Со живописниот танц во духот на индонезискиот фолклор како вовед, вечерва во Кинотеката беше отворен Филмскиот викенд на Индонезија.

На двете вечери посветени на современата индонезиска кинематографија во Кинотеката ќе бидат прикажани два филма, ЗИАРА (Ziarah) и ПРЕКРАСЕН ЖИВОТ (Wonderful Life)

Почесниот конзул на Република Индонезија во Македонија, д-р Сашко Кедев, ги поздрави присутните гости, членови на дипломатскиот кор и филмофили, и го претстстави кроки портретот на модерна Индонезија како четврта земја по големина во светот со брзорастечка економија, посочувајќи го нејзиното мултикултурно општество како пример за складни односи меѓу различни етноси и култури.

Вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Индонезија во Република Северна Македонија, со седиште во Софија, Н.Е. Иван Богананта го посочи овој филмски викенд како можност филмовите да ги третираме не само како забава, туку и како културна дипломатија која зближува различни земји и култури. 

Програма на филмскиот викенд на Индонезија:  

14 МАЈ (САБОТА), 18:00 ч.

ЗИАРА

(Ziarah)

Игран филм, Индонезија

2016, 97 мин., колор, ДЦП

Режија: Б.В. Пурба Негара (B.W. Purba Negara)

Сценарио: Б.В. Пурба Негара (B.W. Purba Negara)

Улоги: Понко Сутијем, Рукман Росади, Леџар Суброт (Ponco Sutiyem, Rukman Rosadi, Ledjar Subrot)

 

Мбах Шри (95) го бара гробот на својот сопруг, кој е исчезнат за време на индонезиската национална револуција и го нема со децении, со една едноставна цел: сака да почива во мир покрај сопругот. Попатно, нејзиниот внук ја бара низ разни разговори со други селани со кои се среќава. Приказните и извештаите за раселените се вкрстуваат една во друга, нудејќи различни парчиња од истото минато на кое е изградена самата земја низ која се бараат…

Филмот на Негара победи на фестивалите ASEAN International Film Festival and Awards и Salamindanaw Asian Film Festival и беше номиниран за најдобар филм на националниот Festival Film Indonesia.

 

Возрасна категорија: за сите возрасти 

Влезница: 100 денари

 

 14 МАЈ (САБОТА), 20:00 ч.

ПРЕКРАСЕН ЖИВОТ

(Wonderful Life)

Игран филм, Индонезија

2016, 79 мин., колор, ДЦП

Режија: Агус Маки (Agus Makkie)

Сценарио: Џени Јусуф, Амалија Прабово (Jenny Jusuf, Amalia Prabowo)

Улоги: Атика Хасихолан, Синио Риза, Лидија Канду (Atiqah Hasiholan, Sinyo Riza, Lydia Kandou)

 

Амалија живее со Акил, нејзиното единствено дете. Како што расте Акил, за него се проценува дека има дислексија.

Амалија решава да најде лек за Акил. Нивното патување ја соочува Амалија со многу неочекувани работи: нејзините внатрешени конфликти и трауми, како и постојаната потреба да го докажува својот статус на мајка.

Амалија размислувала да контролира сè, но сега сфаќа дека нема контрола над нејзиниот свет и над Акил. Светот во очите на Акил е место богато со бои и полно со интересни работи, каде што сè е можно во секое време. Амалија мора да се откаже од својот крут црно-бел свет и да се соочи со најлошата можност во нејзиниот живот: да го изгуби Акил.

ПРЕКРАСЕН СВЕТ е екранизација на истоимениот роман, а во 2016 забележа три номинации за награди на националната филмска смотра Festival Film Indonesia.

 

Возрасна категорија: за сите возрасти

Влезница: 100 денари