Гости на првиот Фестивал на современи ирански и македонски филмови во Кинотеката беа авторите Сејед Маџид Реза Мостафави, режисер, Марџан Мехраби, асистент на режија, на филмот АСТИГМАТИЗАМ; Алиреза Мотемеди, режисер на филмот РЕЗА, и Сејед Мохамад Али Саџади Лариџани, режисер на филмот РАЗВОД ЗАРАДИ МАЧКИ.

Тие беа присутни на проекциите на нивните филмови, публиката беше повеќе од расположена за разговор со нив. Секако, авторите стрпливо одговараа на прашањата за нивните инспирации, авторски постапки, режисерски видувања и сите останати финеси во правењето филмови…

Кинотеката и амбасадата на Иран во Скопје на режисерите Мостафави, Мотамеди и Саџаи им доделија и благодарници за нивното учество на овој фестивал кој ги обединува филмската уметност и културите на двете земји.

фотографии: Лидија Христова

Leave a comment