На 30 ноември и 1 декември, гости во Кинотеката беа учениците од приватното основно училиште „Јахја Кемал“, и низ разговор со филмолозите Лидија Кировска и Арсим Лесковица, се запознаа со работата на Кинотеката.

Во киносалата на Кинотеката, филмолозите и учениците разговараа за филмот и филмскиот материјал, а зборуваа и за начините на дигитализација и реставрација на филмското богатство.

Филмологот Лидија Кировска зборуваше за организациската поставеност на Кинотеката и работата на сите три одделенија: Одделението за прибирање, заштита, обработка, чување на аудиовизуелни  добра и филмска документација (пишувана и фотофотографска документација и музејски експонати), Одделението за истражувачка, издавачка, библиотечна, меѓународна, јавна дејност и филмска програма и Одделението за административно, правни работи, човечки ресурси и материјално финансико работење. Додека пак,  филмологот Арсим Лексковица на младите посетители им ја објасни работата на одделението за прибирање, заштита, обработка, чување на аудиовизуелни  добра и филмска документација.

На крај на посетата – сите заедно ги посетија филмските депоа и специјалните комори на Кинотеката, каде што се чуваат филмските ленти и останати материјали, и зборуваа за 35-милиметарската филмска лента – и проследија една контролна сесија за преглед на филмската лента. Освен тоа, тие ја видоа и колекцијата на дигитални филмски медиуми каде што се чуваат задолжителни дигиталните копии од  филмовите од македонска продукција