Во рамки на манифестацијата „Скопско лето“ во летното кино на Кинотеката ќе се одржи и добро-познатото КАФЕ КИНО. Ќе трае шест дена и тоа од 9-ти до 14-ти јули.
Кафе Киното ќе се одржи согласно протоколите за одржување на настани во летното кино „Мирно лето“ на Кинотека на С. Македонија, а билети ќе може да се купат на благајната на Кинотека на Македонија по фестивалска цена од 100 денари.
Програма за овогодишното КАФЕ КИНО:
09.07.2021 (петок): ВИКЕНД СО ТАТО
(ВИКЕНД СА ЌАЛЕТОМ, 2020) Србија
комедија / траење: 98 минути
сценарио и режија: Мирослав Момчиловиќ
улоги: Ненад Јездиќ, Бранко Видаковиќ, Катарина Радивојевиќ, Светлана Бојковиќ, Васа Вранеш…
10.07.2021 (сабота): ЗБОГУМ МОРОНИ
(ADIEU LES CONS, 2020), Шпанија
сценарио и режија: Алберт Дупонтел
улоги: Вирџини Ефира, Алберт Дупонтел, Николас Мари…
Филмот му е посветен на Тери Џонс од легендарната екипа
на „Монти Пајтон“.
11.07.2021 (недела): ШАРЛАТАН
(CHARLATAN, 2020), Чешка
историска драма / траење: 118 минути
режија: Агњешка Холанд
улоги: Иван Тројан, Јурај Лој, Јосеф Тројан, Јарослава Покорна…
12.07.2021 (понеделник): THE SUPERDEEP
(Kolskaya sverhglubokayа, 2017), Русија
хорор трилер / траење: 113 минути
косценарио и режија: Арсени Сјухин
улоги: Милена Радуловиќ, Сергеј Иванјук, Николај Ковбас…
13.07.2021 (вторник): ТВИСТ
(TWIST, 2021), Велика Британија
акциска драма / траење: 90 минути
режија: Мартин Овен
улоги: Роферти Ло, Мајкл Кејн, Сели Колет, Рита Ора…
ЛОНДОНСКИ КРАДЕЦ ПОРАСНА: Модерна верзија на класичната приказна за Оливер Твист…
14.07.2021 (среда): СЕЌАВАЊА ОД ИТАЛИЈА
(MADE IN ITALY, 2020), Италија/Велика Британија
комедија / траење: 94 минути
сценарио и режија: Џејмс Д’Арси
улоги: Лијам Нисон, Микел Ричардсон, Линдзи Данкан,
Јоланда Кетл…