Кинотека на Северна Македонија по прв пат ќе биде дел од проект во рамките на ЕРАСМУС +. Проектот е од областа на стручното образование и обуки  и е во соработка со Р. Бугарија, Германија и Холандија. Мобилната евтина дигитализација на винтиџ филмови односно MobiReel се однесува на хоризонталниот приоритет: „Обраќање на дигиталната трансформација преку развој на дигитална подготвеност, издржливост и капацитет“ преку „употреба на дигитални технологии во образованието, обуката, младите и спортот за настава, учење, оценување и ангажирање“ и преку „осврт кон дигитално образование“. Проектот произведува систем за управување со учење, онлајн алатки за оценување, дигитални филмови итн., кои се кохерентни со денешните тенденции за дигитално образование. Пристапот за обука на проектот се заснова на отворено и учење на далечина.

Дизајнирањето на содржината на образовната обука како единици од учењето и давањето можност за флексибилен пат низ единиците го прави учењето флексибилно и приспособливо.

MobiReel Erasmus+ проектот започна со одржување на 14 и 15 ноември 2022 г. на првиот транснационален партнерски состанок во Софија, Бугарија. Координаторот на проектот SCAS / СОКИ беше придружен од партнери од Народна библиотека „П. Р. Славејков“ – Бугарија, Erfgoedcentrum De Domijnen – Холандија, Zeutschel GmbH – Германија и Кинотека на Северна Македонија. Средбата се одржа во Националниот студентски дом во центарот на Софија. Беше разговарано за методологијата на проектот за евтина дигитализација на филмови, рамката за компетенции и развој на единици за обука. Исто така беа и направени планови за понатамошна соработка и развој на материјали за евтина дигитализација на филмовите како и презентација на овие технологии.

Следната работна средба ќе се одржи на крајот на февруари 2023 во нашата Кинотека.