На 12 МАЈ (ЧЕТВРТОК), со почеток во 15:00 ч., на кинотечната програма е филмот СМЕНАТА (The Shift), дебитантско дело на италијанскиот автор Алесандро Тонда (Alessandro Tonda). 

Филмот говори за терористички напад на исламисти во училиште во Брисел.

СМЕНАТА

(The Shift)

Игран филм, Италија / Белгија

2021, 83 мин., колор, ДЦП

Режија: Алесандро Тонда (Alessandro Tonda)

Сценарио: Давиде Орсини, Алесандро Тонда (Davide Orsini, Alessandro Tonda)

Улоги: Клотилд Хесме, Адамо Диониси, Адам Амара, Јан Хаменекер, Стив Дризен, Џемел Барек, Мирием Акедиу (Clotilde Hesme, Adamo Dionisi, Adam Amara, Jan Hammenecker, Steve Driesen, Djemel Barek, Myriem Akheddiou)

Динамичен акционен филм чија сторија говори за терористички напад на исламисти во училиште во Брисел. Автобусот полн со адолесценти кои разговараат за девојки, забави и испити пристигнува до влезот на нивното училиште. Во влезниот хол, каде што се среќаваат со своите пријатели, се шегуваат и се смеат заедно. Но, некој не го дели нивниот безгрижен израз.

Набргу потоа се случува експлозија. Реферирајќи на три терористички напади во главниот град на Белгија кои се случија на 22 март 2016 годинафилмот се фокусира на случките непосредно по експлозијата и трите лика  двајца болничари и рането 16-годишно момче. Двајцата болничари не се свесни дека под облеката на момчето се наоѓа појас со експлозиви дека тоа е наредниот бомбаш-самоубиец, па го ставаат во амбулантното возило и тргнуваат кон болницата. Кога ќе дознаат, веќе е доцна: младиот муслиман веќе се освестили, иако исплашен и физички слаб, има намера да ја изврши својата мисија до крај, со едноставно притискање на копчето на појасотЗа трите лица во амбулантното возило започнува незапирливо возење од една до друга блокада во градот во состојба на црвена тревога. Двајцата болничари земени како заложници се принудени да се однесуваат како сè да е в ред и му пружаат итна помош на момчето, додека одредот за борба против тероризмот ја распоредува сета своја сила за да ги лови преживеаните потенцијални бомбаши-самоубијци.

Играното деби на Алесандро Тонда учествуваше во официјалната селекција на 15-тиот Римски филмски фестивал 2020.

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: 100 денари