Денес на 69-годишна возраст почина филмскиот, театарски и ТВ актер, продуцент и професор на ФДУ во пензија Данчо Чевревски.

Чевревски во една од неговите последни улоги: сцена од „Втора шанса“

Данчо (Јорданчо) Чевревски дипломирал на ФДУ во Скопје на отсекот за драмски актери. Актерство на филм усовршувал на Универзитетот УКЛА во Лос Анџелес, САД. Бил и декан на ФДУ.

Глумел во десетици македонски и југословенски филмови: 1975 АТЕНТАТ ВО САРАЕВО, актер, игран, Јадран филм Загреб, Кинема Сараево, Центар ФРЗ Белград, Студио Барандов Прага; 1981 ДОРОТЕЈ, актер, игран, ЦФС Кошутњак Авала филм Београд; 1981 ИЗЛЕТ ВО ТОПОЛА (PIKNIK U TOPOLI), актер, игран, РЗСФР Филм 80 Београд, Арт филм Београд, Унион филм Београд, Морава филм Београд, Инекс филм Београд; 1983 ИГМАНСКИ МАРШ, актер, игран, Центар филм Београд; 1983 ГОЛЕМИОТ ТРАНСПОРТ (VELIKI TRANSPORT), актер, игран, Неопланта филм Нови Сад, Sherwood Production и Инковент Лос Ангелес, Lanterna Editrice Рим; 1984 ОПАСНА ТРАГА (OPASNI TRAG), актер, игран, Центар филм Београд, Зета филм Будва, Виба филм Љубљана, Македонија филм, Вардар филм; 1986 ДОБРОВОЛЦИ (DOBROVOLJCI), актер, игран, Зета филм Будва, Дунав филм Београд, ТВ Титоград; 1990 СТАНИЦА НА ОБИЧНИ ВОЗОВИ (STANICA OBIČNIH VOZOVA), актер, игран, Центар филм Београд, ТВ Сараево…

Македонска филмографија на Чевревски:

1976: Најдолгиот пат ( Главна улога, )
1977: Пресуда ( Главна улога, )
1980: Оловна бригада ( Главна улога, )
1981: Црвениот коњ ( Главна улога, )
1982: Јужна патека ( Споредна улога, )
1984: Нели ти реков ( Главна улога, )
1987: Хај-фај ( Главна улога, )
1991: Тетовирање ( Главна улога, )
1997: Џипси меџик ( Продуцент, Главна улога, )
2004: Илузија ( Споредна улога, )…

Од понов датум се и неговите улоги во филмовите Панкот не е мртов (2008) на Владимир Блажевски, Деца на сонцето (2014) на Антонио Митрикески, Втора шанса (2019) на Марија Џиџева, а како еден од основачите на продукциската куќа „Триангл“ ги продуцирал и филмовите на Столе Попов, Џипси меџик и До балчак.

Добитник е на повеќе награди: 1978 Годишна награда на весникот МЛАД БОРЕЦ – Скопје / „Најдолгиот пат“; 1981 Сојузна награда Седум секретари на СКОЈ / „Црвениот коњ“; 1987 Годишна награда за најдобро актерско остварување на ревијата ЕКРАН – Скопје / „Хај-Фај“…

Погребот на Чевревски е закажан за утре, исклучиво во кругот на семејството, согласно протоколите за заштита од ковид-19.

На 7 ноември (сабота) со почеток во 18:00 часот на кинотечната програма е филмот „Хај-фај“ на Владимир Блажевски, еден од петте дигитално реставрирани филмови македонски играни филмови објавени на ДВД носач. Чевревски во „Хај-фај“ оствари една од неговите позначајни филмски улоги.

Leave a comment