НУФЦ „Вардар Филм-Скопје“ започнува со реализација на вториот проект „Тајните филмски архиви на градот“, со подршка на Град Скопје и во соработка со Кинотеката на Македонија.

Проектот се состои од прибирање на 8 милиметарски ленти преку јавен повик до граѓаните кои во своите домови сеуште чуваат вакви материјали. На овој начин, тие ќе ги зачуваат своите спомени и ќе бидат дел од втората приказна на Тајните архиви. Мора да истакнеме дека филмската лента има свој „век“ на траење и единствен начин да се зачуваат материјалите би биле преку дигитализација на истите. По процесот на дигитализација, се преминува кон монтажа на краток документарец за Скопје. Целта ни е да собереме материјали на кои можеме да ги видиме Стара Чаршија, Кале, Кермес, Дебар Маало…

Граѓаните кои имаат 8мм ленти, можат да ги донесат своите материјали во НУФЦ „Вардар Филм Скопје“ на ул. „8 Март“ бр. 4, или да ја исконтактираат Катерина Габунија, одговорна за проектот.

Leave a comment