Кинотека на Македонија е прогласена за едно од најдобрите арт кина во Европа според познатиот холандски блог „Spotted by locals“.

„Скопје има прекрасно арт-кино во кое се чувствувате како во Музеј на филмот. Кинотеката главно се фокусира на независниот филм и документарци. Речиси секој месец се одржуваат ретроспективи и филмски ревии посветени на филмови од одредена земја. Кинотеката е посветена на презентирање на суштинската филмска уметност“, се вели во статијата на блогот за Кинотеката, чиј автор е Бојана Трајковска.

На блогот се објавени водичи за 71 град креирани од локални жители кои пишуваат за нивните омилени места во градот. Во листата за најдобри арт-кина се вброени вкупно 52.

Основачите на блогот ги посетуваат сите градови и лично ги запознаваат локалците кои пишуваат за блогот и ги посетуваат локациите препорачани од нив.

На листата се најдоа и „Илегално кино“ во Белград, Кинотека во Љубљана, „Сабота“ во Приштина, Г8 во Софија, „Сине Македоникон“ во Солун и Кино Европа во Загреб. Во продолжение, погледнете ја целосната листа.

Leave a comment