“Танц со Киното 2” е интердисциплинарна филмска работилница во соработка со Кинотека на РС Македонија. Во оваа работилница може да се вклучи секој оној кој има желба да се изрази визуелно, без разлика на професионалниот „бекграунд“. Максималниот број на учесници во “Танцот со Киното 2” е 20, а може да се пријави секој оној што е полнолетен и има идеја за краток филм. Во рамки на работилницата, освен менторски часови по сценарио, режија и монтажа, ќе биде обезбедена и сета потребна техничка филмска опрема за реализација на Вашите филмски идеи.

Започнуваме на 27 ноември, понеделник, а пријавувањата се во тек на Writing Studio mk.