На 21 август (петок) се навршува година дена од заминувањето на Мето Петровски, еден од најплодните и најпочитувани документаристи во македонската кинематографија.
Роден 1935 година во Иванчишта, Кичевско, по завршувањето на Филмската школа во Белград на отсекот за филмски сниматели работел како стажант во тогаш единствената продуцентска куќа во репбуликава – „Вардар филм – Скопје“. Набргу добил можност да ги доусоврши своите знаења на Филмскиот институт во Загреб, а паралелно со режијата, запишал и студии по југословенска литература.
Како режисер дебитирал со документарниот филм „Селидби“ (1965). Има реализирано преку 60 документарни и кусометражни филмови коишто се прикажувани на многу домашни и светски фестивали. Со документарниот филм „Вирово“ учествува на Филмскиот фестивал во Кан. Покрај работата на филм, тој има реализирано и преку 30 телевизиски емисии, од коишто се истакнуваат: „Петте револуционери“, „Иселување на Евреите од Битола“, „Прозивка на Бел камен“ и емисијата „Она што беше небо“. Емисијата во негова режија „Раѓање на муралот“ е прогласена за најдобра емисија на ЈРТ во 1987 година во својот жанр.
Во 90-те години Мето Петровски беше директор на „Вардар филм“ и претседател на Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ).
Во 2011 ја доби наградата Златен објектив која ја доделува Кинотеката на Република Северна Македонија за исклучителен придонес во македонската кинематографија.
Добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои и Златен медал во 1991 г. на белградскиот фестивал за филмот „Голгота“, Сребрен медал во 1976 г. во Белград за филмот „Вранешница“ и Бронзен медал на истиот фестивал во 1978 година за филмот „Подмолна сила“, Бронзен змеј во Краков повторно за филмот „Голгота“ и други.
Филмографија:
1961: Детето од колоната ( Асистент на режија, )
1961: 11 Oктомври 1941-1961 ( Асистент на режија, )
1961: Македонија 1941 ( Асистент на режија, )
1961: Твојот роденден ( Асистент на режија, )
1962: Вибрациони мотори ( Асистент на режија, )
1962: Бараме леб ( Организатор на снимање, )
1965: Денови на искушение ( Асистент на режија, )
1965: Селидби ( Режија, )
1966: Хроника на злетовските рудници ( Режија, )
1967: Македонска крвава свадба ( Асистент на режија, )
1967: Рудник „Саса“ ( Режија, Сценарио, )
1968: Вирово ( Режија, )
1969: Време без војна ( Асистент на режија, )
1969: Темно огледало ( Режија, )
1970: Крсте Петков Мисирков ( Режија, )
1970: Тито во Македонија ( Режија, Сценарио, )
1971: Тапанџии ( Режија, Сценарио, )
1971: Поле ( Режија, )
1972: Светлините на градот ( Режија, )
1973: Луѓе зад планината / Кичево 1971 ( Режија, Сценарио, )
1974: Столетие на прекалените ( Режија, Сценарио, )
1974: Скопски железнички јазол ( Режија, Сценарио, )
1974: VI Конгрес на СКМ ( Режија, )
1974: Сто години железници во Македонија ( Режија, Сценарио, )
1976: Вранештица ( Режија, Сценарио, )
1977: Очите мора да гледаат а срцето спие ( Режија, Сценарио, )
1977: Фабрика за акумулатори „Злетово“ ( Режија, Сценарио, )
1978: Подмолна сила ( Режија, Сценарио, )
1979: Голгота ( Режија, Сценарио, )
1980: Време, води ( Помошник на режија, )
1980: Најдрагиот учител ( Режија, Сценарио, )
1982: Ткаачки ( Режија, Сценарио, )
1982: Снимка за историјата ( Режија, )
1983: Отворен колосек ( Режија, Сценарио, )
1984: Тунел ( Режија, )
1984: Транспортен центар ( Режија, Сценарио, )
1985: Полноќни танцувачи ( Режија, Сценарио, )
1985: Автопат ( Режија, Сценарио, )
1985: Металски завод „Тито“ ( Режија, Сценарио, )
1985: Патишта во СР Македонија ( Режија, Сценарио, )
1988: Пчеларник ( Режија, )
1988: Сизиф ( Режија, Сценарио, )
1989: Да се остави трага ( Режија, Сценарио, )
1990: Календар ( Режија, )
1996: Стопанска Банка ( Режија, Сценарио)
Leave a comment
Мора да се пријавите за да испратите коментар.