По повод промоцијата на новото ДВД издание на Кинотеката, од оваа сабота Cinesquare ќе ја прикажува филмската црно-блеа класика ТРИ АНИ на хрватскиот режисер Бранко Бауер [LINK].

Оваа 93-минутна (мело)драма својата премиера ја имаше во 1959 година, но неодамна беше дигитално реставрирана во соработка со Хрватската кинотека. Приказната за железничарот Марко Петриќ (Душан Стефановиќ) кој залудно се надева дека по војната ќе ја најде и препознае својата исчезната ќерка Ана беше реализирана по сценарио на Слободан Глумац, а продуцентската куќа „Вардар филм“ од Скопје состави екипа од филмски работници од цела тогашна Југославија. Некои од нив, како актерите Душан Јаниќиевиќ и Јанез Врховец, режисерот Миомир Мики Стаменковиќ и костимографот Мира Глишиќ ќе остават подлабока трага во македонскaта кинематографија и ќе потпишат уште неколку играни филмски проекти за „Вардар филм“.
Во улогите на трите Ани, односно младите жени меѓу кои железничарот Марко ја бара својата ќерка, настапуваат Дубравка Гал, Марија Кон и Светлана Мишковиќ.
Повелете на филм.  [LINK].

Leave a comment