Ирскиот филмски институт (Irish Film Institute /IFI)објави дека од 15 април (четврток) до 22 април филмофилите ќе имаат можност бесплатно онлајн да ја видат дигитално рестраврираната верзија на  ТАА НЕ РЕЧЕ НЕ! (She Didn’t Say No!) во рамките на „Сезоната на класични филмови“.

Филмот може да се погледне на интернет сајтот на Ирскиот филмки институт (ИФИ), а достапен за гледање е и на мобилни уреди (IFI Player suite of apps).

ТАА НЕ РЕЧЕ НЕ! Е филм на Сирил Френкел (Cyril Frankel) од 1958 година (97 мин., колор, 35 мм). Сценариото е на Ти Џеј Морисон (T.J. Morrison), според новелата на Уна Трој (Una Troy), а во главните улоги настапуваат Ејлин Херли, Перлита Нилсон, Вилфред Даунинг, Реј МекАнали, Џоан О’Хара, Џек МекГоуран, Хилтон Едвардс  (Eileen Herlie, Perlita Neilson, Wilfred Downing, Ray McAnally, Joan O’Hara, Jack McGowran, Hilton Edwards).

Оваа комедија снимена според романот „Ние сме седуммина“ (We Are Seven)на Уна Трој за животот на Бриџит Монаган, кројачка и мајка на шест вонбрачни деца од пет различни мажи е еден од најинтригантните филмови од архивот на Ирскиот филмски институт. Бриџит се обидува да го задржи својот начин на живот, каков и да е, додека, пак, татковците на нејзините шест деца се обидуваат да ја избркаат од малиот град. Нејзините деца се веќе во доба кога се обидуваат да се осамостојат, а поинаков живот, по можност исполнет со љубовна романса, бара и осамената Бриџит. Приказната е инспирирана од животот на Моли МекКарти  (Moll McCarthy), исто така мајка на повеќе вонбрачни деца.

Филмот е снимен во Корнвол, Англија, а актерите се Ирци од познатата театарска школа „Еби“ во Даблин (Abbey Theatre school).

Дигитализираната верзија на ТАА НЕ РЕЧЕ НЕ! е претставена заедно со воведот од раководителот на Архивата на ирскиот филм на МФИ, Касандра О’Конел (Kasandra O’Connell), во кој таа се осврнува на зачувувањето на филмот. Исто така, е прикажано и интервју со истражувачката Ен Батлер (Ann Butler) и нејзината ќерка, феминистичката историчарка Џин Дедерик (Jen Deaderick), за потеклото на филмската копија.

Батлер е биограф на авторката Уна Трој и за време на истражувањето за нејзиното творештвото во 2000 година ја најде копијата на филмот со дистрибутерите на Канал Плус (Canal Plus distributors) во студиото „Пајнвуд“ (Pinewood Studios), и ја алармираше филмската архива на ИФИ за нејзиното постоење. Филмот првично беше забранет од страна на ирските филмски цензори од морални причини, бидејќи се косел со догмата на католичката црква доминанта во Ирска во времето на создавањето и на романот на Трој и на филмот на Френкел, но речиси 4 децении подоцна се создадоа услови за филмот да ја доживе својата премиера во 2001 година.

Реставрираната копија на 35 мм филм беше дигитализирана во „Р3стор студија“ (R3store Studios) во Лондон. Дигитализацијата и прикажувањњето на овој филм е овозможено благодарејќи на иницијативата „Сезона на класични филкови“ (A Season of Classic Films) на Асоцијацијата на европските кинотеки (Association des Cinémathèques Européennes / ACE), со поддршка на програмата Креативна МЕДИА на Европската комисија (European Commission’s Creative MEDIA programme).

Оваа иницијатива, поддржана и од Кинотеката на Македонија, овозможува пристап до архивски филмови, поврзувајќи ја публиката со историјата на филмот и заштитата на филмското наследство.

 

Leave a comment