производство: 1997

Род: игран филм

Жанр: мелодрама

Техника: стандард

Колор, со звук, 35 мм.

Должина: 3.620 мет.

Времетраење: 135 мин.

Производство: „Вардар филм“ – Скопје

 

СРЕЌНА НОВА ’49

Година на производство: 1986

Род: игран филм

Жанр: психолошки

Техника: вајдскрин

Колор, со звук, 35 мм.

Должина: 3.500 мет.

Времетраење: 125 мин.

Производство: „Вардар филм“ – Скопје, „Македонија филм“ – Скопје, „Градски кина“ – Скопје, „Унион филм“ – Белград

 

ТЕТОВИРАЊЕ 

Година на производство: 1991

Род: игран филм

Жанр: драма

Техника: стандард

Колор, со звук, 35 мм.

Должина: 3.580 мет.

Времетраење: 128 мин.

Производство: „Вардар филм“ – Скопје, Македонска Радио Телевизија

 

ДАЕ

Година на производство: 1979

Вид: документарен филм

Техника: стандард

Колор, со звук, 35 мм.

Должина: 460 мет.

Времетраење: 16 мин.

Производство: „Вардар филм“ – Скопје

 

АВСТРАЛИЈА, АВСТРАЛИЈА

Година на производство: 1976

Вид: долгометражен документарен филм

Техника: вајдскрин

Колор, со звук, 16 & 35 мм.

Должина: 2.860 мет.

Времетраење: 82 мин.

Производство: „Вардар филм“ – Скопје

 

ОГАН

Година на производство: 1974

Вид: документарен филм

Техника: стандард

Колор, со звук, 35 мм.

Должина: 320 мет.

Времетраење: 12 мин.

Производство: „Вардар филм“ – Скопје

 

Една од основните задачи на Кинотеката на Македонија е филмовите од националната продукција трајно да ги заштити и да ги направи достапни на широката културна јавност.

За таа цел, во 2011 година, во годината кога Кинотеката го славеше својот 35-годишен јубилеј, за прв пат реализиравме проект за дигитална реставрација на македонски филмови.

Во проектот беа опфатени 7 филмови на режисерот Столе Попов, играните ЦРВЕНИОТ КОЊ, СРЕЌНА НОВА ’49, ТЕТОВИРАЊЕ и GIPSY MAGIC, и документарните филмови ОГАН, АВСТРАЛИЈА, АВСТРАЛИЈА и ДАЕ.

Дигиталната реставрација се работеше во фирмата “RESTART Production” од Љубљана, Република Словенија.