„Танцот со Киното 2“ е интердисциплинарна филмска работилница во соработка со Министерството за Култура и Кинотека на РСМ. Нејзина примарна цел е да го повика секој оној кој има желба да се изрази визуелно, без разлика на професионалниот background.
Имено, максималниот број на учесници во “Танцот со Киното 2” е 20, а може да се пријави секој што е полнолетен и има идеја за краток филм.
Во рамки на работилницата, освен менторски часови по сценарио, режија и монтажа, ќе биде обезбедена и сета потребна филмска опрема за реализација на Вашите идеи.
Пријавување на dimitarbanov@gmail.com.
Започнуваме на 12 Јуни, пријавувањата се во тек.
Ве очекуваме!