На 17 март (петок) со почеток во 20 ч. во галеријата на Кинотека ќе биде отворена изложбата Mobile phone art на Душан Ристовски.
Пионерот на овој фотографски стил кај нас ќе изложи 30 дела и ќе ја претстави лимитираната едиција од 20 дигитални принтови на капафокс со рамка.
Ристовски досега изложувал на десетина значајни фотографски настани во светот, Виена, Базел, Марбеља и Доха (каде одржал и мастер-клас) меѓу останатите.
Со mobile phone art започнал пред шест години, чепкајќи по програми за преработка на фотографии на мобилен. Од програми користи Рhotogrid, Тoolwiz Photos Рro, Мirror Lab Рro.
Изложбата ќе биде отворена до 2. април годинава.